Коронавирус (COVID-19)

  • Креатор на темата Креатор на темата Beginner
  • Време на започнување Време на започнување
не ми е тешко,само нејќам да сум наметлив,нели на некој им пречи новости од исток ))))
Еве денес за нарушување карантин,5 годони затвор без судење,самп со одлука на јавен обвинител))))

Да оставиме политика настрана, јас порадо би слушала како се справуваат со вирусот таму, него на западот. Пушти ги кењаторите, имаш тука луѓе кои чекаат да искоментираш нешто.
 
Толку беше. Имаа недела дена некоја лажна контрола над ситуацијата. Недисциплината игра исто така голема улога, али кога видоа уште пред некое време дека таа самоизолација не се почитува и дека се даваат лажни информации за тоа од каде доаѓаат, а тоа го имавме уште во првите случаи, требаше секој нареден што ќе стигне во земјава да иде во државен карантин, заедно се предходно стигнатите. Ова сега што се прави е многу закаснета мерка. Требаше и ние ко Србија, тупни ги у шатори на граница 15 дена, на леб, вода и паштета. На толку препораки да не се патува, на толку апели да не се враќаат ако имаат постојано живеалиште, знаејќи дека моменталоно и 3 месечната дозвола за престој е суспендирана, они решија да се варат и да не почитуваат ништо, па да го рашират вирусот на кој стигнат. Па уште господата лути, многу ги држеле на граница, не им се свиѓале условите. Све што е со бугарски пасош треба да си ги плати сите трошоци во државен карантин, а ако се позитивни на корона, да им биде понудено да одберат дали ќе се лекуваат во Бугарија и да ги истовари полиција н граница или ќе се лекуваат тука ама лекувањето да си го платат приватно, не на државна сметка.

Иначе, каква катастрофа ќе биде ако ја усвојат меркава за минималец на цела администрација. Знам дека на најголем дел од нас таа администрација ни е болна тема, пренатрупана, партиски ботови што ништо не работат, ама во ваква сериозна криза, кога цените на секој производ идат нагоре, ти да ставиш 2-300000 луѓе, од кои најголем дел се сиромашни, на минимални 14500 месечно, е погубно. Па само за сметки одат по 6000-8000 денари месечно, а каде е храна, средства за хигиена и слично. Во нормална ситуација со 30000 едвај се прогурува месец, а не во ваква ситуација кога се е поскапо. Лесно му е на Зоки, Мицко и остала багра министри, пратеници, директорчиња, ради некоја лажна солидарност да ги намалат нивните плати, а сите имаат приватни бизниси со кои го осакатија народов, го доведоа на просјачки стап во задњиве 30 години. Ќе го помагале приватниот сектор. Кој прватен сектор бе, вашите фирми, приватизирани за џабе, во кои народот работи за минималец? И во ваква криза гледаат да ја покрадат државата. Сакаш мерки, ќе зимаш од олигарсите ко Минчо, Орце, Чифлиганец, Вице, Мукаетов и слични кој на маката на овој народ направија милијарди.
 
Дисциплината и менталитртот е тоа што Кина толку брзо се справи со вирусот на нејзина територија, а и Русија и го следи чекорот.
А менталитетот на Италијаните, Шпанците и Америте скоро е еднаков на Балканците.
 
Сега некој да каже периодот на инкубација 14дена ли е одкако ќе се разболи? Или различно е?
Овие што се заболени кога би требало да се излечат ?
Ние во кој стадиум сме на почеток средина или?
 
А се дозна ли дали починатата жена имала претходно здравствени компликации? Астма, проблеми со циркулација, дијабетес, било што?
...потполно се сложувам со твојата забелешка, точно така од што умрела, а имала коронавирус, би го поставила јас прашањето!
...во една соседна земја денес на еден портал „ - Починал пациент од коронавирус !“
јавно Нет инфо толку, кога малку повеќе пребарав, дознав дека истиот бил на дијализа, докторот се сомневал на коронавирус, оти многу кашлал неколку денови иако немал контакт со некој инфициран со коронавирус КОВИД19 од загрозени места, сепак го предложиле за тестирање, ама го одбиле и човекот така кашлал без никаква терапија неколку дена за да му се слоши нагло и правејќи му тест увидоа дека бил позитивен на коронавирус, ама било веќе касно му се усложила и дијализата и починал, сега сите тие пациенти што биле на тој дијализер апарат највероватно се заразени, па и медицинскиот персонал, само затоа што не му направиле тест ниту пак се посомневале на коронавирус инфекција за да се благовремено изолира, а имал веќе симптом на тешко кашлање, ама поради немање контакт со инфициран демек не бил ни тој, под претпоставка ....
 

Малку хумор, дечково снима пренкови заебанции и налетал на директорот на комуналното во Битола, кој вади тел на 2:21 и слика за да се пофали на фб

Прегледај го приврзокот 239774


За на крај откако паднала брука да му оди дома и да му се заканува на овој :tapp:

Прегледај го приврзокот 239777
Лажиш :pos::pos::pos:
Готово гаснете интернет доста е за денес
Која брука хахахах, го знам Ритко легендата
 
Не знам за неа ама самиот факт дека синот со 33 години морал да биде префрлен на инфективна поради тоа што бил во тешка состојба, не звучи охрабрувачки дека вирусов се поминувал од нога.
Kolku sto razbrav od presot otkako mu se vlosil situacijata e prefrlen vo infektivna vo sk
Znaci porano se 'lekuval' vo kumanovska bolnica i tamu zdrav da odis ke fatis sto bolesti
 
Филипче повика на трпение од оние од кои се земени брисеви за тестирање,а се во домашна изолација, бидејќи како што рече потребно е време од околу 24 часа за да се обработат. Тој најави дека од утре ќе биде ставена во функција и лабораторијата на Ветеринарниот институт со што и капацитетот на обработка ќе биде поголем.

Најави и промени во начинот на кој се земаат брисеви кои се тестираат во клиниката „Жан Митрев“, каде досега, како што тврдат некои граѓани, тие морале сами да купуваат тестови од аптеките и сами да земаат брисеви. Од утре, најави Филипче, тоа ќе биде унифицирано и ќе го прават стручни лица.
Има еден 23 ден е позитивиен, досега не знам неколку тестови му се направени, на 23 ден тестот покажа негативен, а повторниот тест по 24 часа позитивен, значи секое тело различно
 
Сега некој да каже периодот на инкубација 14дена ли е одкако ќе се разболи? Или различно е?
Овие што се заболени кога би требало да се излечат ?
Ние во кој стадиум сме на почеток средина или?
Ние сме на почеток.
Лечењето е как секој различно.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom