ВАР ги помести границите во фудбалот малку, сега е потребно и барем малку мозок кај гледачите за да може да ги сфатат работите.
Кога станува збор за ситуација за пенал, судијата може да го консултира ВАР се до наредниот прекин, независно колку време ќе помине. А пак за да не помине премногу време, судијата има можност самостојно да ја прекине играта и да го консултира ВАР, доколку во меѓувреме добие информација дека можеби има пенал.
Истата логика важи и кога има евентуален црвен картон. Судијата може се до наредниот прекин да го консултира ВАР или да ја прекине играта за да оди да гледа.
Кога пак станува збор за поништување гол, судијата може да поништи поради прекршок или офсајд кој настанал во текот на истата акција, без да настанала промена во поседот или пак евентуален прекин.
Е сега најголемата забуна може да настане, ако тој прекршок поради кој го викаат судијата да поништи гол е за црвен картон или пенал. Тогаш не важи дали прекршокот/пеналот настанал во истата акција, туку важат правилата што ги споменав погоре, во првите два пасуси.
Можеби треба една тема за ВАР да се отвори (кој ќе важи за ЛШ, Серија А и Ла Лига каде што примената е идентична) со мислења од релевантни лица, сајтови и со реални примери (има одлични видеа од Серија А со снимена комуникација) ама немам време воопшто, треба доста внимание да се обрне.