Сите го зимате за пример Барди а баш тој е играчот кој на втората утакмица со Албанија беше само додавач(гледаше само да се ослободи од топката) и изигра без никаков пресинг.Дека има простор за сомнеж има.И пак ќе го повторам тоа дека емоциите се заебана работа поготово за спортисти.Со самото тоа што не ја почитуваат химната имаме право да се сомневаме во нивната искрена игра.Еве кога го зимаш за пример Карембе,сигурен сум дека со тој став кога би играла Франција против Нова Каледонија нема да биде ни повикан во тие 24 играчи кои ќе бидат ставени на располагање.
А еве дали ќе се согласите дека влогот е преголем за да се ризикува на било кое поле и да се стават во стартните 11 3 или 4 Албанци иако знаеме дека има некој мал ризик?
А бе какви емоции човек?
Кои емоции се посилни одтоа ти што го сакаш?
Родителите на играчиве претпоставувам дека живеат и работат во Македонија. Играчиве биле пораснати во Македонија. Играчиве, држава настрана, посакуваат да имаат одлична кариера и да имаат успех. Најверојатно сакаат да станат ѕвезди во фудбалот. Најверојатно како мали сакале да играат на ЕП, СП, ЛШ...
И сега, се на два чекора пред ЕП.
Имаат шанса самите да отидат на ЕП. Имаат шанса да ги докажат своите способности пред фудбалскиот свет. Имаат шанса да станат легенди и ќе ги зборат сите со години и години и години. Имаат шанса да станат народни спортски херои, да направат многу пари, да станат потенцијални ѕвезди во посериозни екипи, да имаат професионален успех, и да слушаат како илјадници луѓе ги сакаат и им го скандираат името.
И тоа ќе го баталат за.... ???? Не сфаќам??? Кои емоции??? Косово не постоеше. Не, МУАБЕТ за независност на Косово не постоеше кога овие играчи се родиле.
Лестер Бо Мекејлеб ќе го земам за пример.
Ако Лестер со Македонија играше против Америка мислиш дека ќе речеше "А бе да ти еам, роден сум во Америка, ипак зезнато е, американец сум" или ќе дадеше се од себе баш да им докаже на Американците дека згрешиле што не му дале шанса? (крајно фиктивен муабет нели)
А да не збориме за луѓе што нити се родиле, нити пораснале, нити пак имаат некаква поврзаност со Косово (поради тоа што Косово до пред пар години не ни постоеше)
Горан Пандев подолго време (од мали години) навивал за Милан, него ли Косово колку што е "независно".
Па тоа не го спречи да им лупне гол од корнер пред 9 (или колку и да беше) години и да си се израдува.
Овие играчи немаат никаков ќар од Косово, нити некогаш имале. Немаат ни никаква поврзаност.
Да беше ова:
Последно коло, Косово се бори за пласман на ЕП, Македонија се бори за трето место... Ок, ќе сфатам.
Ама кога сам имаш шанса за нешто... мислам срамота е ова да се збори.
Не е ни Албанија... Косово е...
Албанците во Македонија сигурно нема да ги пцујат играчиве или да имаат лош однос со нив.
Баш напротив, албанците во Македонија се во најдобра позиција.
Кој и да победи на тој меч ќе кажат "Браво, добро е да се види _____ на чекор од ЕП, баш за вас навивав!"
(ова можда звучи како напнат коментар, ама нема врска
)