Коронавирус (COVID-19)

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.733
Поени од реакции
27.720
„женава“ која треба да се разбира, вика дека на 20% од луѓето ќе им треба хоспитализација 10:15
 
Член од
6 август 2011
Мислења
682
Поени од реакции
1.065
Имам едно прашање посебно до постарите на форумот, памти ли некој вакви превентиви да се вршеле и на претходните пандемии, некако како светот да е ептен на нозе кренат, страшно изгледа сево ова или има нешто што не го кажуваат да не се ствара поголема паника или медиумите социјалните мрежи најповеќе си го прават своето.
Онака ме интересира, дали и за друга пандемија, епидемија се кренало толку прашина и се превземале вакви мерки. Буквално кај да се свртиш за корона се збора, на тв и реклами почнаа да даваат, јас барем не се сеќавам вака да било некогаш.
Вариола вера, цела југославија во карантин, башка косова што од село до село не смеело да се мрдне.
У случајов со коронава нај големите гомна ги изеде СЗО и КАПИТАЛИЗМОТ како систем, наместо да ја стават кина под карантин тиеубедуваа дека нема потреба од тоа, којзнае колку пари имаат лапнато од кинезите.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.293
Поени од реакции
7.650
Еве јас ќе одговорам за мајка ми. Не користи јавен превоз, не само сега, воопшто. Секаде оди пешки за да одржува здравје.
Последните 4 дена храна и купува сестра ми, за да не оди во маркети.

Се грижи за себе и доволно е свесна за се. Не се сите пензионери без совест и осет.
Може да бидат и другите свесни за да не загрозат никој!
Не реков дека се без осет, туку маката за жал тие си ја имаат, па нивна е и одговорноста. Кога знаеш дека сега е ваква состојбата, полесно и поефикасно е тие ризичните групи да си се изолираат, а не сите други, плус негативните економски последици од ваква неоснована паника, уште полошо ќе влијаат и тоа од бебиња па до 100годишњаци.
Треба да се земат во обзир многу повеќе работи.

Благодарам за разбирањето, живи здрави по дома и без плашење, бидејќи тоа е стрес.

Сите зборат за фамозниот стрес, ама никој да објасни како тече процесот и имунитетот.
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.505
Поени од реакции
14.691
Ова со незатворањето на школите се должи на поинаква логика:

1. Ако децата се дома наместо градинка и школо, родителите што се медицински персонал ќе треба да се грижат за нив наместо да бидат достапни за работа;
2. Ако родителите не се во можност да се грижат за истите, ќе ги дадат кај баба и дедо и со тоа се изложуваат постарите на поголем ризик.

Бар овде во Германија тоа им е логиката зошто не се затворени сите школи.
Прес конференцијата во 20 часот, во Шведска беше иста. Истите објаснувања и причини зошто се’уште школите не се затворени иако еве бројката е веќе 687, приближно 200 нови денес.
 

Coca Cola

Пашламарка
Член од
4 јануари 2009
Мислења
964
Поени од реакции
1.573
Ако е мешавина на хив и сарс тогаш може да се каже дека ќе останат 30% од моменталната популација.
 
Член од
10 март 2020
Мислења
127
Поени од реакции
188
Јас работам во кафич т.е ланч бар и можам да ти образложам подетално.

Мерката не е само тоа. Прво се намалува капацитетот на објектот и масите се распределуваат да има метро ипол простор меѓу нив.

Се работи една смена. Нема директен физички контакт меѓу персоналот. Еден келнер ќе наплаќа, друг ќе носи пијачки трет храна итн.

Во кујна темелно се мијат рацете пред фаќање на секоја намирница или готвење. Истото е и во шанкот.

Со намалување на работното време јас еден ден ќе одам на работа и два дена ќе седам дома. Тоа и те како помага.

Значи мерките не се само скратено време, туку има и препораки за хигиена, дезинфекција и како да се пристапи кон работата следниов период.

Најверојатно за брзо и скроз ќе се затворат кафичите.

Edit: Да додадам само дека се дезинфицира цела работна површина а раце мора да се мијат на секој пола час и да се користи гел за дезинфекција. Дали ќе се носатракавици и маски тоа ни е оставено сами да одлучиме.

Sent from my LG-H830 using Tapatalk
A sankerot ako podkasluva po malku so prajme?
 

Annik Honoré

In Floyd I trust!
Член од
29 септември 2014
Мислења
538
Поени од реакции
1.484
Пандемија е веќе прогласена луѓе. А не кафиќите да работат до 18 часот. Воопшто не треба да работат.

Макефонија, ќе зборам за кај нас па едно добро 70% и повече од популацијаата спаѓа во коморбидитет.
Италија веќе крахира, затоа што се борат со ресурси и бираат кој ќе живее кој не (кој има шанса пружаат помош кој не нема ни помош ни ништо).
Зборуваме за 8-ма светска сила, Кина е на второ место па ја виде мечката многу убаво. Следна Шпанија/Франција/Германија.

Ќе затворат граници, мамичките уште по шопинг мал и кафе шема се тера.


Од бљувотина луѓе како "xexe corona e pivo, so zabi ke ja iskinam, ne me faka mene". Да ретки, ендемски видови сте вие.


Ми иди колективно да повикам да се испоубиме ние вака шо сме посериозни.

А овие шо мислат дека Кинезите треба масовно да се истребат, и тие 65+ дома да седат а другиве да шетаат по кафиќи, е стварно ми иди да се упукам.
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
За „земји у развој (читај руина)“ како нашава, пасивната заштита е веројатно најдобрата. Тоа му доаѓа како во против-пожарната заштита - создаваш природни бариери со кои физички не може да се шири заразата.
Овој дијаграм најдобро го елаборира тоа.

89747874_3103726526325822_5207959557946474496_o.png

Што би рекло дека најдобро би било нашите власти да го убрзаат процесот со воведување на силни рестрикции на движење и кафичите не до 6, туку воопшто да не работат, да се скрати работното време каде може и што повеќе да се редуцира влезот на странци, а уште повеќе на наши што се курцаат туристички (има такви, верувајте, лично што ги познавам). Разбирам сеа, топло време, чурат скарите, кафаните, ама ќе си напраиме голема беља.
Експанзијата во Италија е резултат само на неодговорно однесување посебно на народот.
Не би одел до толку да го фалам министерот, иако човекот Е присутен, меѓутоа ригорозноста им мањка. На онаа личност од кожна клиника показно требаше да и се одреди тешка казна, да не претерувам и притвор дури, за да разберат луѓето со каква опасност си имаме работа.

Долгорочно, моја претпоставка е дека ќе стивне ситуацијата, но и дека економските загуби има да бидат катастрофални. Мислам дека допрва ќе сфатите дека со парите нема да можете да купите ништо од техника и слично што доаѓа од импорт, а на сметка на тоа и сите други продукти ќе поскапат.

И она што идеолошки го мислам, ај и политички да не речам - во вакви ситуации излегуваат на површина континуираните лоши политики со кои се уништуваше јавното здравство, а на сметка на тоа одеа пари по приватни спрдачини од болници, што немаат ни капацитет, ни интерес да решаваат вакви вонредни состојби. Сме пишувале многу по форумов - што ако се случи некој супер-тежок земјотрес? Ќе ги разнесуваме повредените по станчиња, адаптирани дуќани у болници? Да не зборам за неквалитетот и неодговорноста на персоналот (секоја чест на исклучоци).

Не верувам у Господ, верувам у глупавоста на „просечниот“ човек, ама ќе ни треба помош у наредниов период.
Не знам како ќе ми го толкуваат постов модераторите. Не ми е идеја да стварам паника, туку да повикам на одговорност и разумност на сите.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
Да сакаат европските држави да ја спречат пандемијата, првично ќе ги затворат границите и ќе ги приземјат авионите на 2-3 недели. Дотогаш, ништо нема да се смени. Ама кога се гледа како Меркел и Џонсон лежерно најавуваат дека 70% од населението ќе го одлежи вирусот, очигледно дека плановите им се поинакви. А ние нема да бидеме остров сигурно.
 

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.693
Поени од реакции
28.204
Шемата со вирусов е потполно иста како што функционира законот за open carry во Америка.Сопствениците на фабриките за оружје си имаат лоби и ги финансираат сите можни кандидати на избори,у меѓувреме си се продава оружје на кого се стигне и се прават пари а од тоа оружје умираат не знам си колку луѓе дневно по Америка,ама кеш си е кеш.У сред епидемија у Кина туристи од Вухан си дојдоа на излет у Хрватска.Ако сакаа,ке спречеа да се прошири вирусот.Ако на крај објават колку профит остварила фармако мафијата,ке ни биде јасно зашто е раширен вирусов за накрај да се прогласи пандемија.За тие што прават пари човечките жртви се само статистика, броеви на хартија
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
749
Поени од реакции
731
site pisuvate za kafikite a sto praime so Luk Oil pred malku minav puno site kafe pijat zatvoreni u toa staklencata..
 
Член од
6 август 2011
Мислења
682
Поени од реакции
1.065
Не сакам да ширам паника ниту тоа ми е намера, но бидете свесни дека :
1. Веќе е касно за било какви мерки.
2. Денес оние што шернуваат статуси за одговорност и само изолација вчера завчера се вратија од шетање по грчки, франции, италии, германии итн
3, Глупи сме како народ нација што и да е.
4. Ова ќе биде многу полошо од шпанскиот грип затоа што и покрај целата модерна медицина се шири премногу лесни и премногу брзо.
5. Освен ако не се наоѓате на некое изолирано место далеку од секаков физички контакт со луѓе не ви бега заразата, ма и што и да правите и на трепки да стоите не е ова од денес не е од вчера се шири истиов веќе подолг период.
6. Карантини трбаше оддамна да се воведат а не инфлуенсери ко џиков гомнарот и јаќоски куропушачот да ни објаснуваат дека за карантини требало хангари изолации па економски било не исокатливо и нехумано, за да истите почнат да споделуваат сега на фб и инстаграм упаства како да се заштитите.
7. Идете уште еднаш шернете нечиј статус на фб дека треба да има колективна одговорност итн можда ќе помогне.
8. Единствено нешто што ќе има некој бенефит држава од само изолација е што луѓево ќе умираат по дома и ќе се прележува по дома вирусов па кој ќе го прележи ќе тера понатака.
9. Заебано е и подмукло копилево уште во инкубација се шири на сите страни, и мн брзо што е зачудувачки.
10. Можда единствено добро нешто ѓто ќе испадне од вирусов е што ќе мора да има опшествено престројување пошто вака не иде, а и неминовно е таквото престројување ќе следи период како во средновековна европа после плебоничната чума нова распределба првенствено на земјата после на капиталот, ако мене ме слушате баталете брашно баталете лекови купувајте СОЛ сега за сега е ефтина и ја има доволно но за брзо ќе ја снема, запомнете без месо, леб, овошје и зеленчук можете без СОЛ не можете, корења да јадете со сол ќе ги проголтате.
11. Смешни се обидите за само изолација од проста причина што премногу касно сериозно се сфати вирусов, не само овде туку и на глобално ниво, шансите дома да имате некој носител се 95% работа училишта градинки кафани кафичи, пакувања од храна итн.

Премногу е килава и комфорна генерацијава од гол профит и желба за комфорен лесен живот ништо не се гледа подалеку затоа ќе биде заебано до даске!
До сега се штитеше капиталот и ништо друго,од сега натаму...
 
Последно уредено:
Член од
12 март 2009
Мислења
20.180
Поени од реакции
16.312
Може стварно не знам. Ете ако добро прочитав прееска Холандија одлучи за сега да не затвора школи. Единствено ограничување на собири над 100 луѓе И затворање на театри, музеи и такви работи. За луѓе кои имаат симптоми на вирусот се препорачува да одмараат дома дур не оздравата и да не доаѓаат во болница на тестирање освен ако имаат висока температура и потешкотии во дишење. Ова значи дека може има многу повеќе заразени отколку официјалната бројка.
Лабав пристап си имаат.
Холандија деца од 3месеци идат во градинка... имаат и други работи, сега не ми текнуе...
 

Xfire

fino alla fine
Член од
9 август 2008
Мислења
7.341
Поени од реакции
2.235
ова со одлуката до 18:00 часот да работат кафани и кафичи, мене не ми држи вода бидејки нашиов народ или ние како да се наречеме секогаш сме во обратната насока, намерно ке има повеќе гужви да си извадиме редот у кафана до 18:00 работи па ај да одиме порано и слични работи од тој тип, ех шо македончиња сме ние, за ќотек. xD
 

Kajgana Shop

На врв Bottom