@TasHee
Јас на НБА играчи играм. Имам еден тон игри, системи и тактики сменето во животов. Моментално ова ми е најисплатливо. Не дека не комбинирам фудбал или тенис понекогаш, туку главно играњево ми е на играчите, па да се врзи понекогаш со некој зицер од фудбал/тенис.
Без да пратиш неможеш да фатиш. Едноставно нема систем или математика што ќе те прави добитен ако не ги пратиш тимовиве/играчите што ги играш.
Еве денеска како стасав до финалниот тикет. Има 10 утакмици Нба вечерва. Ги гледам коои се утакмициве и онака од око ми идат 6-7 играчи кои што сакам да ги играм. Без да знам кои се границите и без да знам дали има останати повреди и слични глупости.
После тоа гледам КОЛКАВИ граници имаат тие играчи. Списокот се намалува и ќе останат 2-4. Може 0 може и 5, тука нема правило. Денеска ми останаа 4 во потесниот избор, со добри граници. Доколку границава е поголема од тоа што мислам дека треба да е, веднаш го бришам типот.
Тие 4 кошаркари ги анализирам 1-2 часа сигурно. Значи како играле претходни утакмици, па дали имаат битна утакмица наредни денови, кој им е чувар од противничкиот тим, па дали против него има добри бројки или не, па дали противникот добро ја брани таа позиција. Доколку се исполнуваат повеќето услови,арно, доколку не, чао рагаци. Нема што со главата в ѕид да се мавнам. И сеа после овај филтер, ми останаа 3 играчи( за среќа) оти многу често останува 0 до 2.
И последен филтер, каква е границата на овие играчи што ги планирам на интернет сајтовите. Пошто сигурно не сум попаметен од нив, барем не многу
. Доколку јас го имам играчот на 13.5+ со 1.9 квота, а на бетфеир и бет365 (пример) границата е 12.5, НЕМА ШАНСИ да го играм.
Денешните типови ми се Гоберт 13.5+ и Капела 13.5+ и двата на по 1.9коеф.
Гоберт е 14.5 на бетфеир со коеф за + од 1.73, и Капела 14.5+ има 1.8
На бет365 гоберт е 13.5+ 1.64 коеф а Капела 14.5+ 1.8 мислам.
10 000 им ставив 1.9х1.9 дабл
Можеби и двата ќе турнат и ќе дадат вкупно 10 поени, ама мојот систем е овај. Последниве 2-3 недели не одеше ама тоа е тоа пресметката се прави на подолг рок.
Само ако земеш да ги играш ти сите играчи од цел билтен после споредување на коеф од бет365 и др кладилници, сигурно ќе пропаднеш. Уште 50 000 евра ќе заглавиш така ако го имаш играчов на 12.5 а на нет е 14.5 и само поради тоа да ги вадеш типовите.
Јас го правам тоа како последен филтер за да имам уште поголеми шанси, да не испадне дека сум играл играч на 13.5 кој што големите кладилници го даваат на 13.5 со 1.65 коеф за минусна пример. Еден поен и тоа како менува.
Единствено што многу не кочи е даноков од 15%, се да им ебам.