Како ги ставате бе Псж и Сити како сигурни патници во 1/4 финале а тие кутрите години наназад испаѓаат од мртви екипи не пак овој пат против посериозни противници, не дека нема да поминат ама далеку од лесен пролаз ќе имаат, едино ако се сконцентрираат Реал и Дортмунд на првенствата оваа сезона па да влезат полабаво тука, поготово Реал, затоа што се презаситени во ЛШ.
Лајпциг не е лесен залак, Тотенхем со онаа одбрана тешко ќе се справат со нападот на Лајпциг, тука на Тотенхем му давам предност само заради Мурџо поради искуството во ЛШ.
Барса ќе ги прегори Наполи затоа што се мизерија оваа сезона, освен ако не се смени нешто до дуелите.
Челзи ми се енигма оваа сезона исто и Баерн, поготово Германците, ќе победат некоја екипа со 7 гола наредната ќе изгубат, далеку од голем фаворит се.
Аталанта Валенсија е 50/50
Атлетико Ливерпул, најнепосакуваниот противник ми беа Ливерпул, ама полека полека ја креваат формата Атлетико па имам малку надеж ( не се филмајте со процентите за Ливерпул оти ќе барате од отровот на Рики после
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
)
Единствено Јувентус го гледам како сигурен патник другите ми се неизвесни.