T-Mobile - Генерална дискусија

Член од
15 јули 2007
Мислења
14.779
Поени од реакции
7.516
Како успеало ова со смарт гаќиве да помине низ толку clearance фази низ менаџментот? Па јас да сум во централата во Германија одма делам откази на сите инволвирани :facepalm:
Покрај гаќите гледам имаат и други работи како чорапчиња, мајци, патики, долни тренерки за трчање, јакни, шишенциња, усб алка, нотеси, .. . Тоа ајде супер што им текнало, интересен маркетинг и супер корисни работи, али гаѓите им се врвот на глупоста на Дојче Телеком.

https://www.lovemagenta.com/all.html

Не знам дали тие другите работи се достапни за нарачка во Македонија воопшто.
 
Последно уредено:
Член од
1 март 2010
Мислења
7.885
Поени од реакции
14.366
Покрај гаќите гледам имаат и други работи како чорапчиња, мајци, патики, долни тренерки за трчање, јакни, шишенциња, усб алка, нотеси, .. . Тоа ајде супер што им текнало, интересен маркетинг и супер корисни работи, али гаѓите им се врвот на глупоста на Дојче Телеком.

https://www.lovemagenta.com/all.html

Не знам дали тие другите работи се достапни за нарачка во Македонија воопшто.
И гаќите ги има на странава? Не можам да ги најдам.
 
The Wild Boy

љепотан
Член од
26 декември 2017
Мислења
1.549
Поени од реакции
931
20200305_170601.jpg
Денес ми стигна ова.
Инаку да, уредот е A50 купен од Телеком.
Пишуваше да апдејтирам, ама нема понов апдејт. Најновиот е Февруарскиот Печ.
Ќе видам со следниот апдејт ако се пушти, би требало VoLTE иконата да се појави, и ќе тестирам дали има некоја разлика.
Убаво од Телеком што вклучија и VoLTE.
 
Член од
24 август 2009
Мислења
139
Поени од реакции
12
Пред малку ми пристигнаа нагодувања за Интернет и ММС од Телеком. Ја отворив пораката но не ги прифатив во моментот зафатен бев, си велам ќе ги активирам подоцна. Отворам после некоја минута во пораки и никаде ги нема.
Па сега ме јаде тоа да не пропуштам нешто од новите подесувања како стабилност, подобра брзина и сл. Знае некој како можам да ги најдам и активирам?
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.904
Поени од реакции
14.596

Javi se na 122 i kaži im povtorno da ti gi puštat
Vidi da ne se slučajno vo nekoja posebna papka....
 
Ти стигна порака за VoLTE исто како кај мене?
Што уред имаш?
 
Член од
24 август 2009
Мислења
139
Поени од реакции
12
Javi se na 122 i kaži im povtorno da ti gi puštat
Vidi da ne se slučajno vo nekoja posebna papka....
Проверив убаво, не се. Ќе треба да побарам повторно да ми ги пуштат.

Ти стигна порака за VoLTE исто како кај мене?
Што уред имаш?
Huawei Nova 5t. Немам добиено ваква порака за VoLTE. Ако добро разбрав ова не се активира рачно, туку само те известуваат дека отсега го имаш?
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
2.330
Поени од реакции
4.895
Копилиња, укинаа 500Mb интернет ако платиш преку Телеком апликацијата.
Moжат да даваат 2GB на чипсови а не можат да даваат 500мб на редовни плаќачи.
 
T

Torchyrus

Гостин
Преку глава ми е од А1.... нема разбирање со нив...Знам дека и овие не се китки за мирисање ама мислам дека се за нијанса попрофесионални... е сега во кој поглед ќе видиме :ROFLMAO:
Имам понуда за 3390 ден. Телевизија,фиксен, интернет, 2 броја М и 1 С со тоа што првиот месец ќе платам 1800ден. само за телефоните.
Искуства, препораки, мислења?
Вреди ли...
 
The Wild Boy

љепотан
Член од
26 декември 2017
Мислења
1.549
Поени од реакции
931
Преку глава ми е од А1.... нема разбирање со нив...Знам дека и овие не се китки за мирисање ама мислам дека се за нијанса попрофесионални... е сега во кој поглед ќе видиме :ROFLMAO:
Имам понуда за 3390 ден. Телевизија,фиксен, интернет, 2 броја М и 1 С со тоа што првиот месец ќе платам 1800ден. само за телефоните.
Искуства, препораки, мислења?
Вреди ли...
Јас на Magenta 1M сум, другите 3 броја се на S.
Интернет оптика бевме на Телеком, а до пред година дена раскинавме интернет, и сега сум на Неотел. И сум прилично задоволен. Ќе видиш во другите теми имам објаснето.
За телевизија Max TV е една од најдобрите телевизии и најбогатите (највеќе канали), со добар квалитет. Сецкање и паѓање на сигналот скоро ич.
NeoTV ти се со помалце канали. Околу 80, ама за тие 80, изборот е многу добар, и за доплаќање на канали едино тие албанските, некои филмски, и неколку спортски канали.
Можеш да провериш на сајтот на Neotel, израчунај си, види со цена како што, ако ти дојде поевтино, тогаш Телеком само телефони, Neotel за телевизија и интернет.
Имај на ум дека ако не земеш MaxTV и интернет од Телеком, нема да можеш да се приклучиш на магента тарифата.
За тоа со броевите дали евтино или не, многу не се разбирам оти изминативе години ги изменија цениве, а ние знам пред да се префрлиме на Neotel плаќавме скоро околу 4,000, а сега сме за 200~300ден. помалце во споредба што плаќавме претходно.

Инаку од мое лично искуство, повеќето другари што ги знам јас, што се на A1 многу пати знаеше да им падне мрежата (зборам за мобилен интернет), дури и со часови да немаат.
На некои места каде што Телеком немаше мрежна покриеност, A1 имаше, и обратно.
 
Немам можност за неотел во моето населено место. Иначе сакам со трите броја да земам и нови уреди со еднократна доплата, а во тој случај ми кажаа дека е подобро 24 доверба наместо магента.Така се фаќало поефтино. Не го разбирам баш тоа до магента како оди... како сметаат и слично..
 
Kajgana Shop

На врв Bottom