Првиот меч беше чиста тактичка лекција на Симеоне. Ова од вечерва немаше Т од Тактика.
Огромна доза на среќа, неумешноста на фирмињо да заврши 2 одлични шанси, пречката на кепецот, и нормално, шлагот на вечерта, адриан.
пул точно знаеа каде да ги нападнат, таа лева страна беше промаја, па окс изгледаше како Роналдо во прво полувреме.
Не е малце глупо да кажеш „Среќа“?
Симеоне се постави ултра дефанзивно, што беше очекувано. Атлетико се бранеше феноменално.
Ливерпул имаа 26 шута и 13 корнери во 90 минути. Успеаа само 1 гол да дадат. Очекувано беше Атлетико да игра преку контра напад и да чека грешка на одбраната на ливерпул. Момците на Симеоне играа перфектно, одлични замени напраи за да ја освежи играта во второ полувреме (и во продолженијата).
Виновникот за поразот на Ливер е Клоп. Не знаеше да тактизира. На 1-0 резултат којшто го носи во продолжение он напаѓа ко луд и ризикува да прими глуп гол од контра напад. Ефикасноста на ливерпул беше очајна. Ги стигна таа фудбалска казна за сите пропуштени шанси. Наместо Клоп да земе и да намали со Агресија, да проба да ја „извади“ малце одбраната на Атлетико и да створи убава шанса он ко мува без глава ги праќа сите 10 фудбалери да му идат во тотална офанзива. Во продолжението се виде дека цела таа еуфорија уште од Финалето со Реал, па Освојувањето на ЛШ и за малце освојување на ПЛ и сеа годинава веќе освојување на ПЛ го удрија во глава, мислеше дека се неуништливи и дека ќе згазат се пред себе, дека не може он гол да прими пошто го има ВВД.
Највеќе се зезна кога после голот на Фиримино одма не ја „умртви“ играта, како и секој стратег што би напраил и да чека грешка/ја контролира топката, да остане на средина, добри додавања, да не остави простор за противникот да му даде лесен гол. На 2:0 во продолжение ти да идеш со 8 играчи пред шеснаесетник на Атлетико, никој да не го маркира Феликс, на Љоренте да му се остави и простор и време да се намести на шут... е тоа е више огромен кикс. Не можеш да играш фул напад и да очекуваш дека нема да проба Атлетико од контра да ти дае гол. Во 120 минути ливерпул не успеа да ја „Расштима“ одбраната на Атлетико, да отвори простор за влез. Атлетико во 20 минути успеа да даде 3 гола пошто Ливерпул играше практично без одбрана.
Битката тука ја загуби Клоп само ради тоа „Само Напад И Ништо Друго“. Сепак и Мане и Салах и Фирмино се само луѓе. Не може да се издржи толку јак пресинг толку долго на највисоко ниво.