Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Член од
5 февруари 2009
Мислења
7.572
Поени од реакции
4.239
Немаме избор во средина што да играме. Мора Фред-Переира или Фред-Матиќ со тоа што е достапно во моментов или пак Фред-Гарнер. Переира не е за за таа позиција и крај и лесно е да се игра против нас со такви прво недисциплинирани средни играчи. Друго е МекТоминеј..знае кога да пресечи, храбар и силен е во дуели, игра сигурни пасови. А резултатот на тоа што се доведовме во ваква ситуација е непазарењето уште во летото и сега ни го зема данокот таквата одлука. Со Фред-МекТоминеј ќе истуркаме до крај на сезоната, но за мене Фред не е тип кој може да биде првотимец во тим кој има високи аспирации. Од клупа за ротација би го прифатил. МекТоминеј со уште еден новајлија за таа позиција.

Друга работа е што Оле лошо ги анципира и нашите слабости и противничките. Денес уште од старт беше јасно дека баш заради дефанзивната слабост на Переира-Фред ќе бидеме изложени на пробиви кои ќе ствараат вишок по крилата. А и бочно бевме денес надиграни. Вилиамс и АВБ денес имаа огромна задача. Првиов не знаеше кај тера, вториов се држеше но не за она ниво на кое не навикна досега. Наместо да се дадат инструкции дефанзивно да бидеме позбиени и да се внимава баш на тие наши слабости, батката од стол не стана. И измената со Шо беше доцна според мене, колку и да го сакам Вилиамс.

И за крај, добра работа е што младиве добиваат шанса, но за жал немаме лидери кои ќе превземат одговорност и младите ваквите лоши перформанси да ги шалтаат. Ситуацијата е тоа што од младите очекуваме резултати, а една од лошите карактеристики кај секој млад играч е неговата неконстантност. Може да врзи 3-4 добри натпревари и потоа во наредните толку да бидат невидливи.

Не знам дали навистина одиме во вистинска насока, но ете нека продолжи Оле со и онака на веќе загубена сезона да најде позитивни страни. Летото ќе му биде последна шанса да скоцка тим кој наредната сезона ќе мора да носи топ 4. По летниот трансфер период секој лош перформанс ќе значи и посигурна закана за неговото столче.
Би му дал уште една сезона на Оле по оваа катастрофална сезона?
 

Cassaro

Паразит
Член од
15 февруари 2012
Мислења
3.318
Поени од реакции
10.354
Брат јас не викам дека некој може повеќе со овие играчи. Проблемот што се оставени овие играчи. Јас бев спремен сезонава да сме дебакл, ама не се нафатив да ги глеам јанг,фред,џонс и компанија. Плус верувај дека голем удел има атмосферата во тимот, побогу гледај го Џони Еванс во Лестер и Смолинг во Рома. Во клубот има многу поголеми проблеми од менаџерот ама тие се пикаат под тепих последниве години. Се додека не се врати филозофијата дека ниеден играч не е поголем од клубот тогаш ќе имаме проблем бидејќи накотивме инстаграм ѕвезди и манекени. Не го окривувам Оле јас, ама не можам ни да го подржувам повеќе бидејќи влегува во истото сивило како и претходните што седеа на таа позиција. Не заради резултатите , туку заради немањето компас и муда


А да го забораив и Переира манекенот, каква бљувотина од играч.
 
Член од
15 јули 2009
Мислења
3.531
Поени од реакции
3.574
Брзо ќе го јаде Оле, не пак цела сезона да го остават.

Само се надевам Покетино ќе биде слободен до тогаш.
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.762
Поени од реакции
9.545
Би му дал уште една сезона на Оле по оваа катастрофална сезона?
Катастрофата на сезоната се најави уште по крајот на летниот преоден рок и многумина тука ја очекувавме. Тимов кога ќе бидат сите фит има капацитет да се бори и победува, резултатите се такви какви што се заради отсуства од повреди и крпење на тие позиции со играчи кои не се реални решенија. Переира не е играч кој ќе покрива 6ка или 8ка. Вилиамс е фрлен во оган од тоа што Шо не е играч за цела сезона и Јанг му бегаат годините. Во отсуство на Погба мора да го менуваат Мата или Лингард. Тука е најголемата грешка на Оле кој беше тврдоглав и некои позиции не ги пополна со адекватни замени. Но позитивно е што веќе ете Вилиамс и Гринвуд се наметнаа и од догодина ќе се нешто позрели и ќе може посериозно да се смета на нив.
Да знаеш дека не е ни решение менување менаџери по 1 година. Колку и да се резултативе какви што се, Оле има некоја добра замисла и по изборот на играчите летово знае што сака. Но има и слабости и е тврдоглав.
Оле ќе биде менаџер на Јунајтед освен ако се случи некоја поголема резултатска хаварија во наредниов период.
Со оглед на тоа што тимов му е во транзициона фаза, невозможно е да го среди за еден трансфер период. Има и тој како менаџер слабости, но овој тим не е тоа што тој го сака како финален продукт од проектот кој си го замислил и затоа него би го судел по летниот преоден рок.

Од друга страна ако не оди ни тогаш, ќе ни биде можеби и криво што би го пропуштиле еве Покетино како опција.
 
Член од
13 мај 2016
Мислења
501
Поени од реакции
967
Точно еден месец до Јануари.
Има само еден виновник, ебената управа.
Го минираа Мурџо, ќе видиме што ќе направат со Оле.
Доколку нема минимум 1 јак трансфер зимава кој ќе значи атак на ЛЕ и тоа ЛШ место за вгодина, Оле ќе биде сјебан.
Топ 4 заминува возот..тури му к на лигата. Нека се фокусираат на ЛЕ.. Тоа ни е шансата.
Жално но вистинито.

Планирани Погба и Мектоминеј, достапни Фред и Переира.
Разликата е таа.. Средината не постои нормално.

Живо ме интересира што ќе пазарат во Јануари и дали.
Амбициозен клуб кој му гори под нозе, нема да се штеди.
Приказната дека квалитетни играчи не биле достапни во Јануари, дома на жените да му ја кажат.
Пара дупи где бургија нече.
 
Член од
10 декември 2010
Мислења
6.570
Поени од реакции
8.191
Изговорот за тимот не оправдува 2-2 со астон вила на сред ОТ и притоа без ниедна опасна акција и 2 надиграни од Астон Вила(60минути).Изговорот со тимот е валиден коа играш со топ6 или некоја незгодна екипа на гости ама денешново не.Со у18 да излезеше, требаше подобро од ова.
 
Член од
3 февруари 2019
Мислења
2.483
Поени од реакции
4.135
Брзо ќе го јаде Оле, не пак цела сезона да го остават.

Само се надевам Покетино ќе биде слободен до тогаш.
Ај да се кладиме дека и со Покетино нема да биди ништо подобро од ова :)
 
Член од
14 април 2012
Мислења
32.877
Поени од реакции
67.462
Изговорот за тимот не оправдува 2-2 со астон вила на сред ОТ и притоа без ниедна опасна акција и 2 надиграни од Астон Вила(60минути).Изговорот со тимот е валиден коа играш со топ6 или некоја незгодна екипа на гости ама денешново не.Со у18 да излезеше, требаше подобро од ова.
Фали квалитет, залагањето е тука. Муабет на Де Геа за кој е многу во право.

Астон Вила ги намачи ливерпул. Не се екипа што не знае да игра фудбал.

Ама, они имаат квалитет да ги извлече од таква ситуација, и во прв тим, и од клупа. Ние немаме квалитет ни за во прв тим, а не па од клупа.

Тука е разликата.
 
Последно уредено:
Член од
5 февруари 2009
Мислења
7.572
Поени од реакции
4.239
Катастрофата на сезоната се најави уште по крајот на летниот преоден рок и многумина тука ја очекувавме. Тимов кога ќе бидат сите фит има капацитет да се бори и победува, резултатите се такви какви што се заради отсуства од повреди и крпење на тие позиции со играчи кои не се реални решенија. Переира не е играч кој ќе покрива 6ка или 8ка. Вилиамс е фрлен во оган од тоа што Шо не е играч за цела сезона и Јанг му бегаат годините. Во отсуство на Погба мора да го менуваат Мата или Лингард. Тука е најголемата грешка на Оле кој беше тврдоглав и некои позиции не ги пополна со адекватни замени. Но позитивно е што веќе ете Вилиамс и Гринвуд се наметнаа и од догодина ќе се нешто позрели и ќе може посериозно да се смета на нив.
Да знаеш дека не е ни решение менување менаџери по 1 година. Колку и да се резултативе какви што се, Оле има некоја добра замисла и по изборот на играчите летово знае што сака. Но има и слабости и е тврдоглав.
Оле ќе биде менаџер на Јунајтед освен ако се случи некоја поголема резултатска хаварија во наредниов период.
Со оглед на тоа што тимов му е во транзициона фаза, невозможно е да го среди за еден трансфер период. Има и тој како менаџер слабости, но овој тим не е тоа што тој го сака како финален продукт од проектот кој си го замислил и затоа него би го судел по летниот преоден рок.

Од друга страна ако не оди ни тогаш, ќе ни биде можеби и криво што би го пропуштиле еве Покетино како опција.
По мене нема шанса уште една сезона да го остават зошто не верувам да фати ни Лига Европа преку лигата. Исто така не ми се верува да освоиме Лига Европа. Евентуално ако земеме некој играч во јануари и ако има среќа со повредите и да ги сврти работите во негова корист, па да добие уште една сезона.
 

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.864
Поени од реакции
21.738
Проблемот на овој Јунајтед не се ваквите натпревари каде се губат бодови, проблемот на овој тим е што тука нема ни напредок ниту некаква иднина. Натпревари се добиваат но и се губат, но кога имаш тим кој не знае во која насока тера, ниту напредува е тука веќе имаш огромен проблем.
 
Член од
10 декември 2010
Мислења
6.570
Поени од реакции
8.191
Фали квалитет, залагањето е тука. Муабет на Де Геа за кој е многу во право.

Астон Вила ги намачи ливерпул. Не се екипа што не знае да игра фудбал.

Ама, они имаат квалитет да ги извлече од таква ситуација, и во прв тим, и од клупа. Ние немаме квалитет ни за во прв тим, а не па од клупа.

Тука е разликата.
Неспорен е делот околу квалитетот, ама срамно е онакво издание да се прикаже со Вила.Реално Вила немаа изгледа шанса, си ја вршеше работата одбраната(1виот гол е ремек дело, вториот е невнимание на Вилиамс кој е млад).Највеќе ме нервираше што 2 утакмици по ред доаѓаат тимови и ни ја доминираат средината, а уште повеќе ме нервираше што однапред се знаеше дека ќе не доминираат во средина уште кога искочија поставите.Солскер треба да примети дека Мата е каспер и за ташак не го бива, и треба да увиди дека дур се Переира и Фред у средина у пар у18 екипи ќе ги шетаат.

Најмногу ме вади од кожа овој момент, знаеш дека средината постои само на хартија и упорно одиш со глава во ѕид(2 утакмици по ред).Оле е менаџер, нека извади некој џокер од ракав, нека го повлече Линделоф на дмф у тројка со двајцава ајвани, Переира нека иде малце понапред, штопер нека е Туанзебе а Мата на клупа.Варијанта 2 е туназебе ДМФ линделоф да е позади, ама првава е подобра зошто Весли е доста корпулентен и снажен, Туанзебе би се носел полесно.
Трета опција е нека влезе Гарнер пак место Мата и нека згусне средина.

Во најмала рака поголем отпор ќе пружеа, немаше онака да се шетаат низ терен Астон Вила, а немаше ни толку контри да прават у 2ро.Кога доаѓаа вакви моменти, САФ играчи ко Парк, Гигс, Рафаел, Фабио ЦМ ги играше или ги повлекуваше Флечер,Керик во одбрана.Дозволено е да се измешаат позиции, нека му каже некој.Еве Клоп лани на средина на сезона играше со Фабињо позади дека му се повредија повеќето штопери, едно време Фабињо беше и на десен бек.Неколку сезони пред тоа Џан исто идеше на штопер.

Проблемот со Оле е што има мнооогу лоши одлуки на тактички план, не покажува некоја тактичка креативност, додека покажува огромна тврдоглавост а нема основа за истата.Со измените често касни доста.Денес беше ист случајот, играта опадна уште во 55та минута, место да убрза со пресинг и да го уфрли лингард место мата и да внесе живост, он чекаше до 70та а притоа имаше неколку сериозни шанси за Вила.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
7.616
Поени од реакции
6.418
Кој летен трансфер период имаме 4 (ЧЕТИРИ!!) победи на 14 кола. Не ме интерсира ни играчи ни повреди, мора некој да сноси одговорност а тоа е менаџерот за кој Переира и Лингард се играчишта. Нека си ги носи во Молде со се 10тина други. Ги пушти Лукаку, Фелаини, Ерера, Матиќ го исклучува од тимот. Тимот ни е двојно послаб од ланскиот а тоа е негова кривица. Пресот после мечот му е фарса тешка.
Како работи клубот моментално немам надеж за следните 3 сезони.
Ни треба тотално нова средина, десно крило немаме 8 години. Голгетер. Штопер и бекови. МЕНАЏЕР. СПОРТСКИ ДИРЕКТОР.

Де Геа, Мегваер, Погба и Мектоминај би играле во поголемиот дел од топ клубовите. Рашфорд, Марсијал и Џејмс би имале солидна минутажа но никој не би бил прва виолина во нападот, доста натпревари ќе греат клупа. Секоја чест на Бисака во одбрана е мајстор, докторски стартови но во напад е ко да трча на лед. 2020 сме за еден месец, дефанзивните бекови изумреа пред 15тина години, со пензионирањето на Малдини. За споредба ќе ги земам бековите на Лестер и Ливерпул, асистенции, голови, креатори на игра, мотори во тимот. Добро е да се има бек ко Бисака на клупа, ако противнички играч прави проблеми по страните да го затвориш. Ќе врши работа и сега засега додека цел тим е раштиман и многу од позициите се покриени со кловнови. Ако некогаш оваа банда заличи на екипа која игра течен напаѓачки фудбал Бисака ќе биде проблем.

Другите не се достојни за коментар, има деца ко Гринвуд и Вилијамс со потенцијал но во главно ресто не се ни за втори, трети опции.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
32.877
Поени од реакции
67.462
Неспорен е делот околу квалитетот, ама срамно е онакво издание да се прикаже со Вила.Реално Вила немаа изгледа шанса, си ја вршеше работата одбраната(1виот гол е ремек дело, вториот е невнимание на Вилиамс кој е млад).Највеќе ме нервираше што 2 утакмици по ред доаѓаат тимови и ни ја доминираат средината, а уште повеќе ме нервираше што однапред се знаеше дека ќе не доминираат во средина уште кога искочија поставите.Солскер треба да примети дека Мата е каспер и за ташак не го бива, и треба да увиди дека дур се Переира и Фред у средина у пар у18 екипи ќе ги шетаат.

Најмногу ме вади од кожа овој момент, знаеш дека средината постои само на хартија и упорно одиш со глава во ѕид(2 утакмици по ред).Оле е менаџер, нека извади некој џокер од ракав, нека го повлече Линделоф на дмф у тројка со двајцава ајвани, Переира нека иде малце понапред, штопер нека е Туанзебе а Мата на клупа.Варијанта 2 е туназебе ДМФ линделоф да е позади, ама првава е подобра зошто Весли е доста корпулентен и снажен, Туанзебе би се носел полесно.
Трета опција е нека влезе Гарнер пак место Мата и нека згусне средина.

Во најмала рака поголем отпор ќе пружеа, немаше онака да се шетаат низ терен Астон Вила, а немаше ни толку контри да прават у 2ро.Кога доаѓаа вакви моменти, САФ играчи ко Парк, Гигс, Рафаел, Фабио ЦМ ги играше или ги повлекуваше Флечер,Керик во одбрана.Дозволено е да се измешаат позиции, нека му каже некој.Еве Клоп лани на средина на сезона играше со Фабињо позади дека му се повредија повеќето штопери, едно време Фабињо беше и на десен бек.Неколку сезони пред тоа Џан исто идеше на штопер.

Проблемот со Оле е што има мнооогу лоши одлуки на тактички план, не покажува некоја тактичка креативност, додека покажува огромна тврдоглавост а нема основа за истата.Со измените често касни доста.Денес беше ист случајот, играта опадна уште во 55та минута, место да убрза со пресинг и да го уфрли лингард место мата и да внесе живост, он чекаше до 70та а притоа имаше неколку сериозни шанси за Вила.
Ja лично сметам дека нема доволно квалитет во тимот за да направи такви рокади. Потоа следува тактичкото (не)знаење на теренот. Сите овие што ги наброја пре би нога да им скршат, отколку да го разочараат тренерот, за разлика од добар дел од играчите што го имаме, кои и да изгубат утакмица, за некои од нив не е крај на светот, нешто што и Мурињо го кажа за овој тим.

Моментално имаме кратер во средина, и тоа се покажува. Не можам да покажам со прст кон Оле или управата, зашто не знам кој ја донел финалнатат одлука да се не купи играч од средина.
 
Член од
21 март 2015
Мислења
1.274
Поени од реакции
1.162
Не бев за смена на тренер,ама очигледно ке мора да де смени,Покетино за тренер,а Оле може спортски директор да се стави,иначе уште 5 години не се оправаме
 

Kajgana Shop

На врв Bottom