Македонски филмови

  • Креатор на темата Креатор на темата Solid
  • Време на започнување Време на започнување
Уневска убава рецензиичка има пишано за Врба во Филм +. Како го има поплукано, секоја и' чест. Можда малку преостро, додека за полоши филмови била млака, ама браво. Жена со 'мадиња'.

Преку к*р од форсирање на филмот, кога е слаб и еден од најслабите на Милчо.
Се согласувам дека е далеку од Сенки и Пред Дождот(филм кој е 10 пати гледан и секогаш како да го гледам прв пат) па ајде и тоа дека се форсира,навистина можеби малку и е исфорсиран за разлика од еве Исцелител или Петрунија,па и и Ругање со Христос иако навистина не знам што стана со тој филм дали доживеа повеќе кино проекции низ државата зошто го гледав и навистина е далеку подобар од Врби.
Ама Врби имаше одлична реклама направена за овој филм и најверојатно добар маркетинг кои го изменаџирал сето тоа.

Но сепак Врби е далеку од неквалитетен филм и не е направен колку ради реда,има поента и има душа,пак ќе кажам нема никогаш да стане како Пред Дождот баш ќе видам дали по некое време би изразил желба да го репризирам како што сакам да го репризирам сега Ругање со Христос,филм кој мене лично ме остави без текст пола саат после завршувањето,нешто што не се случи со Врби.
 
Каде излегува сега Филм+?
Како прилог во Слободен печат

Еве и тема има
 
Каде излегува сега Филм+?
Обично излегува првиот четврток од месецот ко додаток на Слободен печат. Месецов излезе на 12-ти, наместо на 5-ти.
Автоматски споено мислење:

Рецензијата на Уневска за Врба.
 
Последно уредено:
Обично излегува првиот четврток од месецот ко додаток на Слободен печат. Месецов излезе на 12-ти, наместо на 5-ти.
Автоматски споено мислење:

Рецензијата на Уневска за Врба.
Ако не грешам,истата оваа жена имаше лоши критики и кон "Ругање со Христос", дека е пропаганда што никако не можам да се согласам.
 
Обично излегува првиот четврток од месецот ко додаток на Слободен печат. Месецов излезе на 12-ти, наместо на 5-ти.
Значи пак смениле термин. На почеток излегуваше последниот четврток.


Браво за Медена земја, но не ми е јасно како може да е влезен за номинација и како документарен и како игран филм :confused:
 
Обично излегува првиот четврток од месецот ко додаток на Слободен печат. Месецов излезе на 12-ти, наместо на 5-ти.
Автоматски споено мислење:

Рецензијата на Уневска за Врба.
Го отепала филмот... и мислам дека првпат се случува да се согласам со неа :D
 
Го отепала филмот... и мислам дека првпат се случува да се согласам со неа :D
Мислам дека и скурчило покрај толку хвалоспеви што има за филмов, најгледан, нај ова, нај она, промоција од Агенцијата за филм каква што за ниеден друг наш филм немам видено, па оние фалби за Римски фестивал кој што ти е некој просек од фестивал. У реду е, Милчо е институција, ама филмов е просек. За споредба „Дедо и внук“ не е ни спомнат од Агенцијата за филм дека имал премиера и уште многу други филмови.
Ако не грешам,истата оваа жена имаше лоши критики и кон "Ругање со Христос", дека е пропаганда што никако не можам да се согласам.
Го немам гледано филмот, ама и на негледано не се согласувам со нејзиното мислење за Ругање со Христос. Тоа што го имаше напишано не беше филмска рецензија туку критика кон претходното раководство на АФМ за доделување средства на секакви режисери. Тука доста непрофесионално изигра по мое мислење, ама за Врба е баш во право.
Значи пак смениле термин. На почеток излегуваше последниот четврток.


Браво за Медена земја, но не ми е јасно како може да е влезен за номинација и како документарен и како игран филм :confused:
Го менуваат како им текне. Првично кога продолжија одеше секоја последна среда од месецот, па го сменија на последен четврток, па сега мислам септемврискиот број што требаше да излезе на крај на септември излезе на почетокот на октомври и од октомври тераат со прв четврток од месецот.
 
Браво за Медена земја, но не ми е јасно како може да е влезен за номинација и како документарен и како игран филм
Не е како игран филм. Во категоријата: најдобар странски, дозволено е да се предложуваат и документарци, и анимирани.
 
Која е разликата во филмов на Манчевски Врба што има машка верзија?
 
Која е разликата во филмов на Манчевски Врба што има машка верзија?
Во внатрешноста се прикажува само женскиот дел така да машката ја немам гледано но како што разбрав нема разлика,машката е само пократка без неколки сцени.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom