- Член од
- 26 февруари 2016
- Мислења
- 5.419
- Поени од реакции
- 13.587
Една од најдобрите работи кај филмот е што голем број прашања останаа нецелосно одговорени па останува на публиката да поврзе два со два или да си изгради своја теорија. Така и за ова дали Артур е брат на Брус може да се размислува и да се прават теории пошто имаше докази и „за“ и „против“.
Јас конкретно гласав за „Не“. Најмногу поради тоа што баш таа надеж на Артур дека Томас Вејн му е татко, а после дознавањето на вистината е една од главните работи што го турна „преку работ“ и еден од клучните моменти кога тој уствари се трансформираше во Џокер. Така да одговорот „Не, не му е брат“ мене повеќе ми се вклопува во целата слика.
Друга па работа е што plot twist како овој дека Џокер и Бетмен се браќа е крајно клише и мислам дека не му е местото во еден ваков сериозен и мрачен филм. Пак ќе речам, како момент кој ја движи приказната напред и како твист кој се покажува како неточен има многу поголем ефект. Односот Бетмен - Џокер и онака е доста комплициран и интересен и нема потреба да се расипува со некакви роднински врски или такви конекции. Доволно има такви работи кај други стрип ликови, како Спајдермен на пример, каде секој негов негативец е во некаква роднинска или пријателска врска со него.