Колку се само срамни „балкански“ коментари како се плука по Кинеската раса, до кое ниско безсвестно ниво сме дојдени,
па погледете каков воздух дишеме, каде не се ги пуштаме отпадните води и како ни изгледаат улиците, реките и деловите покрај патиштата кои се во рурални средини. Како ние сме нешто поарни и се грижиме за другите. Сето тоа влиае директно или индиректно врз животната средина.
Никој не изрази сочуство до семејствата,60 мил се потенциални жртви на вирусот тоа е огромна бројка. Среќа во несреќа што вирусот се погоди во Кина каде што системот им функционира добро и се богата земја па ќе се справат најбрзо.
Да беше некаде на балканот или источна Европа за месец дена ќе изумревме. Па за 2 дена и 2 ноќи изградија болница кај нас ни треба 2 години да изградиме 10 катница.
Азија, Индија е пренаселена има недостиг од храна, со тоа се јаде се и сешто.
Меѓутоа ако храната е добро зготвена а они имаат еден куп на зачини е невобичаено а богатите бидејќи имаат се живо пробано ќе платат богатство за да пробаат.
За нас Европјаните не незамисливо да имаме кучешко на маса, ама ете пак во Индија кравата е свето животно па ај ти докажи му на Индиец зошто јадеш говедско.
Еве американците сакаат живо говетско месо, буквално да е крваво, што ќе му каже госпоѓата од фејзбукот што вели дека сите Кинези се исти доколку некој американц и побара живо крваво месо?
Се е тоа дел од култура и начинот на воспитување од мали нозе за некои нормално е жива риба, живо говетско, змија, жаба,
џварки итн.
Пазар „Азија“
Незнам дали ќе го отвори бидејќи е од фб но сигурен сум дека за брзо време ќе излезе на секој фб профил па ќе се погледа.
Небитно поентата ми е дека во видеото пазарот е далеку од USPH или Хассп ама скоро секој таков пазар е сличен без разлика дали е во Кина, Филипини, Индија, Украјана, Русија, Србија, Македонија. Не викам дека во Русија се продаваат љиљаци или глувци ама третманот врз месото е исти.
Пример бидејќи сум од Куманово ќе зборам за Кумановски пазар ( сезона на чварки) продавачот става во кеса чварки кои се цело време открени, наплаќа си се чеша по глава и цел ден нема измиено раце. Не верувам дека некој купувач после тоа тие чварки ќе ги обработи термички, со тоа бактериите остануваат и одат директно во стомакот на купувачот.
Дали во оваа ситуација се почитува Хасп? Дали вакви случаи има по пазарите во светот?
Начини да се добие зараза има во секој момент, независно каде е храната во светот 100% привентива нема, туку само рутинирани мерки преку миење раце, пазење од каде ќе се купи (ма да и ова е на база на претпоставка) и народски кажано господ нека не чува.