Филмот е доста забавен. И тоа е тоа. Друго нешто посебно не можам да кажам за него. Добро, и Ди Каприо и Пит одглумија супер. Инаку е можеби најслабиот филм на Тарантино до сега. До некаде останав разочаран.
Како што пиша Natan мислам погоре, и јас кога разбрав дека Тарантино ќе снима филм поврзан со убиствата на фамилијата Менсон бев хајпнат до плафон. Едвај чекав да видам како Тарантино ќе обработи толку мрачни настани со неговиот црн хумор. Испадна дека ова е само споредна тема во филмот, Менсон го видовме само 2-3 минути, а Шерон Тејт беше скоро непотребен лик во филмот и нејзината приказна не водеше никаде. Да не ја глумеше Марго Роби (би потпишал типката да ја гледам во секој филм барем по малку) толку и некој ќе се сеќава на ликот години после филмот.
Филмот повеќе е омаж на Холивуд од 60-тите. Очигледно Квентин е фасциниран од таа деценија па еве за своја душа си направил фиктивна приказна со еден куп реални личности. И разбирам дека на овој начин дава свој коментар за работите во Холивуд (разликата меѓу актерите и каскадерите, стереотипите, борбата на актерите да останат релевантни). Ова за мене сепак не е толку интересна идеја за да ми го направи филмот нешто посебно.
Сфаќам и дека веќе ова е трет негов филм како исправува историски неправди. Прво со нацистите, па со црнците, сега со Шерон Тејт. Ама има тука една разлика. Нацистите во реалноста не билe запалени во кино ама сепак биле победени. Може не постоел Џанго ама црнците сепак се ослободиле од ропството. Затоа имаат тие филмови некој посебен шмек. Овде, колку и да уживаш да гледаш како лошите момци си добиваат што заслужиле, ти текнува дека во реалниот живот не било така, се случила ужасна трагедија, и барем мене тоа ми го прави овој црн хумор на Тарантино невкусен. Друга работа, гледаме во Bastards дека нацистите правеле гадни злодела. Осеќаш дека е време на војна и опасност. Во Џанго убаво ги исмеа Кју Клукс Клан, ги направи идиоти, ама во исто време ти покажува какви се срања трпеле робовите. Тука во ниеден момент не почувствував дека хипиците на Менсон се некаква закана. Испаднаа дека се банда недозреани дечишта и идиоти. Во реалноста ич не било така.
На крај, некако и заморува овој тренд на Тарантино да исправа криви дрини. Имаше пред некоја година еден клип - зафрканција, лажен трејлер за нов филм на Тарантино, каде се исправаат неправдите на хомосексуалците, секако со насилен бунт на гејовите. Нема да ме чуди стварно да сними такво нешто. Поарно да се држи до криминалните трилери или до напнати и неизвесни приказни како Hateful Eight.