Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
Тоа е тоа, реално се очекуваше пораз со Полска, настрана тоа што се надевавме на повеќе. Треба да се одигра на ниво против Австрија и Израел и да се остане на третото место што секако за нас е голем напредок.

Ваква шанса тешко дека во догледно време пак ќе имаме. Со Косово не смее да се дозволи кикс. Незгодна репрезентација се ама не треба ни да ги преценуваме, не се тие фаворити и не смее да бидат. Голема штета е само што најважниот меч го играме баш против нив. Каде и да се игра многу луѓе ќе се воздржат да одат на стадион пошто се плашат да нема инциденти. Против било кој друг ќе имаше мислам одлична атмосфера на Градски.
Како бе во наша држава да се плашат да одат на стадион ???
Ако одат луѓето со намера да гледаат фудбал и да ги бодрат фудбалериве достојно, без провокаторски песни и навреди нема да има инциденти, сигурно и ќе има зголемен број на полиција во случај да дојди до такво нешто.
Баш на тој натпревар треба да има најголема бројка на стадион а не од дома да изиграваат стручњаци пред екраните.
 
Цела репрезентација можи да игра во топ5 лигите, ама играчи ко Муслиу, Николов и слични квалитети на нив можат во Дижон да греат клупа.

Чурлинов и Митровски играат клучни улоги во Б тимовите на Келн и Спортинг и се најдобрите играчи во младинска репрезентација, местото од каде селекторот најмногу треба да ги пополнува недостатоците на сениорската репка. Неќам да ги споредувам со Елмас, ама млади играчи кои се во топ форма таму каде што играат заслужуваат повеќе шанса.
 
Дечките добро се држеа со Полска. Судијата во двете утакмици беше поблагонаклонет кон противникот. Имаше фаули и моменти кои можеа да го сменат резултатот или да влијаат колку толку. Средниот ред беше слаб и се гледаше дека фалат Адеми и Барди. Не знам што е со Тричковски и зошто помини замини мала повреда.. Несторовски е вон форма и упорно се форсира (исто и со Радевски). Бејтулаи игра многу нестабилно и не е за во репрезентација.
Другото беше ок. Би сакал да победиме во Австрија или барем бод да освоиме, а Израел обавезно да се победи. Што повеќе бодови се соберат тоа подобро пред ждребот за СП. ФИФА за ждребот оди по моментален рејтинг и би сакал да сме минимум 4-ти шешир пред ждребот, а мислам има големи шанси за тоа.
А дали ќе играме со Косово уште не е сигурно. Тие имаат и гостување во Чешка, па не може однапред да се реши дека Чесите одат директно. Косово на домашен терен со добра игра сигурно ќе падне.
 
Не ги глеав младиве (не знам ни пренос дали имало) ама...тапа...ептен тапа.

Треба да се добиваат вакви мечеви, особено на домашен терен..

Ако некој ја гледал нека пише што како...

П.С. Од кога бе дозволуваат волку замени на у21 ниво?
 
Не беа толку лоши,имавме шанси ама доста ноншалантно делуваа дел од играчите.
Мое мислење е дека ги потценија,тоа се одрази на резултатот.
Инаку,официјално го примивме најсмешниот гол во историјата,со лигамент ни даде гол казакстанецот,по грешка.

Sent from my SM-N960F using Tapatalk
 
Не знам што да се каже за У21 дуелов денес, од тоа што фатив Казахстанците дупки беа, не ни личеа на фудбалери/спортисти тоа, сите беа коска и кожа ко некои деца од улица да собрале, нашиве цело време напаѓаа и на крај Казахстанциве некако успеаа да израмнат и да го одбранат резултатот. Стварно штета, а баш доста добра група ни се падна и имавме шанса со Израел во директен дуел кој од нас да се избори за плеј оф, ама сега веќе сме во минус. Ептен тапа.

Sent from my SM-N950F using Tapatalk
 
Некој од организација треба да иде у затвор пошто 30 минути не можеше да се излезе од стадион, вратите беа заклучени. Кој беше на стадион-знае каква гужва беше посебно на југоисток.Среќа не беше денес гостин посериозна репрезентација со повеќе публика.
Поради проблемите со форумот немав шанса да напишам веднаш за ова па затоа дури сега пишувам на оваа тема.

Не знам колку треба да си кретен да не ти текне да ги отвориш вратите на јужна целосно а не само преку мал дел од целата порта.Друго што исто ме зачуди беше тоа што на едната билетара снема карти а имаше огромна гужва.

Тука неможам а да не го заборавам народот кои мисли дека на утакмица се иде пред да свирне судијата(и јас се ставам во едни од овие на оваа утакмица но поради тоа што јас не возам никако не би можел да дојдам порано а инаку сум еден од оние кои одат порано на утакмица за да ја осети убаво атомсферата).Кој влегуваше на јужна знае каква гужва направија и редарите кои не знаат да се организираат па многу народ влегол покасно најверојатно зошто јас влегов кога се свиреше македонската химна а позади мене имаше еден куп луѓе кои сеуште чекаа да влезат.

Атомсферата беше одлична имаше народ од цела Македонија,не се опишува чуството кога со рандом луѓе од Виница и Струга се гушкаш како да сте браќа и да се знаете цел живот.

Единствено нешто што ја расипа вечерта беше еден Албанец џандар кој ќе умреше од мака што Македонија победила па не нарече со погрдното име кое се употребува за Македонците затоа што со скандиравме Македонија со едни дечки од Струга од колите.Не дека и ние не му вративме :icon_mrgr: ама кога ќе размислиш дека на утакмицата со Косово треба истиот тој да ме брани и чува малку се осеќаш неубаво и понижено.
 
Дечки знаете некој дали можем у Скопје да купим карта за Австрија - Македонија?
 
Дечки знаете некој дали можем у Скопје да купим карта за Австрија - Македонија?
Мислам дека сеуште не се пуштени картите а кога ќе ги пуштат можеш онлајн на Karti.com.mk...за сите локации во Скопје можеш ТУКА да провериш...исто така на 1 недела пред натпреварот ФФМ има штаднче за продажба на влезот од кај Тренд Кафе во Сити Мол...

EDIT
небитно во случајов пошо играме на гости...
 
Последно уредено:
Мислам дека сеуште не се пуштени картите а кога ќе ги пуштат можеш онлајн на Karti.com.mk...за сите локации во Скопје можеш ТУКА да провериш...исто така на 1 недела пред натпреварот ФФМ има штаднче за продажба на влезот од кај Тренд Кафе во Сити Мол
На штанд у Скопје се продаваа карти за у Австрија?
 
Мислам дека сеуште не се пуштени картите а кога ќе ги пуштат можеш онлајн на Karti.com.mk...за сите локации во Скопје можеш ТУКА да провериш...исто така на 1 недела пред натпреварот ФФМ има штаднче за продажба на влезот од кај Тренд Кафе во Сити Мол...

EDIT
небитно во случајов пошо играме на гости...

Како бе за во Виена продаваат карти во Македонија? :pos:
 
Де бе згрешил човекот, не видел дека барам карти за гостинска утакмица.

Фала у сваки случај, помислив као гости да не добива ФФМ неколку стотини карте, па да ги пушта, ама ги контактирав не им следува ништо, ќе мора у виена да си земем
 
Де бе згрешил човекот, не видел дека барам карти за гостинска утакмица.

Фала у сваки случај, помислив као гости да не добива ФФМ неколку стотини карте, па да ги пушта, ама ги контактирав не им следува ништо, ќе мора у виена да си земем
Во Виена продаваат само за секторите за домашните фанови, за гостинската трибина ФФМ си се задолжени, тука (во Австрија) и да сакаш не можеш да извадиш. Така да ако вадиш од тука ќе треба со Австријците да седиш, резил од ФФМ што ти рекле дека немаат карти кога они се задолжени за продажба на карти за нашиот сектор.

Sent from my SM-N950F using Tapatalk
 
Во Виена продаваат само за секторите за домашните фанови, за гостинската трибина ФФМ си се задолжени, тука (во Австрија) и да сакаш не можеш да извадиш. Така да ако вадиш од тука ќе треба со Австријците да седиш, резил од ФФМ што ти рекле дека немаат карти кога они се задолжени за продажба на карти за нашиот сектор.

Sent from my SM-N950F using Tapatalk


Да му ебеш мајката, 3 дена по ред звонев, додека ја добијам "колешката што е задолжена за тоа", и ми рече господине ние сме гости не сме организатори и немаме карти на располагање, и тоа со тон као у стил зачудена зашто уопште прашуем такво нешто.

Нејсе, нашол татко ми карте, има, ама ќе бидем испод нашите навивачи, а и они тамо му рекле дека ќе има гостинска секција ама они не продаваат карти за тој дел, и затоа и пишав овде каде се купуваат карти додека сум во македонија да земем.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom