Ѓорче 1932
тој сум...
- Член од
- 17 февруари 2009
- Мислења
- 13.564
- Поени од реакции
- 11.576
Е баш затоа и денес изгубивме.
Дамброзио е дефанзивен премногу, речиси и да не ми текнува да имаше центаршут.
Асамоа 100 обиди, еден успешен, офсајд...
Јас мислам дека беше пресудна повредата на Сенси за остатокот од мечот.
Без него Интер ја немаше потребната динамика во играта и во транзицијата од одбрана во напад.
Додај на тоа и дека е одличен шутер,тука ја гледам најголемата вина за поразот.
Крилата,Дамброзио и Асамоа се само пропратни проблеми и нема логика да се напаѓа Лукаку без потреба,добро беше затворен,му дишеа во врат двајца играчи,а Асамоа со неговите центаршутеви мислам дека му го помодре газот на Квадрадо.
Немаше ефект ниту еден центаршут.
Горе главите,ништо не е изгубено,долга е сезоната,мислам дека нема да потпаднат психички,ќе ги среди Конте,сега ќе ги рашамара во соблекувална одма,посебно Годин со неговите непотребни испади вечерва,а потоа и Лаутаро и со неговиот чекор повеќе во напад.
И себичноста.