Дилема за кокошката и јајцето?

  • Креатор на темата Креатор на темата CopyOfDeath
  • Време на започнување Време на започнување
Ај едно прашање за вас , кокошките дали јадат песок ? =)
 
Од аспект на постанок -е.

Каков авторитет е кокошката во постанокот на првите организми? Или јајцето?

@ firstbold: LOL.

Не е никаков авоторитет ни кокошката ни јајцето.
Поентата е дека се на светов оди од попросто кон посложено, а не обратно.
Таква е природава.
И сите суштества се настанати од по прости, до по сложени.
По таа логика, јајцето бидејќи е по просто, настанало прво.
 
Ај едно прашање за вас , кокошките дали јадат песок ? =)

Абе по ЗПО не учеа дека јаделе просо и такви слични ама песок дека јадат не. Така да, мој конечен одговор е дека не јадат.
 
Абе по ЗПО не учеа дека јаделе просо и такви слични ама песок дека јадат не. Така да, мој конечен одговор е дека не јадат.
Уствари не знам шо птица јадеше песок за полесно да ја свари храната ама не знам дали за кокошката беше.
Не знам ни како е ова релевантно но стварно ме интересира.
 
Уствари не знам шо птица јадеше песок за полесно да ја свари храната ама не знам дали за кокошката беше.
Не знам ни како е ова релевантно но стварно ме интересира.

Друго пиле некое може да јадело песок, незнам. Ама за кокошка 99,99% сум сигурен.

А и мене ме интересира.
 
Мене ме чуди како сите атеисти на ова прашање одговараат дека прво било јајцето :toe:
 
Баш ме интересира.
Не, не јадат.

Да јадат , за полесно да ја сварат храната . Замисли го желудникот на кокошката како Мешалка за цименто , храната= цимент , песокот , пак песок =). На пример пченката е тешка , при јадење на песок ја гмечат ја раситнуваат.
 
шо има везе ова со филозофија и психологија - Дилема за кокошката и јајцето?

Мене ме чуди како сите атеисти на ова прашање одговараат дека прво било јајцето :toe:
мене ме чуди како ти не сфаќаш дека сите атеисти одговараат и ќе одговараат дека јајцето е прво
верниците викаат дека е кокошката прва бидејки господ ги создал животните
 
Со оваа дилема првпат се сретнав во 1996 година :) Во списанието Росица што ни го даваа во забавиште на средните страници имаше вежби, прашања и задачи со поврзување на сликички. Едно од тие прашања беше и ОВА!
Што е постаро кокошката или јајцето?
Е ајде де...на 5годишно дете му даваат вакво прашање :tapp:
И од 1996 наваму размислувам и никако да смислам што е постаро:toe:
:salut:
 
Јајцето е постаро.
 
Јајцето е постаро.
Е кокошката го снела јајцето, значи она е постара, а и кокошката се испилила од јајце, а и тоа јајце било снесено од кокошка и си бил еден поп си имал едно куче кучето му умрело му направил гроб на гробот пишувало си бил еден поп си имал едно куче...
 
шо има везе ова со филозофија и психологија - Дилема за кокошката и јајцето?

Па најверојатно нема некоја тема само за кокошки. Добро де еден оф топик нема да напрај некој штети.
 
Е кокошката го снела јајцето, значи она е постара, а и кокошката се испилила од јајце, а и тоа јајце било снесено од кокошка и си бил еден поп си имал едно куче кучето му умрело му направил гроб на гробот пишувало си бил еден поп си имал едно куче...
Не не..
:)
Зависи дали гледаш од пат на еволуција или религиозно.
Ако гледаш по еволуција, сите сме еволуирале од риби, што доаѓа дека првo е јајцето а потоа од јајцето се испилила кокошка итн итн.
Ако гледаш религиозно, господ ги створил сите животни, therefore, кокошката е прва.
 
@ firstbold: LOL.

Не е никаков авоторитет ни кокошката ни јајцето.
Поентата е дека се на светов оди од попросто кон посложено, а не обратно.
Таква е природава.
И сите суштества се настанати од по прости, до по сложени.
По таа логика, јајцето бидејќи е по просто, настанало
прво.

Целиот болд ЛОЛ. Логикава ти вришти искрено да ти кажам.
Да те прашам како ја одредуваш сложеноста на живите суштества? Кои ти се критериумите? Средината во која живеат, начинот на исхрана, начинот на размножување, интелигенцијата што ја поседуваат... ШТО?

Јајцето очигледно ти го гледаш само како жолчка и белка :jaj: па ти изгледа едноставо. Тоа што оплодено јајце ги содржи сите информации да се развие, дали во влечуга (змии некои гуштери...) дали во животно (желка на пример) или пак птица било која е занемарлив податок. :nenene:

Еве малку да се повикаме и на “еволуцијата“ (претпоставувам на неа се повикуваш ти) како идела.
Живот “најпрост“ се појавува во водата и таму нели се развива во посложен.
Животот полека излегува на копното значи уште посложен и ги имаме влечугите.
Уште посложен живот на копно - Цицачите а дел од животот нели иде во воздухот ете ги птиците.
И сеа имаш посложен живот како цициач некој, кој што деградира со еволуцијата и се враќа во водата (китовите, делфините...)
Имаш дури птици кои што деградираат со еволуцијата и се враќаат делумно во водата, ете ти ги пингвините.
Имаш да не заборавам и риби кои што пробуваат да летаат (над вода). :toe:
И се кои од кои се посложени објасни ми ти.
Дали птиците кои што живеат на копно и воздух и се размножуваат со јајца кои што ги квачат, се посложени од еве делфините кои живеат во вода ама се размножуваат раѓајки живи делфинчиња?????
Животот секогаш си наоѓа начин да опстане, дали притоа ќе се развие условно во посложено или попросто животно не е битно.

Јас темава не ја сватив буквално и дека сеа ние треба тука да откриваме топла вода од типот: како тоа тригодишната кокошка Велика од Виничко Блаце снесе јајце со нашиот вековен симбол шеснаесткракото сонце. Кој е постар сеа Велика или Јајцето? :uvo:

Не не..
:)
Зависи дали гледаш од пат на еволуција или религиозно.
Ако гледаш по еволуција, сите сме еволуирале од риби, што доаѓа дека првo е јајцето а потоа од јајцето се испилила кокошка итн итн.
Ако гледаш религиозно, господ ги створил сите животни, therefore, кокошката е прва.

Ако прочепкаш (разбуричкаш) и двете ќе дојдеш до вистинското прашање кое всушност е поставено со темава а тое.
Дали случајноста го створи животот или животот ја створи случајноста?
Кога ќе се најде вистинскиот одговор на ОВА прашање е тогаш ќе бидат решени сите дилеми.
И да те прашам која од овие две можности тебе ти изгледа по “therefore“ . :smir:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom