Ќе се зима во предвид ситуацијата, верувај ниту ќе си гладен ниту без покрив врз глава. Јас сум во Хесен, централна Германија ... вчера делеа флаери по градот дека секој граѓанин шо има престој и е здравствено осигуран, во случај на најлошо а тоа е хоспитализација поради вирусот, нема да плати ниту едно евро. Цела нега ќе биде бесплатна. Недај боже скраја да е, да не ни стигне ситуацијата до таму.
Денес бројката отиде над 6000 заразени на територија на цела Германија, и сеуште тврдам дека од медицинска гледна точка сме на најдоброто место во Европа. Јас требаше мај месец да си идам, сеа одложив дури за октомври.
Убедливо број 1 здравство во Европа, во топ 3 во светот. Да не беа само толку ноншалантни со се кој влегува во државата во вакви кризни ситуации ќе беше перфектно. Ајде среќа од утре, уствари денес 16.03 сите јавни институции се затворени, границите кај кризните подрачја исто затворени.