Браво за Динамо бод извлече кај Шахтјор!
Дефинитивно најдобра екипа од Балканов,сериозни шанси имаат за да поминат,со Атланта тепаа дома сега бод земаа со Шахтјор,најверојатно со уште една победа ќе поминат група.
Солидна екипа се,далеку од тоа дека на среќа им се резултативе,посебно годинава ги пратев неколку пати и во Хрватска лига во ЛШ сите утакмици,многу дисциплинирано играат секој си ја знае работата на терен.
Олмо малиот им е играчиште ќе се тепаат големиве екипи за него,Ливакович голманот исто е одличен сигурно ќе оди во топ 5 лигите,Оршич,Петкович почнаа и за Хрватска да играат,секако тука е и Адеми.
Најголема добивка за Динамо е Бјелица(тренерот)си знае човекот,сите играчи ги носи од помали клубови и ги вклопува во неговиот систем.
Ќе биде интересно да видиме што ќе направат понатаму.