GLADIATOR II (2024) - Тема за тие што гo гледале филмот! (SPOILERS!)

Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.795
Поени од реакции
42.413
Од каде да знаеме дали ќе ни се свиѓа ако не го пуштиме?
Брат тебе Лост серија што е калакурница ти е врв, а еден филм на тарантино не си разбрал, стварно не си ми јасен.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
Брат тебе Лост серија што е калакурница ти е врв, а еден филм на тарантино не си разбрал, стварно не си ми јасен.
Вака сега, ова најдобронамерно ќе ти го кажам: ја ѕирнав набрзина темана за филмов и видов дека ревносно го браниш, буквално реагираш на секој негативен коментар за филмот. И тоа се си е во ред. Само можеби ќе е подобро ако не одиш со Ад Хоминем напади, т.е. помалку да ни кажуваш колку не разбираме или дека мозоците ни се мали :pos:

Мислам, мене не ми смета, ама многу детски ти се постовите, небаре сите ние што не сакаме одреден филм сме ограничени а ти си разбрал нешто што кутрите ние, не можеме. Олабави малку со тоа и дискутирај го филмот. Имај почит кон останатите членови со кои не се согласуваш.

За филмот ќе кажам повеќе зошто не ми се допаѓа кога онаа мрзана Њотомир што му дал 5/5, ќе го префрли мислењево таму.
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.002
Поени од реакции
15.328
Понекогаш сѐ е до перспективата. И обично парче ѓубре поставено во некоја уметничка галерија може да биде сметано за уметност. Некако така функционира Jojo Rabbit. Спој на триста глупости и неспоиви нешта, еден десетгодишен фашист, Хитлер прикажан како идиот, Втора светска војна и Ребел Вилсон во улога на (нормално) Ребел Вилсон. А на крај, целината - феноменална! Еден од најдобрите филмови во 2019. :cuc:
1578582296168.jpeg
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.795
Поени од реакции
42.413
Вака сега, ова најдобронамерно ќе ти го кажам: ја ѕирнав набрзина темана за филмов и видов дека ревносно го браниш, буквално реагираш на секој негативен коментар за филмот. И тоа се си е во ред. Само можеби ќе е подобро ако не одиш со Ад Хоминем напади, т.е. помалку да ни кажуваш колку не разбираме или дека мозоците ни се мали :pos:

Мислам, мене не ми смета, ама многу детски ти се постовите, небаре сите ние што не сакаме одреден филм сме ограничени а ти си разбрал нешто што кутрите ние, не можеме. Олабави малку со тоа и дискутирај го филмот. Имај почит кон останатите членови со кои не се согласуваш.

За филмот ќе кажам повеќе зошто не ми се допаѓа кога онаа мрзана Њотомир што му дал 5/5, ќе го префрли мислењево таму.
Ја убаво те прашав што не чини и ти на прашањето ми врати со провокаторско прашање, што да ти вратам на тоа? Чим викаш не чини објасни па ќе дискутираме, што било тоа збунувачко? Кои биле тие нафрлени ствари?
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.736
Поени од реакции
27.727
Ја убаво те прашав што не чини и ти на прашањето ми врати со провокаторско прашање, што да ти вратам на тоа? Чим викаш не чини објасни па ќе дискутираме, што било тоа збунувачко? Кои биле тие нафрлени ствари?
Кажете ми дали некогаш и јас изгледам вака досадно со постови?
Ако да, зезнато било :S

Ако се реши Јо Соно да потроши време и да ти одговори мислам дека пак нема да те убеди и нема да имаш некоја најсоодветна реплика за пишаното.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.795
Поени од реакции
42.413
Кажете ми дали некогаш и јас изгледам вака досадно со постови?
Ако да, зезнато било :S

Ако се реши Јо Соно да потроши време и да ти одговори мислам дека пак нема да те убеди и нема да имаш некоја најсоодветна реплика за пишаното.
Иосоно мудрецот, му ги арчам скапоцените минути. Извини анонче, нема да се повтори.
 
Член од
26 јуни 2013
Мислења
3.597
Поени од реакции
14.641
Once upon a time in Hollywood... каков фанстастичен нефилм! Кинематографија - одлична, доловен светот од 60-те за чиста 10-ка, глума одлична, музика одлична... и сето тоа склопено во нешто што не може да се нарече филм. Она го гледаш поради Тарантино и тоа што Леонардо и Бред Пит играат. Го гледаш и чекаш некако да кулминира ситуацијата во Тарантино стил, да се спои се во некаква целина. За жал, целина не постои, никаква содржина, рандом неповрзани ликови и сцени расфрлени... единствено ликот на Леонардо има некаква смисла, некаква приказна. Се друго е Pulp Fiction ама на некој неподнослив начин.

И what the f*** беше тоа со Брус Ли?
Мерси е моето благодарам за тоа што си ти.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
Ја убаво те прашав што не чини и ти на прашањето ми врати со провокаторско прашање, што да ти вратам на тоа? Чим викаш не чини објасни па ќе дискутираме, што било тоа збунувачко? Кои биле тие нафрлени ствари?
Полека... јаваш, јаваш... Нити убаво ме праша, нити провокаторски ти одговорив. Ќе се разбереме, нека ги префрлат мислењава прво во темата без спојлери за да можам да пишам подетално.

Иосоно мудрецот, му ги арчам скапоцените минути. Извини анонче, нема да се повтори.

 
Член од
6 јануари 2020
Мислења
327
Поени од реакции
320
Мислам дека во на Once Upon a Time на Тарантино не треба да се бара финална целина на филмот туку целина и некоја мисла во одредените сцени и сегменти од филмот. Цел Холивуд претставен низ призма на розеви наочари. Крај на една ера во Холивуд (60тите) и почеток на една друга помрачна ера (70тите). Мислам дека главната поента на филмот е да ти ги долови 60тите и во тоа успеа одлично. Еден куп културни референци од тоа време, одличен сет дизајн низ кадрите што ги гледаме кога Бред Пит си вози низ L.A тоа време.

Но морам да признаам, и јас повеќе би сакал да гледам филм на Тарантино каде што група ликови се соединуваат за да извршат некоја мисија и тоа да кулминира со некоја посебна поента на крај. Но, во исто време се чуствувам како да фали еден ваков филм во светот. Што знам.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.795
Поени од реакции
42.413
Филмот е многу едноставен за разбирање, има неколку приказни. Партнерството на Рик и Клиф, приказната за Шерон Тејт, Клиф со сектата на Менсон, Рик и неговата midlife crisis и финалето каде што сите приказни се испреплетуваат и завршува со хепи енд и Рик добива кредит како он све да направил и ги убил лошите типци исто ко на филм, а Клиф ко и секој каскадер е само небитен лик иако ја завршува тешката работа. Филмот дава една алтернативна верзија на еден лош настан. Затоа е и Once upon a time, како некоја бајка.

Според мене најдобар ми беше делот кога Клиф ја собира Пусикет и ја носи на ранчот и Клиф бара да се види со тој стариот и многумина тука очекуваат да се деси тој тарантино момент но на крај ништо не се случува и Клиф заминува.

И не знам што сите се фаќаат за Брус Ли кога и Тарантино у едно видео што го глеав у биографијата негова имало напишано дека рекол дека може да го измлати Мухамед Али, исто така и за неговиот карактер рече дека според многумина бил таков.
 
Последно уредено:
Член од
6 јануари 2020
Мислења
327
Поени од реакции
320
За Брус Ли сцената, како што има кажано и член поназад, има култни следбеници кој цврсто веруваат дека Брус Ли би победил легендарен тешкаш како Али па Тарантино само се исмевува со тоа. Но можел барем малце да го направи Брус Ли не толку идиот. Сепак Брус Ли бил голема филозофска личност, не бил таков идиот како што го претставува Тарантино.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.125
Поени од реакции
83.727
Аман и после толку филмови не сфативте дека Тарантиро си игра курташак со историски акуративности. Би требало и потомците на Брус Ли да си ја проверат својата перспектива на неговите филмови (да не е случајно преплитка) пред да се брукаат јавно со вакви избрзани реакции.
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.591
Филмот е доста забавен. И тоа е тоа. Друго нешто посебно не можам да кажам за него. Добро, и Ди Каприо и Пит одглумија супер. Инаку е можеби најслабиот филм на Тарантино до сега. До некаде останав разочаран.

Како што пиша Natan мислам погоре, и јас кога разбрав дека Тарантино ќе снима филм поврзан со убиствата на фамилијата Менсон бев хајпнат до плафон. Едвај чекав да видам како Тарантино ќе обработи толку мрачни настани со неговиот црн хумор. Испадна дека ова е само споредна тема во филмот, Менсон го видовме само 2-3 минути, а Шерон Тејт беше скоро непотребен лик во филмот и нејзината приказна не водеше никаде. Да не ја глумеше Марго Роби (би потпишал типката да ја гледам во секој филм барем по малку) толку и некој ќе се сеќава на ликот години после филмот.

Филмот повеќе е омаж на Холивуд од 60-тите. Очигледно Квентин е фасциниран од таа деценија па еве за своја душа си направил фиктивна приказна со еден куп реални личности. И разбирам дека на овој начин дава свој коментар за работите во Холивуд (разликата меѓу актерите и каскадерите, стереотипите, борбата на актерите да останат релевантни). Ова за мене сепак не е толку интересна идеја за да ми го направи филмот нешто посебно.

Сфаќам и дека веќе ова е трет негов филм како исправува историски неправди. Прво со нацистите, па со црнците, сега со Шерон Тејт. Ама има тука една разлика. Нацистите во реалноста не билe запалени во кино ама сепак биле победени. Може не постоел Џанго ама црнците сепак се ослободиле од ропството. Затоа имаат тие филмови некој посебен шмек. Овде, колку и да уживаш да гледаш како лошите момци си добиваат што заслужиле, ти текнува дека во реалниот живот не било така, се случила ужасна трагедија, и барем мене тоа ми го прави овој црн хумор на Тарантино невкусен. Друга работа, гледаме во Bastards дека нацистите правеле гадни злодела. Осеќаш дека е време на војна и опасност. Во Џанго убаво ги исмеа Кју Клукс Клан, ги направи идиоти, ама во исто време ти покажува какви се срања трпеле робовите. Тука во ниеден момент не почувствував дека хипиците на Менсон се некаква закана. Испаднаа дека се банда недозреани дечишта и идиоти. Во реалноста ич не било така.

На крај, некако и заморува овој тренд на Тарантино да исправа криви дрини. Имаше пред некоја година еден клип - зафрканција, лажен трејлер за нов филм на Тарантино, каде се исправаат неправдите на хомосексуалците, секако со насилен бунт на гејовите. Нема да ме чуди стварно да сними такво нешто. Поарно да се држи до криминалните трилери или до напнати и неизвесни приказни како Hateful Eight.
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.147
Поени од реакции
16.082
Тука во ниеден момент не почувствував дека хипиците на Менсон се некаква закана. Испаднаа дека се банда недозреани дечишта и идиоти. Во реалноста ич не било така.
Па во реалност се тоа, испрани и изманипулирани, надрогирани мозоци.
Во споредба со првите два филма што ги наброја, Хитлер и ропство и да правиш со ситуацијава споредба, Менсон и компанија се апсолутно небитни во историјата. Изгуглај или прочитај какви се не сериски убијци постоеле и постојат со огромен број на жртви, Менсон не е ни во средина на листата, и тоа само во САД. Башка што не убил тој никој според докажаното. Интересен е ради способноста да филозофира и манипулира со дечишта, ко секој поинтелигентен психопат, само што овој се мислел дека е Господ.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom