Коронавирус (COVID-19)

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.034
Поени од реакции
83.467
Значи алал им вера на Кинезиве. Покажуваат чоештина и солидарност.

Наводно излегол несакајќи некој документ за упатства за кинеските дипломати во правец на PR-декинезација на вирусот. Требало да го нарекуваат јапонски или италијански, наместо корона.
 
Член од
12 декември 2007
Мислења
4.818
Поени од реакции
10.171
Чекај малце, во домашна изолација е а заразен е со вирусот ????
Јеп, наводно му рекле дека ако се влоши ќе го носат в болница и му дале маска за кислород да му го олесни дишењето. Ова во спремна земја како Естонија, или бар за таква ја мислев. Работи во меѓународна компанија, 3ца во централата во Талин заразени. Исто во повеќе школи таму има заразени и денес воведоа вонредна состојба, а Тарту (универзитетски град) целосен shutdown.

@Ilumious @Acid

Темава е во Здравје ама повеќе личи на ЧДА. Лични пресметки, мерење полови органи во 10 параграфи да скролаш додека не ти откаже маусот, политика, српски блогови КОРОНА ЈЕ УСТВАРИ ХИВ И САРС, баграта што пишува во шифри со 5 запирки на почеток на реченица ко кодовите од Матрикс за десктоп позадина да ги имам...вредните информации коишто за среќа ги има во добар број се губат во сето ова. Има и членови од Италија, Шведска, Словенија со искуства од прва рака што би сакал да ги читам ама немам нерви да ги барам во овој куп од непотребни бљувотини. За тема ко оваа и во ова време на паника никој нема да ви замери вам администраторите и модераторите да скратите по некое право на слободно изразување и мислење во замена за подобар квалитет на тоа што се пишува и постира.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.499
@Ilumious Битно немам ни перде ни срам.
Можеш тоа да го оставиш да стои така. Нека трепка.
Репликата моја со навреди кон „безгрешниот ни хулијан“ е океј што ја избриша - и требаше.

А ова дека немам срам, перде и дека сум лицемер слободно остави го. Лично, не ми смета. Сериозно.
Само покажува двојни аршини при модерирање. ;)
Го оставив за да има што да цитирам зошто се однесувате како првоодделенци на роденден во игротека и мора човек да ве опоменува по 100 пати.

Последна опомена е ова, најсериозно. Уште еднаш ако се исцитирате одите на бан до мај, @Peja989 слободно спроведи ако ми промакне
 

Annik Honoré

In Floyd I trust!
Член од
29 септември 2014
Мислења
538
Поени од реакции
1.484
Хахахахах алал им вера вика, секоја втора епидемија од кај нив искача, алал им вера...тоа се вика damage control.
Глеам као дарлинг исто мислење имате.

Одам јас да си сварам супа од лиљак. Од солидарност пошто Кинезите се неандерталци, не сакаме помош од нив. Солидарен народ сме, ќе седиме по кафиќи и ќе дебатираме како треба мадовна екстинкција на Кинезите да им се изврши. И како "sho e corona za mene xexe corona e pivo, so zabi kje ja izedam".

Очигледно е дека овде продуктивна дискусија со одредени членови нема.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.499
И уште нешто, добро забележи @Спојлер не ставајте секакви линкови од дискутабилни сајтови, @Ireal на тебе ова се однесува поготово.
Автоматски споено мислење:

Чекај малце, во домашна изолација е а заразен е со вирусот ????
Пишав погоре, истото го тера и Словенија, се нема капацитети, ако не е ситуацијата лоша, се носи на домашно лекување и изолација. Е сега ова со маскава за кислород малце creepy..
 
C

CoolIris

Гостин
Посочи што е точно контрадикторно, не тврди нешто без аргументи.
Еве ги цитирам твоите зборови.

НЕ можи еден министер (макар и Филипче да е) да ја оправи работата со апелирање. Човекот е присебен и одговара смирено, не шири хистерија, советува што да се превземи. НАРОДОТ, го прави сосема спротивното.
И колку треба да си опериран од мозокот за да оставиш на народ? Се виде од народот.

- Маркетите фул полни.
- Кафани и кафичи фул полни.
- Болни луѓе одат на работа. (еве кај мене семинари се држеа во полна сала и тоа замисли просветни работници ги држеа - па сега види им го ти паметот)
- Екскурзии за 8 март колку сакаш
- Кладилници, казина, шопинг центри отворени.
Министерот упати апел, НАРОДОТ НЕ ПОСЛУША. Значи, ДО НАРОДОТ Е.
Министерот забрани градинки, училишта, факултети. Народот во природа, значи ДО НАРОДОТ Е.
Министерот ги ослободи родителите на деца до 10 години, родителите ги шетаат децата по парковите, значи ДО НАРОДОТ Е.
Министерот превзема уште порадикални мерки. МИНИСТЕРОТ работи за доброто на државата, по сите правила и прописи сега за сега, НАРОДОТ е тој кој што не ги следи препораките на министерот. Народот е тој кој што треба да ги следи препораките на министерот, треба да се однесува согласно пропишаните мерки и закони, за доброто на државата. Секој еден поединец треба да биде свесен и општествено одговорен, самодисциплиниран, за да не биде како држава. Ете, тоа е разликата меѓу Кина и Република Македонија.

Тебе ти е грижа да се реши проблемот најбрзо можно? Или ти е грижа за нешто трето?
АКО се развлекува работата со месеци ќе имаш ДАЛЕКУСЕЖНО поголеми последици врз здравјето на народот и врз економијата на глобално ниво. АМА изгледа тоа е целта, ретко кој ја сфаќа - за жал ;)
Мене ми е грижа да се реши проблемот, со што е можно помалку човечки жртви, а дали тоа ќе биде за пократко или подолго време, не ми е важно. Важно ми е да има помалку жртви кои што ќе одат јабана, како ти што претпочиташ да кажеш. Одговор на прашањето мое не ми даде.

Ми ги извртуваш зборовите или?
Никако. Како тоа ти ги извртувам зборовите? Анализирам тоа што го пишуваш.

ДА, ќе отидат јабана хронично болните, тие се таргет групата на овој вирус. Нешто нејасно?
Мајка ти со висок притисок и мајка ми и сите постари кои си имаат хронична болест поврзана со респираторниот систем првенствено има ГОЛЕМА шанса да го наебат.
Ако тоа што го читаш не ти се допаѓа, тогаш ИЗВИНИ.
Не, не ми се допаѓа тоа што го читам.
Воопшто немам намера да навлегувам во твоите релации со мајка ти, но и мајка ти и мајка ми и сите други хронично болни се луѓе од крв и месо имаат право да живеат. Зарем мислиш дека не им е мил животот? Немаат свои желби, мечти, цели, бидејќи се стари? Немаат право да се радуваат и да бидат среќни на нивните успеси и успесите на нивните деца/внуци? Дури и да не се болни, лицата над 70 години уште сакаат да живеат. Никој не сака да умре и да на*бе како ти што викаш заради некој друг.


АМА пред да ми ги извртиш зборовите или да ме протолкуваш погрешно (сеедно), дозволи уште еднаш да ти потенцирам зошто е тоа така.
Тоа е така пошто без разлика јас и ти колку ќе бидиме одговорни и без разлика колку и јас и ти и домашните наши ќе одржуваме лична хигиена, ќе се појави некое копиле кое шета по кафичи и ќе ни пренеси од вирусот мене или тебе, а ние истиот ќе го пренесиме дома. ТОЛКУ е едноставно.
ЗАТОА и треба да се прогласи 5 недели карантин на светско ниво, ама тој филм тешко ќе го видиме.
Значи до НАРОДОТ Е!!!!!!!!

Не ја ни познавам.
Не знам ни дали е докторка или не.
Ќе мора да те разочарам, не сум нејзин портпарол.
Ти смета што ти ја спомнав и моето мислење?
Воопшто не ми засмета твоето мислење, како што веќе кажав почитувам секое мислење кое што е различно од моето. Ми засмета тоа што ти "ничим изазван" ме пецна за неа, нели како јас што правам.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.838
Поени од реакции
36.875
Словенија со екстремните мерки - денес имаат нешто помалку од сто, а школите од понеделник ќе ги затварале.
Може стварно не знам. Ете ако добро прочитав прееска Холандија одлучи за сега да не затвора школи. Единствено ограничување на собири над 100 луѓе И затворање на театри, музеи и такви работи. За луѓе кои имаат симптоми на вирусот се препорачува да одмараат дома дур не оздравата и да не доаѓаат во болница на тестирање освен ако имаат висока температура и потешкотии во дишење. Ова значи дека може има многу повеќе заразени отколку официјалната бројка.
Лабав пристап си имаат.
 
Член од
12 декември 2007
Мислења
4.818
Поени од реакции
10.171
Може стварно не знам. Ете ако добро прочитав прееска Холандија одлучи за сега да не затвора школи. Единствено ограничување на собири над 100 луѓе И затворање на театри, музеи и такви работи. За луѓе кои имаат симптоми на вирусот се препорачува да одмараат дома дур не оздравата и да не доаѓаат во болница на тестирање освен ако имаат висока температура и потешкотии во дишење. Ова значи дека може има многу повеќе заразени отколку официјалната бројка.
Лабав пристап си имаат.
Ова со незатворањето на школите се должи на поинаква логика:

1. Ако децата се дома наместо градинка и школо, родителите што се медицински персонал ќе треба да се грижат за нив наместо да бидат достапни за работа;
2. Ако родителите не се во можност да се грижат за истите, ќе ги дадат кај баба и дедо и со тоа се изложуваат постарите на поголем ризик.

Бар овде во Германија тоа им е логиката зошто не се затворени сите школи.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.034
Поени од реакции
83.467
Италија утре или задутре ќе има моментално повеќе болни од Кина.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.838
Поени од реакции
36.875
Ова со незатворањето на школите се должи на поинаква логика:

1. Ако децата се дома наместо градинка и школо, родителите што се медицински персонал ќе треба да се грижат за нив наместо да бидат достапни за работа;
2. Ако родителите не се во можност да се грижат за истите, ќе ги дадат кај баба и дедо и со тоа се изложуваат постарите на поголем ризик.

Бар овде во Германија тоа им е логиката зошто не се затворени сите школи.
контроверзна мерка е затворање на школи и градинки се согласувам. Ама пак, искуството од Кина кажува дека само празни улици може да го спречат чудово. Ќе видиме како ќе се покажат другиве земји деновиве.
 
Член од
12 март 2015
Мислења
1.569
Поени од реакции
3.215
Го оставив за да има што да цитирам зошто се однесувате како првоодделенци на роденден во игротека и мора човек да ве опоменува по 100 пати.

Последна опомена е ова, најсериозно. Уште еднаш ако се исцитирате одите на бан до мај, @Peja989 слободно спроведи ако ми промакне
Ме заебаваш или како?
Можеш да не означиш и двата во твој засебен коментар и ќе си видиме, не мора цитат со навреди да оставаш. Исто како што не ти беше мака да го означиш Пеџа да пази случаааајно да не сме се цитирале еден со друг. ;)

ИНАКУ, никој не го цитира ликот. Дојде тој мене ме цитира и почна да соли памет. Што не го банира веднаш? Што не го избриша цитатот?

Ти викам јас двојни аршини, ама ајде нека ти биде. Слободно терај си.
Глупаво е што воопшто се замара човек.

p.s.
Вака си ги селектираш членовите на темата. Хулијанчо кој откако се приклучи на темата делеше навреди со зборовите „гуска“ и слични на нив. Ширеше масовна хистерија и слично и останатите.

Него му сметаше кога тогаш го заебавав заради што е хипохондрик, па пошто беше buthurt дојде и сега кутрото да реплицира - а никаде не беше спомнат.

Го сфаќам и него, а богами и тебе. Вервај.
Слободно банирај, широко ти поле. Остави го Хулијанчо и нему сличните нека солат памет и да шират хистерија. Далеку ќе дотурка дискусијата.

Значи до НАРОДОТ Е!!!!!!!!
Не се нервирај. До народот е. Само ти да спиеш вечер полесно.

Истиот тој народ што утре пак ќе си шета по кафичи и кафани сè додека некој не му го забрани тоа.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.499
А па и јас сум нашла со кого да се оправам. Ќе ве тресне човек одма на бан - не чини, ќе ве опомени по 100 пати и ќе ви избрише пост без бан за да ви текне да прекинете - пак не чини, селективно било. Ајде одмор до мај.
 
Член од
12 декември 2007
Мислења
4.818
Поени од реакции
10.171
контроверзна мерка е затворање на школи и градинки се согласувам. Ама пак, искуството од Кина кажува дека само празни улици може да го спречат чудово. Ќе видиме како ќе се покажат другиве земји деновиве.
Германија е приказна сама за себе, премногу бирократија. Овде сојузните држави се одговорни за образованието, не е можно како во Кина Меркел да каже од утре сите дома. Пред саат време им заврши состанокот и не се договорија за целосен прекин на наставата, гледам сега секоја сојузна држава поединечно ќе одлучува изгледа. Јас каде што живеам најверојатно 4 недели ќе биде прекината наставата.

Сите операции и медицински зафати што не се итни се одложуваат за да има доволен број кревети во болниците. Владата препорачува минимизација на социјалните контакти. Останатото беше мех од пресот на Меркел, вообичаеното ќе направиме се што можеме блабла.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.733
Поени од реакции
27.721
Virus can remain viable "in aerosols up to 3 hours, up to 4 hours on copper, up to 24 hours on cardboard and up to 2-3 days on plastic and stainless steel" a Princeton study awaiting peer review has found
 
Член од
8 јули 2008
Мислења
4.503
Поени од реакции
8.182
Само во едно гледам не грешка туку мал пропуст во борбата со пандемијава од страна на министерството и сите институции што се медицински инволвирани.

Според мене и моето лаичко разбирање (како и на сите нас овде на темава впрочем) мислам и сметам дека на терен бројката на заразени е поголема и сметам дека малце рестриктивно настапува МЗ во поглед на тестирањето.

Имам чувство дека премалку луѓе се тестираат. Секако, тенка е линијата меѓу рационално тестирање и загриженост a ние тешка стока пола ќе истрипаат и ајде тест и уште толку ќе се комплицира ситуацијава, ама сепак треба поекспанзивно да се тестираат потенцијални заразени, бидејќи симптомите и самиот вирус се многу многу комплицирани и шаренолики и нема некои точни и конкретни податоци, според официјални извори во поразвиени држави.

Но, вака од страна гледајќи како бројка којашто ја пренесува Филипче, на дневна основа многу малце тестови се прават, и треба малце да се прошири кругот на луѓе кои се тестираат.

Дури веќе се испостави како точно дека коронава може и асимптоматски да се пренесува. У превод, може да немаш симптоми а да си заразен, ова го проверив на повеќе страни и има случаи на асимптоматска појава на вирусов, како што впрочем е случајот со фудбалерот Даниеле Ругани.

Еве и официјална потврда од CDC дека има евидентирано случаи на асимптоматска појава на вирусов, у превод го имаш вирусот ама не и симптоми. https://www.cdc.gov/coronavirus/2019-ncov/hcp/faq.html

Пак ќе повторам, лаички но мислам дека држи вода муабетот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom