Здраво
Од системот кој во моментов е поставен во вашето возило можат да се задржат
резервоарот, мултивентилот,полначката за плин и бакарната цевка, додека во
делот на моторот најдобро е сите компоненти да се заменат со комплетно нов
уред (компјутер -ECU, електрична инсталација, редуктор, вентил за плин, филтер за течна фаза, филтер за гасна фаза, инјектори, МАП сензор, температурен сензор, црева за плин за секвент уред, контролно копче). Така на пример, излезните големини кои ги дава редукторот на Вентури уредот немаат допирна точка со тие на редукторот на секвенционалниот уред.
Поставување на целосно нов (секвенционален) уред во делот на моторот ќе Ве
чини 440 евра. По направенеите промени на системот, по правило би требало да се
оди на реатест кој чини 1200 ден., но во реалност никој нема да го бара тоа од
Вас, бидејќи никој нема право да го проверува плинскиот систем освен Машински Факултет Скопје (освен ако не сте од Гостивар или од Свети Николе каде и да не менувате ништо ќе Ви бараат да се прави реатест еднаш годишно)