Кој летен трансфер период имаме 4 (ЧЕТИРИ!!) победи на 14 кола. Не ме интерсира ни играчи ни повреди, мора некој да сноси одговорност а тоа е менаџерот за кој Переира и Лингард се играчишта. Нека си ги носи во Молде со се 10тина други. Ги пушти Лукаку, Фелаини, Ерера, Матиќ го исклучува од тимот. Тимот ни е двојно послаб од ланскиот а тоа е негова кривица. Пресот после мечот му е фарса тешка.
Како работи клубот моментално немам надеж за следните 3 сезони.
Ни треба тотално нова средина, десно крило немаме 8 години. Голгетер. Штопер и бекови. МЕНАЏЕР. СПОРТСКИ ДИРЕКТОР.
Де Геа, Мегваер, Погба и Мектоминај би играле во поголемиот дел од топ клубовите. Рашфорд, Марсијал и Џејмс би имале солидна минутажа но никој не би бил прва виолина во нападот, доста натпревари ќе греат клупа. Секоја чест на Бисака во одбрана е мајстор, докторски стартови но во напад е ко да трча на лед. 2020 сме за еден месец, дефанзивните бекови изумреа пред 15тина години, со пензионирањето на Малдини. За споредба ќе ги земам бековите на Лестер и Ливерпул, асистенции, голови, креатори на игра, мотори во тимот. Добро е да се има бек ко Бисака на клупа, ако противнички играч прави проблеми по страните да го затвориш. Ќе врши работа и сега засега додека цел тим е раштиман и многу од позициите се покриени со кловнови. Ако некогаш оваа банда заличи на екипа која игра течен напаѓачки фудбал Бисака ќе биде проблем.
Другите не се достојни за коментар, има деца ко Гринвуд и Вилијамс со потенцијал но во главно ресто не се ни за втори, трети опции.