Money heist / La casa de papel

  • Креатор на темата Креатор на темата staycalm
  • Време на започнување Време на започнување
Ја изгледав серијата, позитивно ме изненади за една шпанска серија. Кога ќе слушнеш шпанска серија, одма ти текнува на некоја сапуница и булшит сценарија, ама ова е одлично. Имаше некои нереални срања кои ме нервираа, бидејќи кога гледам нешто многу ми кршат филм нереални ствари, до душа све е нереално на некој начин, али дозата на нереалност на сцената на Токио со моторот кога се враќа предизвикува дијареа. Кога почнав третатата сезона (втора оригинално) одма се виде дека не е тоа тоа, и дека причата мораше да заврши со втората сезона, ама па од друга страна некако малку ќе беше понудено, премалку епизоди да остане нешто remarkable, па ако застанеа таму ќе беше само добра серија. Не е истиот филинг и истиот хајп кога гледаш, ама добро си извозе и третата сезона.

Иначе гледам многу хајпната Токио, мене некако ич не ми прави мерак, газлеста е да, ама некако поише по мој вкус се Алисон од прва сезона и Моника. Токио и Наироби грдички поприлично. Омилени ликови Денвер и Берлин. Иначе преочигледно беше кој ќе биде првиот убиен од бандата, некако ми потфрлија на тоа поле, доза на изненадување малку да имаше... Како и да е, подржувам вака анти системот серии, нека се буди револуцијата во луѓето на еден или друг начин, одбивност кон системот и начинот на функционирање на истиот е тоа што ни недостасува во денешницава. Пораката е кристално јасна, гледам и идејата се шири низ светот, полн погодок ми е серијава на тоа поле.

Вака така, пак се заебав што гледав серија што не е завршена, иста грешка по 10ти пат, а си реков само завршени отсега сите претходни 9 пати... :D
 
Последно уредено:
Имав среќа на едно од моиве бизнис патувања да налетам на Ицијар Итуњо (Ракел). Ја заследив одма на Инстаграм и можам да кажам дека поубава е во живо, права Шпањолка :) (ок, знам дека се идентификува како Баскијка)
 
Е сега ти завидувам максималноо. (n)

Инспектора ми е :love::love:
 
Имав среќа на едно од моиве бизнис патувања да налетам на Ицијар Итуњо (Ракел). Ја заследив одма на Инстаграм и можам да кажам дека поубава е во живо, права Шпањолка :) (ок, знам дека се идентификува како Баскијка)
Жениште :)
И јас ја следам на инста и прилично е многу блиска со фановите, скоро на секој коментар дава одговор
Автоматски споено мислење:

Ја изгледав серијата, позитивно ме изненади за една шпанска серија. Кога ќе слушнеш шпанска серија, одма ти текнува на некоја сапуница и булшит сценарија, ама ова е одлично. Имаше некои нереални срања кои ме нервираа, бидејќи кога гледам нешто многу ми кршат филм нереални ствари, до душа све е нереално на некој начин, али дозата на нереалност на сцената на Токио со моторот кога се враќа предизвикува дијареа. Кога почнав третатата сезона (втора оригинално) одма се виде дека не е тоа тоа, и дека причата мораше да заврши со втората сезона, ама па од друга страна некако малку ќе беше понудено, премалку епизоди да остане нешто remarkable, па ако застанеа таму ќе беше само добра серија. Не е истиот филинг и истиот хајп кога гледаш, ама добро си извозе и третата сезона.

Иначе гледам многу хајпната Токио, мене некако ич не ми прави мерак, газлеста е да, ама некако поише по мој вкус се Алисон од прва сезона и Моника. Токио и Наироби грдички поприлично. Омилени ликови Денвер и Берлин. Иначе преочигледно беше кој ќе биде првиот убиен од бандата, некако ми потфрлија на тоа поле, доза на изненадување малку да имаше... Како и да е, подржувам вака анти системот серии, нека се буди револуцијата во луѓето на еден или друг начин, одбивност кон системот и начинот на функционирање на истиот е тоа што ни недостасува во денешницава. Пораката е кристално јасна, гледам и идејата се шири низ светот, полн погодок ми е серијава на тоа поле.

Вака така, пак се заебав што гледав серија што не е завршена, иста грешка по 10ти пат, а си реков само завршени отсега сите претходни 9 пати... :D
Токио не да е хајпната, не знам стварно што гледаат мажите во неа ( добро знам ама сепак :) )
Во серијата е глуп карактер, мозок од чавка а изгледа и во живо не е ништо поарна :)
Имам гледано доста Шпански емисии на кои таа била гостин ми изгледа за многу глупава особа, мој впечаток.

Инаку ај како женско јас да се изразам, никогаш не ми се допаѓале личности како карактерот на профе, ( нерд личности со наочари и бради) не дека сум особа која загледва некои guay момци што викаат во Шпанија, али човече посексапилен маж од професорот јас немам видено :ROFLMAO: , едноставно толку го имаат во серијата разработено карактерот, што те прави да го гледаш со подзината уста, секој потег, секој чекор од памет да те извади, секоја чест.
Sapiophile особа станав :D го отепав од манијачење на инста:backa:
 
Последно уредено:
Берлин беше најинтересен лик, исто и актерот е симпатичен за негови години. Другото од машки дел, мех.

Најроби имаше најок карактер кај жените, што ја правеше и покрај изгледот, поатрактивна од тоа што е. Инаку на лик Моника е најлична.
 
И Берлин не е лош ама сепак си стојам на мојот избор :)
Инаку од жените да, Најроби омилена, на лик инспекторката ми е број еден
 
Берлин крајно антипатичен али требаше таков лик да има, Најроби дефинитивно омилен лик а инспекторката најубава на лик само од коа стапи у романтична врска со професорот падна карактерно у мои очи, таа Моника уопште не ми е убава.
 
Во првите две сезони беше глупичка, третата сезона од кога се приклучи во бандата видовме промена
Lisboa > Raquel :)
Инаку онаа Сиера инспекторката иста Вилма Русковска ми е :D добро посимпатична малце
 
Јас до пред некоја година бев ептен скептик за шпански филмови, но потоа го изгледав El Cuerpo и уште еден друг не ми текнува како се вика и сфатив дека ептен сум згрешил што не сум гледал. Некоја посебна мајсторија имаат, фантастични филмови. Серијава прејака, една од омилените ми стана, штета што четвртава сезона ќе е последна.
 
нема уште потврда дека ќе биди последна, ама да, најверојатно ќе биди.
 
:vozbud: :vozbud: :vozbud: :vozbud: :uzi::uzi::uzi:
Само што излезе трејлерот за 4 сезона и можи да се кажи со сигурност дека оваа сезона ќе биди сосема поразлична, најверојатно ќе има повеќе акција и тензичност.
По мое тешко да се извлечи некој на крајот.
 
Берлин нели цркна бе?
 
Последно уредено:
Берлин нели цркна бе?
Добро утро, нели во третата флешбекој имаше цело време :)
Ваљда и и во оваа.
Моја прогноза е дека Берлин и професорот имаат некој адут во ракав, во случај работата да ескалира. Теориите дека Сиера е Татјана (девојката на Берлин која се појавува во тие флешбекови кога се во манастирот) не вервам да се точни, ама има еден детал, во третата сезона помеѓу заложниците во банката се појавува Белен Куеста, многу популарна актерка од Шпанија, режисерите кажаа дека нејзиното појавување не е блиц туку ќе има голема улога во 4 сезона,типувам дека таа е девојка му на Берлин, исти ми се.
Вака по трејлерот ми изгледа дека оган ќе биди и оваа сезона, едвај чекам да видам шо ќе измисли професорот овај пат знаејќи дека за него скоро се е изгубено.
ПС Во бандата има издајник ама не го кажвам кој е :свиркам::свиркам::свиркам:
 
Спојлери бре алооо демек направи нешто јако со тоа што кажа имало издајник пфффффф
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom