Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
за 2 години од финансиска бездна, договори со уефа за фифа фер плејот, ограничено трошење, до историски најскапи трансфери и носење на ериксен кој беше зицер за секој голем клуб на планетава, и можност да му се дава супер плата.Уште не ми се верува дека успеаа да го реализираат трансферов. Го донесоа еден од најдобрите плејмејкери во свет, за само 20 милиони евра, во ситуација кога човекот за 6 месеци остануваше без договор и можеше да преговара со билокој клуб во светот.
Монументален трансфер!!
Марота ме направи верник во неговиот лик и дело.
Сериозно, фантастична работа од негова страна, демонстрира колкава разлика прави високо квалитетен и компетентен менаџмент, во развојниот пат на еден клуб. Тоа важи и за Аусило и останатите во позадина, големо браво.
Особено треба да им се честита на сопствениците, кои за период од скоро 3 години успеаја комплетно да ја променат траекторијата на клубот. Од полумртов клуб во слободен пад, со одлично менаџирање, стабилна финансиска подршка, квалитетен бизнис модел и многу трпение, полека го враќаат во big boys club. Ако го реализираат и проектот за сопствен стадион, тоа е ќе биде последниот чекор за да се вратат во друштвото на елитни клубови.
Сега веќе е време да се мисли на трофеи, какви и да се.
Подобро нека остане, за замена ке ни дојде КуцкаНишто од продажбата на Весино рагаци, никој не го сака. Со тоа изгледа дека и Жиру ќе отпадне.
Какви гзо-вртачи значи, сега имаш комплетен тим и сите пишуваат не биле доволно јаки за Јувентус за скудето бла бла бла, само за да бидат поштедени од 'хехехе смешките', на крај ако се посерат. Абе со Ериксен во средина, Интер има убедливо најдобра средина во Италија, напаѓачко дуо со најмногу голови и одбрана составена од класа дефанзивци (најдобрите во Италија), сите предуслови за скудето. Само корумпираноста на Италија може да ја заебе оваа сезона и нели нормално некој брејнфарт или тешки повреди...