T-Mobile - Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Boomerang
  • Време на започнување Време на започнување
Зошто на апликацијата за мобилен интернет сеуште ми пишува 30.7 GB како да не сум потрошил ништо од почетоков на месецов?
Обично после 2-3 дена ги пуштаат преостанатите мегабајти од претходниот месец, а веројатно од нив си трошел овие 2 дена.
 
Не ги пишува ни преостанатите од предходниот месец. Знам дека некогаш ги пуштаат после 2-3 дена. Еве го трет ден си стои 30.7 GB
 
Има ли некој друг мака со оптичкиот интернет од Телеком во последниве 2-3 денови?
Кај мене во последниве денови е катастрофа, ресетира IP повеќе пати на ден, паѓа по 5-10 минути од нигде што сигурно не е физички прекин на оптиката.
 
Вчера и денес.....имаат кратки прекини. Денеска накај 12 и нешто.....тресна....едно 20 мин. Сега гледам лог.....4-та IP од полноќ до сега.
 
Фрустрирачки е, ме исфрла од teams повеќе пати денес.
 
Дечки, какво искуство имате со оптиката на Телеком? Ме интересираат генерални мислења и искуства, сакам да ставам и јас (живеам во регион на Железничка, Аеродром).

И дали имате некое инфо каква е зделката меѓу А1 и Телеком, наводно понудата на А1 Net L со 100/100 интернет е оптика која ја рентаат/земаат од Телеком, ама ми беше малку чудна цела работа.
 
Не е ништо чудно, истата оптика е во цела земја. И А1 и Неотел од Телеком ја користат. Само кај А1 мислам ја нема на реклама но доколку прашаш директно и сакаш договор, ќе проверат и ако има можност, ќе направиш договор со оптика.
Јас од пред 2 месеци имам А1 комбо со оптички нет од телеком.
Разликата е во тоа што, за цената која ја плаќам на А1, ми дадоа 25000ден бонус, а за истиот бонус во телеком, ќе треба да плаќам 600ден/месечно повеќе...
 
Генерално Телеком се во ред, оваа година имав само 2 пати поголем проблем (едниот беше околу 2 денови, им се ресетираа ИП адресите многу често, и ме исфрлаше нон стоп од состаноци), вториот им беше угушена мрежата и неколку часови аплоуд брзината ми беше катастрофа (под 3mbps).
Еве ти брзина во моментов, твое маало.
1623659207213.png

Ако не користиш голем сообраќај со А1 може ќе изгребиш и пониска цена, мислам дека имаат лимит на 1ТБ, во Аеродром сеуште ќе бидеш на мрежа од Телеком само што договорот го правиш со А1 (имаат меѓусебно wholesale договори). Инаку се друго треба да биде исто, затоа што овие само го препродаваат, а целото одржување и решавање на проблеми си го прави Телеком.
 
Не е ништо чудно, истата оптика е во цела земја. И А1 и Неотел од Телеком ја користат. Само кај А1 мислам ја нема на реклама но доколку прашаш директно и сакаш договор, ќе проверат и ако има можност, ќе направиш договор со оптика.
Јас од пред 2 месеци имам А1 комбо со оптички нет од телеком.
Разликата е во тоа што, за цената која ја плаќам на А1, ми дадоа 25000ден бонус, а за истиот бонус во телеком, ќе треба да плаќам 600ден/месечно повеќе...

Под претпоставка дека имаш и ТВ пакет од кај нив, како функционира целата комбинација со IPTV Телевизија (или можеби телевизијата ти кабловска)? Може ли да поднесе мрежата/пакетот регуларна употреба од 4 корисници + ТВ?

Немаа feedback од терен демек ново им е ова со IPTV (малку сомнежи ми прави), па да ми кажат на што личи. Во теорија оптика + IPTV телвизија vs Кабелски интернет + Кабелска ТВ, оптиката ги јаде у секој поглед, но имам доза на резерва за тоа како изгледа во пракса.
 
не знам дали е баш IPTV, телевизијата им е со ресивер приклучен со мрежен кабел од рутер до ресивер и толку.
Истата телевизија е и преку коаксијален кабел. Нема никаква разлика, ниту би имало без разлика колку телевизори ќе користиш. Во оптичкиот рутер може да се поврзат макс 4 телевизори.
 
Епа да, тоа ми беше кажано - ресиверот ќе влече сигнал од рутерот со мрежен кабел. Имаше проблеми некакви, нестабилност, гушење на мрежа или губење на дел од капацитетите ради ТВ ?
 
Под претпоставка дека имаш и ТВ пакет од кај нив, како функционира целата комбинација со IPTV Телевизија (или можеби телевизијата ти кабловска)? Може ли да поднесе мрежата/пакетот регуларна употреба од 4 корисници + ТВ?

Немаа feedback од терен демек ново им е ова со IPTV (малку сомнежи ми прави), па да ми кажат на што личи. Во теорија оптика + IPTV телвизија vs Кабелски интернет + Кабелска ТВ, оптиката ги јаде у секој поглед, но имам доза на резерва за тоа како изгледа во пракса.
Во теорија и пракса коаксијална ТВ ја јаде ИПТВ секогаш во поглед на квалитет, т.е поради конверзија/компресија/деконверзија на твоја страна/декомпресија на сигналот имаш загуби и екстра шум (кај коаксијална од сателитски ресивер директива ти ја модулира и праќа до дома, кај ИП имаш екстра чекори).
Додека бев на коаксијална, кога гледав фудбал јас имав завршено со славење на гол, а комшијата доправа почнуваше да се радува на ИПТВ, сега сме усогласени :D и сликата им е стакло, кај Телеком ја немам таа острина.
Оптиката го јаде коаксијалецот само за интернетот, со доксис 3.1 може и таму да се развијат симетрични брзини ама е троа поскап апгрејд.
 
Епа да, тоа ми беше кажано - ресиверот ќе влече сигнал од рутерот со мрежен кабел. Имаше проблеми некакви, нестабилност, гушење на мрежа или губење на дел од капацитетите ради ТВ ?
Јас немам никаква разлика откако сум на оптика, никакви промени. Телевизијата ми е буквално иста како и на коаксијален кабел, можеби понатаму ќе воочам некоја разлика кога ќе користам 3 телевизори постојано, моментално само 1 користам, а другиот ми е преку CAM картица...
 
Zdravo decki. Sakam da ve prasam za dopolnitelnite pridobivki - Internet vo roaming. Dali nekoj ima aktivirano i dali ima koristeno? Vi blagodaram mnogu odnapred.
 
Здраво, имам ЛТЕ од А1 на телефон дома кога користам LTE брзината е 1/2 mbps и ми кочи морам на WIFI да се префрлам . Дали на ТЕЛЕКОМ LTE е подобро да ми прати некој screen од speedtest, и дали се има некој префрлено од а1 на телеком и да направи споредба во LTE-то .
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom