Коронавирус (COVID-19)

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Се повеќе градови се зафатени низ земјава. Дали е до мерките, свеста на граѓаните од кафеаните или овие авиони и автобуси кои везден доаѓаат стотици и стотици, не ме радува баш ширењево.
Од Австрија и Швицарска, ок.
Има инерциja во целиот процес. Ако днес си инфекитан, веројатно може да разбереш после недела.
Се тоа сега е само почетокот. После 3-4 недели ке се види се во полн маштаб.
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
Не можеш директно да воведеш карантин без пред тоа да се обидеш со низа поумерени мерки, кои постепено ќе ги појачуваш.

Односно можеш ако си Скандинавија, Јапонија или Сингапур и имаш трилиони долари во резерва у буџетот.

Доколку Македонија ги затвореше границите и воведеше карантин на 1 март со 2ца регистрирани случаи, сега ќе бевме во 14тиот ден од карантино. Веќе 2 недели немаше да работи речиси ништо, 2 недели загуба за сите продавници/фирми/дејности што ќе беа затворени.

Можеби ќе останевме на 2 случаи кои ќе се излечеа, но веќе ќе бевме у страшна економска загуба. Но нејсе, карантинот е завршен, life goes on но со затворени граници затоа што во другите држави сеуште ќе имаше случаеви.

Повторно ќе требаше да живееме во ембарго, со затворени граници, без увоз и извоз повторно со уште загуби во буџетот.

Едноставно треба и тука да се согледа другата страна на приказната, а таа вели дека нема спас, штом вирусот допре до европско тло ниту една држава нема да остане имуна и без последици.

На крај пак се зависи од човечкиот фактор, и со целосно отворени граници доколку тие што се вратија од критични зони се самоизолираа место да си шетаат најнормално, тогаш немаше да има потреба од вондредни мерки.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.376
Поени од реакции
113.782
Замисли една таква држава, толку глупа да испадне .... или па, земајќи ги во предвид сите информации, носат најправилната одлука за конкретната ситуација:

И од следбеникот на Х. најпосле да добиеме квалитетна информација (y)

Подобра одлука, здравје. Штом тие над 65+ се во опасност, тогаш тие ќе бидат во карантин, пологично здравје.

Не сфаќам што толку сте против јакнење на имунитетот на стадото.... нели тоа беше добро за општеството, или таа теорија сега не важи :toe:
Зар е можно земји кои се во топ10, на сите полиња, кои до вчера ги возвишувавте до небесата, да направат толку "ретардирани" потези :confused:
А добро ај сега објасни колку од тие под 60 години се хронично болни, колку од нив се деца и колкава е сигурноста дека останатите (здравите) ќе преживеат и покрај тоа што го фатиле вирусот? Свесен си колку себично е ова према сите граѓани, и тоа не само на ВБ него во светски рамки, под услов нели се да си тече нормално, увоз/извоз, транспорт, аеродроми, бродови и слично? Убаво пишав претходно, работава е да се истребат постарите и хронично болните битно бизнисот да не пати. :tapp:
 
Член од
21 септември 2016
Мислења
831
Поени од реакции
1.136
Лаички само може да коментирам но со оглед на тоа кои земји го спроведуваат овој метод herd immunity можеби е и ефикасен во побрзо решавање да се стекне имунитет и најверојатно полесно постарите и хронично болните ќе се хоспитализираат ако се намали паниката кај младите како што кажа докторот од Шпанија имало претежно млади испаничени кои бараат да се тестираат и хоспитализираат а со тоа се одзема време да се посвети на покритичните групи, сигурно има некаква логика се надевам само дека не е од економски аспект...
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
Глеам дека ова упорно се збори, дека свеста на луѓето била ниска кај нас. Кај некој луѓе владее паника и купуваат тоалетни, кај некој мува не ги лази и шетаат по кафиќи и ресторани. Еве од досега виденово, кажи ми во која земја владее висока свест? Зашто ја глеам сосема спротивно, исто се понашаат луѓето во Америка, Британија, Германија и тн. земји од големото добро утро.
Точно е, проблемот со свеста е на глобално ниво, не е само до Македонија или до балкански менталитет или што ти знам. Никој не го сфати проблемот сериозно на старт. Сега е веќе предоцна и ќе биде најшколско "ко преживи причаче“.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
16.474
Поени од реакции
18.744
Иначе, рекоа да се запрат сите партиски активности до одреден датум ( нз точно кога беше) ама затоа сдсм Прилеп / сите сдсм-овци вработени во општина демек ќе ги опслужуваат старите и изнемоштени лица и ќе им носат храна, лекови и др. потребно, уствари си тераат кампања така....
Шта речи ... :)
Зошто кампања, не носат стила и чакмаци да се смета како кампања,можеби таа им е целта небитно, ама јас не гледам лошо во тоа да им се помогни во овие моменти на изнемоштените, поарно вака одколку и тие да се туркаат по маркети.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.255
Поени од реакции
18.205
Ова што го прави Британија за мене е крајно нечовечки и себично. Испаѓа работава ќе пуштиме да испоумре постарото и хронично болното население и ќе чекаме имунитет да добие народот. Ова за мене е врв на дебилизмот и крајно нечовечки према цел свет.
Не им е работа на тие што се на власт да бидат човечни и емоционални, туку да бидат прагматични и да ја донесат правилната одлука за доброто на сите граѓани. Веројатно сите ресурси ќе ги пренасочат на лечење на болните наспроти тоа да си го крахираат системот со карантини кој ќе траат неколку месеци а вирусот сепак ќе се рашири.
Што мислите колку време може да издржи нашиот систем под овие услови? 3 дена нецелосни мерки и луѓево се побудалени тука, што ќе биде по 3 месеци полициски час?
 
Член од
18 јули 2018
Мислења
1.068
Поени од реакции
4.260
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.691
Замисли една таква држава, толку глупа да испадне .... или па, земајќи ги во предвид сите информации, носат најправилната одлука за конкретната ситуација:

И од следбеникот на Х. најпосле да добиеме квалитетна информација (y)

Подобра одлука, здравје. Штом тие над 65+ се во опасност, тогаш тие ќе бидат во карантин, пологично здравје.

Не сфаќам што толку сте против јакнење на имунитетот на стадото.... нели тоа беше добро за општеството, или таа теорија сега не важи :toe:
Зар е можно земји кои се во топ10, на сите полиња, кои до вчера ги возвишувавте до небесата, да направат толку "ретардирани" потези :confused:
И шо ако тие на 65+ се во карантин?Немаат фамилии околу нив?Или ќе ги однесат во посебни карантин-логори?И дефинитивно ова е ретардиран потег.Исто како и потегот со мигрантите шо го направија истите топ 10.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.255
Поени од реакции
18.205
Точно е, проблемот со свеста е на глобално ниво, не е само до Македонија или до балкански менталитет или што ти знам. Никој не го сфати проблемот сериозно на старт. Сега е веќе предоцна и ќе биде најшколско "ко преживи причаче“.
Има премногу нецелосни информации окулу опасноста од вирусот, и од таму и несериозноста. Да беше смртноста 30 посто прилично сигурен сум дека немаше да мрдаат луѓево. Сега повеќето си го споредуваат со грип, и побитно им е да не останат без леб до крај на месецот или да го изгубат работното место.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.011
Поени од реакции
83.406
Едитирано
парот од Дебар дале лажна епидемиолошка анкета. И така ги заразиле поголемиот број од случаи кои ги имаме денес.
 
Последно уредено од модератор:
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.292
Поени од реакции
7.650
А добро ај сега објасни колку од тие под 60 години се хронично болни, колку од нив се деца и колкава е сигурноста дека останатите (здравите) ќе преживеат и покрај тоа што го фатиле вирусот? Свесен си колку себично е ова према сите граѓани, и тоа не само на ВБ него во светски рамки, под услов нели се да си тече нормално, увоз/извоз, транспорт, аеродроми, бродови и слично? Убаво пишав претходно, работава е да се истребат постарите и хронично болните битно бизнисот да не пати. :tapp:
Како ли дојде до заклучок дека сакале да ги истребат старите, кога нив ги ставаат во карантин :cautious:... Нели така ќе бидат побезбедни.
Може стварно УК да се глупи и себични се бива, ама врз основа на што тоа викаш... УК ако не знаат што прават за своите граѓани, тогаш можам само да замислам другиве држави какви луѓе ги водат.
Додуша бившиот принц Хари, пред некој ден го насамариле па си ја орворил душата и кажал: болни луѓе ги водат државите.
Е сега на кои држави мислел, не беше напишано.

Инаку за децата и младите, имаш едно 100 постови, едно 1000 статистики, дека ништо не им е, нема ни да им е од овој летечи бетмен.
 
Член од
3 февруари 2019
Мислења
2.483
Поени од реакции
4.135
Како бре доцниме, па ние сме единствена земја во светот моментално навреме шо испозатвори све, со вкупно 18 случаи све испозатворија, колку за пример во сите земји сеуште се функционира нормално, Шпанија дури над 2000 ко стигнаа затворија училишта.
Само совеста на народот кај нас ќе не отепа, од министерство засега се ок со одлуките, дури и чудно со оглед како функциониравме до вчера.
Ми иди в уста да го бацам Филипче кога го слушам на прес хаха, напрајте ме ула ама чоекот засега е светла точка во овој хаос, дава надеж.
Најповеќе ми се допаѓа шо ги слуша советите од граѓаните, се консултира и си одржува збор, видоја дека нема разбирачка со овој народ, се кренаа сите во поголем број дека работењето до 18 часот е промашено, бам по два дена катанец на све.
Навреме испозатворија се - СПОРЕДНО, а то главното (граници) последно го оставија, е од тука изби цел хаос
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.500
Поени од реакции
37.337
Повеќето се враќаат не за да се спасат, туку да не умрат во туѓина ...
...не би рекла, таму треба да се почитуваат законите и препораките,ако не казна по газо, ама тука дома ееее тука дома друга приказна „шо сакам ќе правам бе, дома сум“ !
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom