Имало цела тема, а јас кузнај како сум ја пропуштил. Нема врска, прашањето ми е следно. Заинтересиран сум за летото за работа во USA и како што гледав единствена опција е J1 со културна размена (Summer Work Travel Program). Проблемот е шо потребно е наоѓање на спонзор со кој правиш еден вид на договор (каква работа би работел, каде и сл.) и како шо видов тој договор треба да се почитува (пр. неможиш да менуваш работа), а од друга страна читав/и имам слушнато дека голем број на студенти го сменале раб. место. Друго прашање, дали би можел процесот да го започнам сам, или дали некоја агенција би ми се нафатила да ми го среди делот од визата а јас сам да си најдам сместување? Па и работа?
Сепак, како алтернатива би сакал да знам и за сместувањето од Агенција, искуства, како оди.