Коронавирус (COVID-19)

  • Креатор на темата Креатор на темата Beginner
  • Време на започнување Време на започнување
Некако не ми се верува дека само медиумски е напумпано. Зошто СЗО велат дека достигнува и ниво на пандемија?

Нормално ќе речат. Ќе лапаат и они некоја пара.
 
Некако не ми се верува дека само медиумски е напумпано. Зошто СЗО велат дека достигнува и ниво на пандемија?
Не е за потценување. Сепак се крева непотребна паника.
Само во САД има пет пати повеќе починати од сезонскиот грип, отколку во цел свет од корона. Ама за тоа едноставно се молчи, нема паника.
 
Ако толку беше за потценување работата, немаше да има откажување на сите јавни собири и настани во светот и немаше во Кина милионски градови да бидат изолирани повеќе од 2 месеци.

Не е толку за потценување ситуацијата, но не треба и да се паничи ко да е крај на светот.
 
Мене само никако не ми е јасно зошто се проверуваат само патниците на аеродромите? На граничните премини нема никаква контрола. (пример Табановце) Ова дека сите од Италија и други земји кај нас доаѓаат исклучиво со авион? Пред некој ден читав дека Хрвативе сериозно проверувале на секој граничен премин, ова кај нас некако чудесно. Останува да видиме за 2-3 недели што ќе се дешава.
 
Се додека низ светов (имајќи предвид дека сериозни државни и меѓународни тела и институции водат евиденција за нови случаи) не измине период од неколку месеци без појава на заболени, или евентуално некој не се истопори со вакцина, ќе постои можност за епидемии, пандемии и сл. Вирусот релативно долго време инкубира, прилично е отпорен и во надворешни услови - повеќе од недела, како што разбрав, и секогаш постои можност, некој, некаде, да помине незабележано и да создаде ново жариште.
И ако некој од нашиве, да речеме од Италија, незабележано би се вратил дома, така поднастинат (ама ништо не е), и кога ќе се изгушка и испоздрави со сите околу него, ќе изжурка неколку ноќи, и на крај ќе падне болен ќе имаме нешто што се шири со геометриска прогресија.
 
Околу границите. Во саботата бев до Солун, на Богородица нашиве на пасошка со маска на лице и ракавици (кога му ги подадов пасошите ракавиците му беа катран црни извалкани). На Евзони не носат маски/ракавици. На враќање истата слика, само што на наша цариникот немаше маска/ракавици. Се си тече стандардно како и секогаш, не добив некое било какво дополнително прашање ниту од грчка ниту од наша страна каде сум бил и сл или некаков флаер. Се е најнормално.
 
Последно уредено:
Вчера зборев со доктор кој работи во одделот на заболените од корона во болница во Милано. Го прашав за мислење за 50годишната жена која од Милано се вратила кај нас. Ме праша колку год има и кога чу дека има 50, ми рече нормално дека не и направиле тампон, прават само на 65+, тамам работа на буквално сите да им правиме, нема толку тампони. Затоа и на другарот мој му дошле дома го прегледале и му рекле немаш гајле, 32 години има.

И сега си размислувам, јас веќе имав директен контакт со тројца кои работат во болница, двајца со заболени од корона, третиот не работи со тие луѓе меѓуто го пратиле да провери некои луѓе кои на крај излегле негативни. Да не биде да ве исвестувам директно и од прва рака што како се дешава? :(
 
Како што кажа и самата, немаш гајле, не си 65+ :)
 
Како што кажа и самата, немаш гајле, не си 65+ :)
да, само што сум под одредени третмани и не ми треба сега да се разболувам, може многу работи да ми пореметат
 
Вчера зборев со доктор кој работи во одделот на заболените од корона во болница во Милано. Го прашав за мислење за 50годишната жена која од Милано се вратила кај нас. Ме праша колку год има и кога чу дека има 50, ми рече нормално дека не и направиле тампон, прават само на 65+, тамам работа на буквално сите да им правиме, нема толку тампони. Затоа и на другарот мој му дошле дома го прегледале и му рекле немаш гајле, 32 години има.

И сега си размислувам, јас веќе имав директен контакт со тројца кои работат во болница, двајца со заболени од корона, третиот не работи со тие луѓе меѓуто го пратиле да провери некои луѓе кои на крај излегле негативни. Да не биде да ве исвестувам директно и од прва рака што како се дешава? :(

Немаш гајле и у карантин дома да те стават ќе јадеш/пиеш ко во ресторант ;)... 2 недели би ти дошло стејкејшн, лошо е да е подолго.
Автоматски споено мислење:

да, само што сум под одредени третмани и не ми треба сега да се разболувам, може многу работи да ми пореметат

Цеди си сокови... витамини колку можеш
Автоматски споено мислење:

Стигна и во Индонезија. 2 случаја,64 годишна мајка и 31 годишна ќерка. Пренесено од јапонец кај кого било детектиран вирусот во малезија а ќерката имала контакт со него.
 
Последно уредено:
Овие СЗО да земи чоек да ги запали. Прво требаше на крај на Април да има првична вакцина, излегоа 400000 лабаратории со ист муабет. Сега откако Светска Банка ги спонзорира да речиме на некој начин требало 4 месеци за клинички тестирања. Се е за пари....30000 пати ја сменија приказната во се поврзано со корона...
 
Последно уредено:
Овие СЗО да земи чоек да ги запали. Прво требаше на крај на Април да има првична вакцина, излегоа 400000 лабаратории сп идт муабет. Сега откако Светска Банка ги спонзорира да речиме на нелој начинтребало 4 месеци за клинички тестирања. Се е за пари....30000 пати ја сменија приказната во се поврзано со корона...
Ај така директно ќе ја пуштат вакцината, нетестирана, неефикасна, небезбедна за луѓето, па после ќе си слушаме како здравје преку игла не влегува....
 
Ај така директно ќе ја пуштат вакцината, нетестирана, неефикасна, небезбедна за луѓето, па после ќе си слушаме како здравје преку игла не влегува....
Сосем друга беше целта на постот ама ок ако сфати така :toe:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom