Втора светска војна (1939-1945) - генерална дискусија!

Член од
14 ноември 2013
Мислења
7.300
Поени од реакции
23.019
Не ни пишав дека Кина била комунистичка...
Јапонците не се предавале поради една причина - чекале да пристигнат Американците за да се предадат. Затоа.

Не сакале да се предадат на СОЦИЈАЛИСТИЧКИТЕ Русија и Кина. Доколку Јапонците им се предаделе на Русите, тогаш Јапонија ќе беше во иста позиција како Источна Германија :) А многу од нив ќе завршеа во Сибир или на Камчатка во воени логори. Друга приказна е ако им се предадеа на Кинезите. Е дури тогаш ќе надрапаа...
За останатото немам намера да дебатирам, мислам дека доволно кажав.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
4.059
Поени од реакции
6.536
Јас па од друга страна сметам дека е правилно што јапонците не се кастрирани како германците во тој поглед, што вториве заради нацизмот се принудени да се срамат и да ја ревидираат целата своја историја и да искоренат чувството на национална гордост.

Барем јапонците имаат повеќе свест дека не е се црно и бело во втората светска војна, туку дека има едно огромно сивило кое се прелева и кај двете страни на конфликтот, несомнено многу посиво накај црно кај страната на оската.
Па после две светски во период од 25 години јас мислам дека кастрацијата е мала работа, заслужија германците и атомска да им се мавне, и да се извинуваат до крај на светот, нивна намера беше да направат цивилизациско-демографски reset на светот, мислам што да се каже повеќе? Исто и Јапан. Зависи како гледаш на тие работи, баш втора светска е навистина црно-бел конфликт, еден од ретките но секој здрав, нормален човек во тој период би се борел или би подржувал сојузниците, како што и мои претци се бореа против силите на оската.
За Јапан и војната има еден израз they were out of they`re depth, играле на висок влог без позадина и како што вели Берик си поминаа премногу лесно за сите злочини. Нема простор за достоинство кога историјата кажува за цел град од жени во Кореја 20К+ кој служел за "релаксација" на јапанските јунаци за време на отсуство, а тоа е само 0,1% од срањата кои ги имаат направено.

Све ова точно за Јапанците.
А, за да сфатиме како и зашто Хирохито така поминал, треба да имаме в предвид неколку работи:

- Структурата на јапонската власт, позицијата на Хирохито во контекст на односите помеѓу него и членовите на владата
- Специфичната позиција и начин на функционирање на армијата
- Условите во кои е понудена и потишана капитулацијата

Може и на подолго да се збори за овие точки.

Сталинград има повеќе од два милиони жртви, зависи што сметаш за битка кај Сталинград. Дали кога Вермахтот стигнува до предградијата (во тој случај би рачунале дека траела 5-6 месеци) или од сам почеток на офанзивните дејствија, затоа што тоа е непрекинато тепање. Станува збор за серија од споени битки, од Харков, преку Дон, Калач па се до Сталинград. Тој погоре Стратус, што пиша за таа битка, нормален човек би рекол дека претерува. Некој кој знае би рекол дека дури и преблаго се изразил. Сталинград е навистина најголемата битка во историјата (а тоа не се мои зборови, туку зборови на еминентни историчари). Голема, во смисол значајна, а и во секој друг смисол.
Технички, битката за самиот град е најблиску до типот на рововски битки, кои и ги имаш наведно, од минатата војна.
Автоматски споено мислење:

Не е тоа достоинство. Тоа е негирање на сите злосторства кои ги направиле нивните претци и во тоа нема ама баш ништо достоинствено. Јас им велам, зошто ги браните и сами идете против здравиот разум. Не сте вие они. Не сте ВИЕ тие луѓе кои го правеле тоа. Има извештаи, снимки, слики... Не е тоа ствар на збор од уво до уво.
Автоматски споено мислење:

Германски војник, свири виолина.
Сликава е направена на 21-ви јануари 1943, во Сталинград (пред точно 77 години) и баш симболично ја доловува ситуацијата.
Ова се последните денови во обрачот. Се гледа колку е неухранет.

Автоматски споено мислење:

Ова време баш пред 77 години, во Сталинград германскиот војник добивал по 50 грама леб дневно. Тоа му е све што добивал, од храна. Две кришки. 300 калории. Минимум за нормален живот ваљда е околу 2500.
Хитлер првпат му севнала сјајна идеја за освајање на Сталинград при крај на Јули 1942, општоприфатената дата за почеток на најголемата битка на сите времиња е 23.Август 1942 само што за разлика од Верден, во сталинградската операција имало денови без борбен контакт, затоа Сталинград е најголема евер а Верден најдолга евер.

Битноста на двете битки е слична, иако Сталинград е подраматична и со многу појасен крај изразен со капитулација на 6.армија, но и после Верден (25.Февруари 1916, познат и како Црниот Ден на германската армија, никогаш и никаде нема да загинат толку германци за 24 часа како тогаш) и после Сталинград скршен е духот на нацијата, не знам како да го објаснам тоа, верата во победа исчезнува, не дека немале доволно сили и после тие битки германците се бореле и сето тоа, но нешто се скршило во нацијата, непоправливо, за прв пат почнува да се вовлекува мислата, црвот за сомнеж дека е можен пораз меѓу населението.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.241
Поени од реакции
84.268

ОК, мада најдолга битка на сите времиња ја рачунаат Битката за Атлантикот, иако според мене не може таа да се споредува со овие, од разбирливи причини.

Битноста на двете битки е слична, иако Сталинград е подраматична и со многу појасен крај изразен со капитулација на 6.армија, но и после Верден (25.Февруари 1916, познат и како Црниот Ден на германската армија, никогаш и никаде нема да загинат толку германци за 24 часа како тогаш) и после Сталинград скршен е духот на нацијата, не знам како да го објаснам тоа, верата во победа исчезнува, не дека немале доволно сили и после тие битки германците се бореле и сето тоа, но нешто се скршило во нацијата, непоправливо, за прв пат почнува да се вовлекува мислата, црвот за сомнеж дека е можен пораз меѓу населението.
Да, покушавале да скријат, да употребуваат лажни вести, да користат игри на зборови, ама сето тоа било не толку успешно, пошто некои писма со неподобна содржина од Сталинград сепак се имаат протнато, исто така усно пренесени вести и гласини.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
4.059
Поени од реакции
6.536
Нема врска.

Советите на 9ти Август ја напаѓаат Манчурија, многу важен индустриски регион за Јапонија а денес за НРК, и ја уништиле "Кватунг" армијата а со тоа и последната јапонска надеж дека имаат некаква шанса да опстојат.

Американците имаат план за инвазија на Јапонија под име Downfall но ако битката за Окинава е показател, инвазија на Јапонија ќе кошта десетици ако не и стотици илјади американски животи (ако не се лажам над 200к) па се иде со опција на фрлање атомски бомби.

Американците не фрлиле бомба на Токио бидејќи сакале после војната да го сменат јапонскиот менталитет и да имаат добри односи со јапонскиот народ.
Американците не фрлиле атомска над Токио затоа што го срамниле конвенционално, 340 Б-29 со запаливи бомби убиле скоро исто народ колку и двете атомски земени заедно при масакрот на Токио во Март, немало повеќе што да се уништува во Токио, Кјото бил градот кој бил поштеден поради историски значај, требало да се фрлат атомски над Хирошима и Кокура но вториов куртулил поради лошо време и Бокскар завзел курс кон резервната цел, Нагасаки.

Војната завршила на 2.Септември, 15.08-02.09 имало битки меѓу јапанци и совјети, со западњаците се предаваат на 15-ти.
 
Член од
28 август 2013
Мислења
4.431
Поени од реакции
13.494

Американците и британците ја користеле таа метода, палење градови(firestorm)... И у немачка, на пример Дрезден (цивили во скривници буквално биле сварени од жестоко бомбардирање, а фабриките околу градот здрави). Макар да и после втора светска војна(Југославија на пример, 2 пати по грешка болница бомбардирана)... Ако не можи по војската, убиј цивили, да го скршиш духот на непријателот. За Виетнам или Кореја да не праиме муабет(+хемиско и биолошко оружје)...

Ова од немците го научиле, ама испаднаа подобри од мајсторот...
 
Дрезден секако е воен злочин, но како што им кажал Бомбер Харис, посеавте ветар, ќе пожнеете бура и навистина тоа им се случи на германците (Ковентри 1940, 1600 мртви, 6К+ ранети). Не знам на што мислиш Југославија после војната?!
Не научиле ништо од германците и не може америчките злочини да се ставаат во иста категорија со германските, иако злочин е злочин (Камбоџа, америте се директ одговорни за доаѓање на власт на Кмерите). Германците имале глобални геноцидни планови за кои нема еквивалент во познатата историја.

А за масовна употреба на разорно, запаливо или било какво оружје, тоа го овозможила индустриската револуција, не е нешто врзано за втора светска. Да се надоврзам на Верден, бидејќи тогаш авијацијата била во повој, артилеријата ја имала истата уништувачка улога, германците поставиле по едно артилериско орудие на секои 10 метра од линијата према Фор Дуамон, значи 1200 топови, хаубици и минофрлачи, меѓу кои и 2 бродски земени од аустријанци тазе излиени во Шкода од 356мм кои биле предвидени за (на крај) неизградените аустриски бојни бродови од класа Ерзац Монарх, хаубиците "Дебела Берта" од 420мм за кои требало специјална пруга и постамент од бетон, околу 2 милиони гранати за првите 24 часа, сето тоа како дел од артилериска припрема пред настапот на пешадијата.

Последно уредено:
Член од
28 декември 2015
Мислења
4.059
Поени од реакции
6.536
За Јапан пресврт бил Мидвеј, скршена е псевдо-Бушидо идејата засекогаш, исто цензуриран како Сталинград во Германија, зачинето со идиотски објави дека уништиле 500 амерички брода и слично, макар да и да победеле кај Мидвеј (а малку фалело) само ќе ја продолжеле војната за година макс. еднаш кога се мобилизира гигантската машинерија на САД во воен контекст само прашање на време било кога ќе ги здробат јапанците, уште пред Мидвеј е нарачана класата Есекс од 32 големи флотни носачи со по 96 авиони секој. А, да, и 135 ескортни носачи со по 20-40 авиони секој. Let those numbers sink in :) Sink in hehe :)
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.241
Поени од реакции
84.268
Веднаш по поразот немало никакви отпуштања, нити казни за погорните ешалони кои учествувале во операцијата Mi - за да не биде сомнително во јавноста. Никакви извештаи за погинатите. Сето тоа зачинето со медиумски мрак околу исходот операцијата, која и така не била медиумски покриена (заради тајност) на почетокот.
Автоматски споено мислење:

Let those numbers sink in :) Sink in hehe :)
ова буквално го цитираш Parshall
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
4.059
Поени од реакции
6.536
Веднаш по поразот немало никакви отпуштања, нити казни за погорните ешалони кои учествувале во операцијата Mi - за да не биде сомнително во јавноста. Никакви извештаи за погинатите. Сето тоа зачинето со медиумски мрак околу исходот операцијата, која и така не била медиумски покриена (заради тајност) на почетокот.
Автоматски споено мислење:

ова буквално го цитираш Parshall
Читајќи за таа битка човек не може да се начуди на цела серија погрешни одлуки и неискористување на тактички не отвори, него кратери оставени од америте поради разни околности, и покрај бројчаната надмоќност губат 4 флотни носачи за 1 амерички. 4 носачи за еден безначаен атол забатален во пацификот со сомнителна стратешка вредност. Макар да самиот напад на Мидвеј бил само за да се навлече америчката флота и да се уништи, било да се освои или не, не бил примарна цел.
 
Целта е да се уништи остатокот, т.е. носачите. Но, истовремено се зголемува одбрамбениот периметар. Со вакво зголемување на одбрамбениот периметар (Мидвеј и Алеути), не само што се добива стратешки во одбрана, туку се доведува во директна опасност остатокот од поседите на САД, како Хаваи и брегот на Аљаска. Сето ова, претпоставувале, конечно би ги седнало на маса Американците во моментално неповолна положба за нив и евентуално би прифатиле договор.
Тоа е јапонската перспектива, погрешна, како и обично, која не зема в предвид повеќе нешта, како на пример - истиот момент кога сликите и вестите од Перл Харбур стигнаа низ САД, толку беше од тие муабети (за спогодби и мировни договори), барем на план на homefront во САД (јавност etc.).
Автоматски споено мислење:

Читајќи за таа битка човек не може да се начуди на цела серија погрешни одлуки и неискористување на тактички не отвори, него кратери оставени од америте поради разни околности, и покрај бројчаната надмоќност ...
На Мидвеј Јапонците имаат бројчана надмоќност во бродови само. Во авиони, не.
Имаат еден голем носач повеќе, како и доста повеќе други пловила.
 
Последно уредено:
Член од
28 декември 2015
Мислења
4.059
Поени од реакции
6.536
Веднаш по поразот немало никакви отпуштања, нити казни за погорните ешалони кои учествувале во операцијата Mi - за да не биде сомнително во јавноста. Никакви извештаи за погинатите. Сето тоа зачинето со медиумски мрак околу исходот операцијата, која и така не била медиумски покриена (заради тајност) на почетокот.
Автоматски споено мислење:

ова буквално го цитираш Parshall
Кој е тој Паршал?!

Целта е да се уништи остатокот, т.е. носачите. Но, истовремено се зголемува одбрамбениот периметар. Со вакво зголемување на одбрамбениот периметар (Мидвеј и Алеути), не само што се добива стратешки во одбрана, туку се доведува во директна опасност остатокот од поседите на САД, како Хаваи и брегот на Аљаска. Сето ова, претпоставувале, конечно би ги седнало на маса Американците во моментално неповолна положба за нив и евентуално би прифатиле договор.
Тоа е јапонската перспектива, погрешна, како и обично, која не зема в предвид повеќе нешта, како на пример - истиот момент кога сликите и вестите од Перл Харбур стигнаа низ САД, толку беше од тие муабети (за спогодби и мировни договори), барем на план на homefront во САД (јавност etc.).
Автоматски споено мислење:

На Мидвеј Јапонците имаат бројчана надмоќност во бродови само. Во авиони, не.
Имаат еден голем носач повеќе, како и доста повеќе други пловила.
Не го очекувале Јорктаун, славната 48-часовна епизода со непрекинатиот ремонт на овој брод во докот на Перл Харбор им избегала на јапанските стратези и така наместо 4-2 во носачи битката станува 4-3 во носачи. Девастаторите, торпедните авиони на америчките носачи биле инфериорни према панданите Б5Н Кејт, на самиот Мидвеј се мотале Брустер Ф2Б Бафало, ловец со крајно сомнителна репутација, омилен во Финска и омразен од сите други авијации кои имале (не)среќа да го сретнат. Лексингтон и Ленгли веќе биле потопени на други места, Ренџер бил на Атлантик така да со евентуална победа би го очистиле пацифик за пола година-година, додека не почне штанцање на класа Есекс и остали носачи.

За да одржуваат толкав периметар, Јапан требало да изгреади уште една флота, покрај таа што ја имаа, тоа е некои 80% од Пацификот, но све што е поврзано со Јапан во војната има доза на сулудост.

Друга интересна ситуација кај Јапанци а особено Германци е опсесијата, манијата со тактички бомбардери и тоталното запоставување на стратешка авијација, тоа било погодно за блицкриг но погубно за тотална војна во која се нашле двете манијакални држави во тоа време.
 
Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.554
Поени од реакции
22.245
Okolu unistuvanjata na Germanskite gradovi.

Dresden sekojpat e vo fokus ama Keln bese uste poosteten a Hamburg imal poveke zrtvi. Isto taka pomali gradovi do 50.000 ziteli procentualno bea poveke osteteni. Eve koi gradovi bea napadnati: https://de.wikipedia.org/wiki/Liste_der_Luftangriffe_der_Alliierten_auf_das_Deutsche_Reich_(1939–1945)

Nekoi gradovi imaa voena industrija i bea poradi toa napadnati ama posebno na krajot na vojnata, koga pobedata bese vidliva, imase i mnogu gnev i odmazda vo napadite. Razbirlivo so ogled kolku steta napravi tretiot rajh iako ne e za pravduvanje. So napadite sakaa i da go demoraliziraat narodot od koi seuste golem del stoese zad ideologijata na nacistite. Od druga strana valjda imase uloga i toa sto se desi po prvata svetska vojna. Germanija bese ponizena i morase mnogu zrtvi da nosi. So versajskiot dogovor sakaa da ja drzat Germanija dolu za da ne dojde do slicna situacija no ete 20 godini podocna se sluci sprotivnoto. So unistuvanjeto na Germanija sakaa da ja vratat vo kameniot vek i ovoj pat stvarno da se osigurat deka po vojnata Germanija ke nema potencijal da se opravi. Vo toj period i ne znaele sto da pravat so Germanija po vojnata. Na kraj izgleda politickata integracija na Germanija vo megjunarodniot (zapadniot) svet bese tocniot pat za da se postigne toa.

1580717948874.png

Okolu odnosot na Germancite so nastanite vo Tretiot Rajh: Od denesen aspekt, kako sto pisaa nekoi, Germancite dosta objektivno gledaat na nastanite i so pravo spomenot go drzat gore. Toa nekomu mu izgleda ponizuvacki no ne pomina ni vek posle toj period, ima uste zivi svedoci i storiteli od toa vreme. So ogled na toa sto desnicata raste i vo Germanija sega uste poke e potrebno toj spomen da se drzi gore kako ogledalo za da ne se desat slicni raboti, neli site pocetoci se blagi pa se razvivaat. Do 60tite vo Germanija se tabuizirase toj period posebno sto golem del od populacijata aktivno i pasivno ucestvuvaa vo zlostorstvata od toa vreme. Mladata generacija (68er - studenti krajot na 60tite) napravija pritisok i od toa vreme se detabuizira toj period do denes.

Za razlika Japoncite, kako i drugi aziski narodi, se seuste golemi nacisti vo sporedba. Nemaa izbor i prifatija hegemonija nad Amerika. Vidoa deka do nekade im nosi prednost i go trpat od pragmaticni pricini. Tesko deka d niv moze da ocekuvame objektivnost okolu nivnata uloga vo toj period vo sporedba so Germanija.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom