Тие што се 65+ се во пензија и не се толку мобилни секако. Немора во посебен карантин мада ДА, еве во АУС во дел од старачките домови оние најзагрозените 80+ год буквално у стаклено звоно ги држат. Имаат услови и ќе тераат така по се изгледа. Ќе менеџираат да не крахира системот. Има најава и средства СИТЕ помалку битни операции што се неопходни да се завршат СЕГА пред да им требаат болниците. Тоа треба и МКД да го прави/правеше, да се искористат апаратите и салите сега дур не удри пикот. Целта е да се купи време да се најде лек/вакцина за старите а другите или ќе го прележат или ќе ги лечат колку можат.
Овде по се изгледа ќе менаџираат постепено, каде има зараза само тие школи ќе се затвараат, каде може да се работи од дома ќе се работи, мерките ќе бидат насочени да нема пик него постепено да се шири и да се контиролира ситуацијата. Ова мислам е добар начин за секоја СПРЕМНА држава. Проблемот е што ќе наебат малите држави само прашање е кога.
Карантин не е баш решение. Што после 2 недели, месец дена, кога остатокот на светот зајакнал и се шета веќе? Дали планираат со затворени граници цел живот да живеат? Србија веќе кажа дека ќе престане со извоз на храна, Грција ја затвори границата.... Дебар е у карантин, Косово затвори граница исто... Им се смеете на тие што се снабдуваат ама за некој ден кога ќе снема све што се увезува тогаш ќе треба некој да објасни како овие мерки биле добри.
Се на се мислам дека целосно потфрливме. Не се заштитивме на време мада тоа и тешко ќе беше. Никој не успеа целосно да се заштити ама можеше повеќе, требаше задолжителен карантин за секој што влегува во МКД. Не тестираме адекватно, се чека предолго (2 недели место 5 дена) да се тестира а со тоа се шири вирусот поготово ако има заразени меѓу оние што се во карантин после контакт со првобитниот носител а имале исто прилика да се во контакт со луѓе. Мала и доста социјализирана држава сме така да ако не се тестира на време има лесно да се рашири. Реално не сме спремни, независно колку респрератори имаме имаме многу дупки во здраството. Ако дојде најлошото знаме дека црно ни се пишува. За жал ни карантинот не е направен баш како треба, видете како во Вухан тоа се спроведуваше каде се раздвојувале и од фамилии и каде имало здрави зони, центри за тие што се болни ама не критично и нормално болници за тие што се критично. Сеперација, карантин во права смисла, тестирања, дезинфекции... Тешко тоа кај нас, али еве имаме жариште во Дебар ваљда ќе научат нешто од тоа.