Околу купувањето...кажав претходно дека работам во маркет и вклучен сум во планирање,организација и одлуки за нашата фирма. Денес имавме 'кризен' состанок, се донесоа повеќе одлуки од кои би издвоил намалување на раб.време, препораки за купувачите, препораки за вработените, се стави акцент на дезинфекција/хигиена односно зачестување и зголемување на обем на истото. НО, она што боцка е што веќе почнавме да се соочуваме со проблем при набавки. Не со плаќања, не затоа што сме до толку мала фирма (сепак имаме 5 маркети) туку едноставно добавувачите немаат количини. Најосетливо се знае, брашно и тестенини. Не сакам да бидам песимист но што понатака?