Не верувам дека судиите имаат удел во тоа. ПЛ е убедливо најгледана, со аматери од судии. На Калчото му фали силен Милан, и добри Рома, Наполи и Лацио.
За Интер сметам дека се подоправија, и дека со уште 2-3 трансфери ке бидат единствени конкуренти на Јуве наредниве години.
Штом лигата стане поконкурентна, се враќаат и гледачите. Доминацијата со изминатите титули на Јуве "набрка" саглам број на гледачи кон други поконкурентни лиги.
Не зборам за неквалитетно судење, зборам за тендециозно судење.
И не станува збор само за битни одлуки, туку целокупното судење.
Дури и кога беше италијанска лига најквалитетна во свет, на крајот на 90ите и почетокот на новиот век, имаше репутација на корумпирана лига, меѓу фановите од другите држави. Што после се покажа дека не било без основа.
Фановите реагираат на тоа. Нормално дека и квалитетот на конкуренцијата игра улога, ама игра улога и колку имаат перцепција дека е фер тоа што го гледаат. Сите гледаат фудбал за да видат победник во фер натпревар, не за да гледаат задкулисни игри.
Треба да се трудат да ја сменат таа перцепција кај неутралните фанови, а не уште повеќе да ја потенцираат. И малку е смешно, од една страна да тврдиш дека сакаш да ја копираш ПЛ и сакаш да привлечеш глобална публика, а од друга страна да продолжуваш со same old, лигата да ти фукционира повеќе или помалку врз база на заднинска политика.