Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Понекогаш сѐ е до перспективата. И обично парче ѓубре поставено во некоја уметничка галерија може да биде сметано за уметност. Некако така функционира Jojo Rabbit. Спој на триста глупости и неспоиви нешта, еден десетгодишен фашист, Хитлер прикажан како идиот, Втора светска војна и Ребел Вилсон во улога на (нормално) Ребел Вилсон. А на крај, целината - феноменална! Еден од најдобрите филмови во 2019. :cuc:
 
Last Christmas добар очекував да е како секој просечен романтичен-комедија филм но не овој стварно е поинаков и за првпат гледам ваков интересен крај од овој жанр (ова можеби оти и ретко гледам вакви филмови овој го изгледав најмногу заради еми)
Емчето научила малку хрватски :D

Sent from my SM-A705FN using Tapatalk

Да топ е. И мене ми се допадна.
 
Да ве измачам нешто.....
Филмови што вреде да се погледнат или мора да се погледнат во последните 5-6 год?
Според вас..
 
Да ве измачам нешто.....
Филмови што вреде да се погледнат или мора да се погледнат во последните 5-6 год?
Според вас..

The Parasite
Room
The Invisible Guest
Captain Phillips
Black Mirror : Bandersnatch
The Grand Budapest Hotel

И еден така посебен а не толку познат : Cardboard Gangsters

Имам уште многу наслови кои ми се мотаат низ глава, ама ќе остаам простор на другите.
 
Да ве измачам нешто.....
Филмови што вреде да се погледнат или мора да се погледнат во последните 5-6 год?
Според вас..
Автоматски споено мислење:

BTW:

LETTERBOXD YEAR IN REVIEW 2019

Ако може да трека, и нека трепка!

AAAA.jpg

BBB.jpg
 
Последно уредено:
Да ви кажам, мене Бандерснач баш глуп ми беше.
Не знам ни како е легитимен да влезе на онаа листана кога не е ни филм.
 
Да ви кажам, мене Бандерснач баш глуп ми беше.
Не знам ни како е легитимен да влезе на онаа листана кога не е ни филм.
Кога се појавиле првите звучни филмови, луѓето исто вака реагирале. Подоцна кога се појавиле првите филмови во боја - пак исто. Кога се појави Netflix, пак се изместија границите и дефинициите за филм, па така ги имавме првите (de facto) ТВ филмови номинирани за Оскар... До пред десетина години не постоеше и категорија Limited Series на доделувањата на наградите, а сега се снимаат и по 30+ годишно. На некои филмски фестивали дури и почнаа да даваат награди за VR. Пред некоја година Ињариту доби почесен Оскар, исто, за VR, а истата или наредната година имаше и номиниран за Оскар за краток анимиран - а всушност VR... Така и ова. Bandersnatch е можеби првиот таков, а за многу кратко време ќе бидеме преплавени со многу други. Светот се менува, и филмот не е неподложен на промени. Да, и за мене не е филм, според традиционалните сфаќања и дефиниции за филм. Но истите тие дефиниции се поместувале и во минатото, а најверојатно нема ни да престанат да се поместуваат. Којзнае, за некоја година може ќе измислат и холограм-филмови?
 
Нека измислат и холограм дечко.
 
Gree Lomo 5.5kw јас имам заборавено што е дифрост на нејзе, ама задни 3-4 дена климава многу троши на фан 3 стига и до 2200вати,фан 1 иде до 1600 ама не се симнува под 1300, пред тие денови не беше така нз што к.р и бидна од кога исчистив филтрите вака се понаша, а искрено од летоска не беа чистени.
 
Ладно е, а таа е буџет клима. 1300w не е страшно за неколку минусни дена во МК.

Просекот на месечно ниво ќе е под 1300, што значи ни 4000 денари за јануари нема да биде. Што е смешно многу ефтино.

Да, со поефикасна клима ќе е помалку, ама и ова е многу малку.

Пред 3 дена исто беше ладно па не беше така потрошнњата, ова се дешава одкога исчистив филтрите, на фан 1 нема шанси нема да затопли ставам Фан 3 и оди до 2200w, а пред тоа беше 1500максимум на фан3
 
Да ви кажам, мене Бандерснач баш глуп ми беше.
Не знам ни како е легитимен да влезе на онаа листана кога не е ни филм.

Реално Бандерснач е само еден просечен филм ако гледаме целовкупно.
Ама тоа што Нетфликс го направи со неколку верзии на филмот и самиот да си одбираш што ќе се случува, ме фасцинираше премногу и затоа го препорачувам секој да го погледне.
Претпоставувам оваа година ќе има уште некој ваков филм.
Еве извадија пред некое време со Бер Грилс(з) ист таков концепт каде овој иде во џунгла и ти одбираш дали Бер ќе оди по мостот, или ќе рипа со јаже преку.
Мене реално, тоа ми изгледа иднината.Ваков тип на филмови.
 
Од каде да знаеме дали ќе ни се свиѓа ако не го пуштиме?
Мене ќе ме слушате. Ја ќе ви кажам дали ќе ви се свиѓа или не.
Автоматски споено мислење:

Понекогаш сѐ е до перспективата. И обично парче ѓубре поставено во некоја уметничка галерија може да биде сметано за уметност. Некако така функционира Jojo Rabbit. Спој на триста глупости и неспоиви нешта, еден десетгодишен фашист, Хитлер прикажан како идиот, Втора светска војна и Ребел Вилсон во улога на (нормално) Ребел Вилсон. А на крај, целината - феноменална! Еден од најдобрите филмови во 2019. :cuc:
Абе не е тоа Хитлер.
Тоа е Хитлер у главата на Џо Џо. Он како си го замишља.
 
Ute cela kukja/baraka ja grees so taa edna klima? U m2 kolku grees so 5.5kava?

Да, сега во кука се префрлив исто 3 соби греам околу 70м2, иста клима све исто немам замерки за климава, еве се стабилизира некако ова е во фан 2 втората слика моментална потрошувачка :D

81870130_1031213823902448_3424226353921130496_n.jpg82540474_1380938182077026_7100453587448233984_n.jpg
 
Back
На врв Bottom