Значи 4 амортизери и 4 спирали. Фала
не не... 2 амортизера и 2 спирали... само задните... тоа што однапред се издигнала колата е ефект од пропаѓањето позади. кога позади ке се РЕПАРИРА автоматски и напред ке си дојде на свое место.
A колку чини тоа полнење на амортизери,спирали,федер платна и слично??Прашувам зашто сум слушнал дека после полнење амортизерите треба да се сменат во рок од 2 години...И мене некако малку како клапната да ми е позади ...
полнење амортизери е различно.. зависи од моделот нели, ама се движеи помеѓу 800 и 3000 денари. некој ќе рече па 3000 е нов амортизер... е па не баш. тој што е за репарирање 3000 денари, нов кошта 10.000 денари...
а спирали не препорачувам да се поправаат, бидејки тоа е материјал кој веке претрпел замор и го сменил својството. значи за спирали и федер платна се менуваат со нови. има некои што ги греат со бренер и ги растегнуваат ама тоа не трае долго...
полнењето амортизери во голема мера зависи од мајсторот што ги прави. имам ситуации на кои репарирањето на амортизерите трае веќе 6-7 години и нема проблем, ама има ситуации каде испуштиле за 6-8 месеци... па пак идеш на полнење, нели, во гарантен рок (сите даваат од 12 до 15 месеци гаранција) и таман ке ти истече гаранцијата пак издишале-истекло маслото...
понатака има амортизери кои не се репарираат... например еден убав дел од француските возила имаат гасно-уљни амортизери. тие не се репарираат... чаре? се разбира, нови...