Фан Клуб: Интер

Најдобриот тим што можеа да го извадат, го извадија.
Нека го играат тоа што го играа до сега сезонава и ќе дојдат до резултат.

Меѓутоа, и да изгубат не е крај на светот. Рано е уште за да има било каков импакт врз сезоната. Јуве го има товарот на фаворит, без разлика колку пробуваат да го префрлат.
Сакам само еднаш да го видам Бонучи со расплачената фаца да се одбие од Лукаку, ако ништо друго.
 
Требаше некој од групава да уплати 20 денари на Јуве да тепа....ама вие си знаете, да не ви се мешам :unsure:
 
Што ќе правиме со Весино второ полувреме, братот не може да подаде, не му лежи фудбалов, боље Валеро или Гаља да влезеше.

Кај се повреди па то минатото, боље бевме додека играше, откако излезе не набија во гол.
 
Колку не знае Весино со топка тоа е нешто невидено. Се вадеше лани кога игравме со еден напаѓач па ќе утрчаше кога бркавме резултат во 16 и ќе наденеше нешто... сега за ташак ни е на средина, најслаба карика.
 
Штета за Сенси, комплетно го смени натпреварот неговата повреда. До тогаш беа добри.
Весино е тешко ѓубре. Неверојатно е колку е лош, практично да немаше и добар потег.

Одбраната е многу нервозна. Брза со потезите и прави глупи фаули. Конте треба да ги смири на полувреме. Единствен кој изигра одлично беше Дамбросио.
Второ нека пробаат со контри и смирено во одбрана. За жал без Сенси, а со Весино, средината е за класа полоша.
 
весино едино ако се потрефи во 16тник да стигни топка до него.
ни дефанзива ни посед ни ништо со него.
 
Штета за Сенси, со Барела и Броз супер се носеа, а вака мање играч имаме. Жими се, боље ќе беше Валеро да влезеше, барем знае со топка да игра, Весино е тотално изгубен. Ако нема некоја измена, ја мислам дека ќе ја губиме, зошто откако излезе Сенси едноставно се претворивме во Спалети тимот од лани. Можда и подобро ќе беше со Гаљардини, па после да се повлече Лаутаро за да влезе Политано и да ги чекаме на контри.

Многу ми е криво за Сенси, барем гледавме добар фудбал. Инаку, право Дерби на Италија какво што заслужува Серија А, топ утакмица. Како Броз и Барела одеа да кренат некого на шутови кога лежеше Лукаку и циганиве не ја шутираа во аут топката, прав тимски дух му ебам Контето, изгинаа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom