Australian Open 2020

Кој ќе го освои Australian Open 2020?

  • Rafael Nadal

    Гласови: 10 17,5%
  • Novak Djokovic

    Гласови: 28 49,1%
  • Roger Federer

    Гласови: 9 15,8%
  • Daniil Medvedev

    Гласови: 1 1,8%
  • Dominic Thiem

    Гласови: 4 7,0%
  • Stefanos Tsitsipas

    Гласови: 4 7,0%
  • Alexander Zverev

    Гласови: 1 1,8%
  • некој друг (наведете во коментар)

    Гласови: 0 0,0%

  • Вкупно гласачи
    57
Статус
Затворена за нови мислења.
М А М Б А
Е
Н
Т
А
Л
И
Т
И
Автоматски споено мислење:

Али се тетерави некако Новак..не е стариот тој доминантен Новак, мислев уште 3-4 години ќе има пред вакви работи да му се дешаваат...
Чудно некако, ама ајде, ќе видиме...

Интересна сезона не' очекува секако.

Не знам дали ова ќе биде прва година некој надвор од GOAT 3 да освои Грен Слем, ама се менуваат времињата полека...

Честитки за Новак, без разлика што сум за Надал, секогаш сакам вакви династии/GOAT приказни кога се случуваат, задоволство е да се гледаат вакви партии, некои луѓе не сфаќаат дкеа гледаат историја што не се повтороува некогаш (пример: ГСВ во НБА)

Особено да не зборам во тенисов, фактот што има три GOATs активни во исто време..мислам во ниту еден спорт никогаш нема да се случи нешто вакво
 
Али се тетерави некако Новак..не е стариот тој доминантен Новак, мислев уште 3-4 години ќе има пред вакви работи да му се дешаваат...
Чудно некако, ама ајде, ќе видиме...

Интересна сезона не' очекува секако.

Не знам дали ова ќе биде прва година некој надвор од GOAT 3 да освои Грен Слем, ама се менуваат времињата полека...
Далеку е од стариот Ноле, и Рафа исто, за Роџер да не зборам.
На крајот од втор сет бродолом му се деси, врати брејк 4-4 изедначи, и го снема одеднаш и физички и психички 6 гема по ред изгуби. Може и никад во слем финале да не му е случено ова, 6 гема цел ебан сет гем да не земеш.
Рафа случајот во финалето на УС каде после 2-0 во сетови и брејк предност во трет сет, дојде до ситуација еден поен да одлучува у петти сет со Медведев е бетер.
Не се физички на тоа ниво и тоа е тоа. На искуство и психа беше освоена и таа титула на Надал и оваа на Ноле. Додај на тоа каква среќа имаа у жребот Рафа на УС со (Шварцман и Беретини пред финале), и Ноле тука со Раонич непостоечкиот година дена и најлошиот Роџер евр. Да ти се погоди жреб Тим, Медведев/Зверев/Циципас, бонус у финале уште некој од ГОАТ-овите да те чека. Иди освој нешто.
Преголеми се бројките шо ги тропавте пред некој ден од 25 слема, макс 21-22 да стигне некој и тоа ќе е тоа. На тврда се егал уште сега, едино на трева и земја што прават некоја разлика.
 
Далеку е од стариот Ноле, и Рафа исто, за Роџер да не зборам.
За Рафа и Роџер ок, ама Новак..една повреда посериозно..па пред година-две играше маестрално..и падна после тоа..
За двајцава очеквуано е, ама мислев Новак ќе падне подоцна
 
Како тоа паѓа кога освојува титули...
Пред две недели освои АТП Куп со утепаната репрезентација на Србија, денес освојува Австралија опен, ова што го прави не е реално. А и не е така млад - 33 години.
 
]
Али се тетерави некако Новак..не е стариот тој доминантен Новак, мислев уште 3-4 години ќе има пред вакви работи да му се дешаваат...
Чудно некако, ама ајде, ќе видиме...
Dude ... сериозен ли си, па уште и 3-4 години ќе има пред вакви работи да му се дешаваат, а му се десиле 10 пати минимум до сеа : ))))))))))

1. Не го зимаш у предвид фактот дека изигра цел атп куп од старт до финале, турнир кој пресериозно сите го сфатија, имаше пеколно тешко финале со рафа и одма после тоа дубл.

2. Мечапот, стариот доминантен новак кој сеа е сменет со вавринка далечната 2013 играше 5 сета и победи на разлика 12-10 у финалниот, една топка тука одлучуваше и стен идиотот у клучен поен не побара челенџ со кој ќе земеше многу битен поен мислам, така нешто беше. Да потсетам дека стен тогаш имаше 0 слемови.

3. Нека ме поправи некој али мислам дека сум у право за ова, прв пат у кариера успева да освои слем а притоа да губел после 3 изиграни сетa. :)
Губел 1-0 па освојувал, ама никогаш не освоил кога губел 2-0 или 2-1, сеедно. Кога веќе ја повлекувам оваа паралела, одма ми текнуе на финалето со енди во америка кое имаше сличен тек и на крај го загуби. Значи 9 пати губел у финале на слем, ова е прв пат да врати ваква негатива и да победи, 4 од овие 9 финалиња се со вавринка и мареј, па види ти.

Е сеа денес не бил доминантен, и ? Мора да е доминантен секое финале за да биде оној стариот ... па не е сам на терен, тием има ненормално напреднато на тврда подлога, ненормално има напреднато у сите сегменти од овој спорт, игра тенис кој воопшто не му одговара на новак, затоа и ти го спомнав намерно вавринка, физички делува маестрално така да веруј ми, да беше ова стариот новак, ова финале требаше да му биде изгубено.

Денес имаше блекаут и потона 2 сета, прашај било кој фан на новак колку вакви моменти го краселе у минатото, дел од нив го коштале и неколку слема, така да среќа не е оној стариот зашто ко што реков, ова финале ќе беше изгубено.
Точно е дека никад не му се десило да изгуби 4 сервиси по ред ама треба да се земе у предвид и фактот дека од годинава мења начин на сервирање и дека ова е новост у неговата игра на која уште треба да работи периодов што следи со Горан Иванишевич. Ко што умре со сервисот од крај на втор сет па све до четврти и општо потона у секој можен сегмент, така истиот тој сервис на крај му донесе и титула, посебно вториот кога отсервира неколку страшни сервиси нарочито оној на 30-30 и 4-3 у 5ти сет. Или - или беше работава, или ќе се колнеше горан после мечов, или ќе му се кажеше едно големо фала, за среќа испадна второво.

На крај нормално тука е и менталната сила која ја поседува, нескршливо делува, последните 2 освоени слем титули се доволен показател за истото и ова е една од главните карактеристики со кои големата тројка се двои од сите останати. Ако овие со игра им се доближуваат, на овој план се сеуште многу многу далеку од нив, се кочат, паѓаат, утнуваат зицери, прават неизнудени грешки и не знаат како да излезат од тоа срање. Да беше обратно денес, тием да го земеш прв сет и да имнаше такви 2 следни, последниот 6-0 ке го изедеше, ретко кој у едно финале може да успее така да се издигне и да го најде потребниот баланс за да победи, всушност и фактот што ова е прво финале освоено од новак после негатива од 2-1 доволно кажува.
 
На психа, на искуство.. исто ко Рафа со Медведев финалето у УС Опен . Најјака глава во тенисот. Бил и ќе остане. 17 слемови, ќе тера над 20.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom