Коронавирус (COVID-19)

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.720
Поени од реакции
43.768
Како беше ова со температурата, треба ептен висока - над 38,5 да оди или? Пошто почнав да качувам 37,2 иам моментално, па да знам да си пратам како ќе се движи во текот на денот.
 

chef_cook

._perlous
Член од
25 октомври 2011
Мислења
4.296
Поени од реакции
13.176
Да не ти правам „серка“, ама внимателно и намали со цигари. Од тоа што сум го читал и гледал како сведоштва од тие што го прележале вирусот, обично фазите се вакви:
- Ништо не ми е;
- Болка во грло, температура, општо лоша состојба како кај било која настинка/грип;
- Подобрување на состојбата и претходните симптоми;
и таман кога ќе мислиш дека си го надминал, следува:
- Болки во градите;
- Отежнато дишење;
- Пневмонија, чувство како да имаш 20% капацитет од градите;
- Со тоа доаѓа и замор, задолжително лежење...

Чувај се, спиј, одмарај :) Ти посакувам лесно закрепнување и известувај не за тоа како се одвиваат работите ;)
Знам.
Јас сум многу свесен и подготвен за лошо сценарио.
Постот го пишав баш поради тоа.
Вирусов е далеку од шала.
Али јас немам ни 50% од тоа што го очекував.
Мора смирено и трезвено,да не се удирате у паника!
Нема да е крај на свет,иакпќо евентуално префатите
 

S.L

Желба по титула :D
Член од
1 јули 2013
Мислења
1.893
Поени од реакции
1.337


Sent from my SM-A530F using Tapatalk
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.725
Поени од реакции
9.449
Прочитав информации дека ќе се зголеми бројот на тестирани (околу 80 дневно), а не како досега по 5 до 10 дневно, практика која се применува во многу други држави. Акцентот ќе бидат жители од Дебар и Центар Жупа. Од тука стравувам дека бројот може да има значителна прогресија. Да се надеваме дека нема да биде така...
Затоа сеуште стојам со ставот дека со одредени мерки се доцни по 2/3 дена. За жал, се побројни се луѓето што кажуваат (само на темава прочитав добра бројка со такви мислења) дека цирклураат луѓе кои пред скоро се вратиле од странство. Јасно е дека се работи за несовесни луѓе, но и институциите потфрлиле со тоа што не се проверува нивната состојба при влез во државата, како и непроверување дали се во нивните домови каде треба да бидат во изолација.
Како мерка за нивно заплашување да се придржуваат до изолацијата мора да се започне со погласна кампања по медиумите каде ќе се мотивираат луѓето да ги пријават ваквите несовесни дојденци.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.916
Поени од реакции
41.878
Дали знаете што ќе биде со оние што не можат да останат повеќе од 3 месеци и мора да се вратат авионски и веќе имаат карта?

Sent from my Mi A1 using Tapatalk
 

Anne.

~
Член од
4 декември 2009
Мислења
4.629
Поени од реакции
10.284
Дали знаете што ќе биде со оние што не можат да останат повеќе од 3 месеци и мора да се вратат авионски и веќе имаат карта?

Sent from my Mi A1 using Tapatalk
Треба да идат да им се одобри продолжен престој.
 

КвикСилвер

Модератор
Член од
28 март 2010
Мислења
4.545
Поени од реакции
5.855
Пријавава од гугл докс што ја ставивте погоре повеќе не функционира. А дефинитивно ќе ги охрабреше луѓево да пријават несовесни, потенцијални коронаши. Има некоја алтернатива?
 

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
13.472
Поени од реакции
24.711
Ги пишав погоре, ништо ново. Кинезите ги користеа :)

Ne mislam deka e istata kombinacija mada najverojatno nesto slicno.

Umifenovir e poveke za infuenza, od ova ovde sto pisuva ova ke e nesto pojako za protiv malerija. Jas protiv malerija imam primano tretman so amoxicillin taka da mislam deka toa e so nesto anti HIV. Vo tajland taka gi lecea.
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
8.182
Поени од реакции
8.259
Двајца знам што утре ја напуштаат Австралија веке имаат карти, пошто работат на брод,сите си одат и персонал и гости, бродот веке не плови.
Кај ке заглават којзнае турција им е предпоследна станица па Скопје ке биде интересно што како.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.033
Пријавава од гугл докс што ја ставивте погоре повеќе не функционира. А дефинитивно ќе ги охрабреше луѓево да пријават несовесни, потенцијални коронаши. Има некоја алтернатива?
Има..да им текне на МВР да направат нешто слично..може да им укажеме.
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.131
Поени од реакции
13.257
Интересна работа ова новинарството еј. Му текнало на некој новинар од инфомакс во прашање кон Филипче да каже неточна информација, без да ја провери, наседнал на рекла казала муабети. Следниот ден твитерџии кои чекаат нешто да се случува за да објават и да им се полни егото со лајкчиња, исто така нема да ја проверат информацијата и ќе ја објават. И така сите ќе споделиме и ќе си праиме лажна слика за нешто, ќе си најдеме нова занимација да си коментираме и да се чудиме. Големо извинување до овој Бапчо што му пропадна твитот, јас како патник на истиот авион можам да му кажам дека јас и луѓето со мене не биле дел од никакво договарање да не се кажува на граница дека се доаѓа од Италија, ниту сум слушнал некој да се договара, така да ова СИТЕ паѓа во вода. На граничниот премин прво што кажавме беше дека доаѓаме од Италија и дека спремни сме за тестирања и да потпишеме било што за изолација, уште пред да го дадеме пасошот. Понатаму што следуваше напишав во претходниот мој пост. Во авионот имаше вкупно 30 патници, од кои максимум 10 беа Македонци.

Е ајде сега кога сте глупи и двајцата, да кажеме едно можно сценарио како стигнало до оваа лажна патка од вест. Некои две типки мајка и ќерка, отишле на граница, ги прашале дали доаѓате од Италија рекле не, кога им видел пасошот видел дека се од Италија, и кога ги фатил во лага, тие рекле дека сите од авионот така се договоривме блабла. Тој службеникот на граница веројатно пријател на новинарот од инфомакс, му се јавил “еј брат што се деси денес леле овие сите се договарале во авион да лажат“.... Вие само продолжете да си споделувате фејк непроверени вести, нека се полнат сите почетни на фб со вакви твитер досетки, во позадина нека се сите информации за превенција и лекување на вирусот. Браво Бапчо, браво новинару од инфомакс. :aplauz:


 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.902
Поени од реакции
25.243

Kajgana Shop

На врв Bottom