- Член од
- 10 декември 2018
- Мислења
- 390
- Поени од реакции
- 664
Всушност ласерот удира во перката и истата врти така да дискутабилно е дали измерил во изменувачот. Згора на се мерев и со Унимер кој има темературна сонда и резултатите се слични.извини што се замешувам од страна но сметам дека со мерачов ја мериш температурата на изменувачот на внатрешната единица а не на воздухот на издув (температурата на воздухот е дефинитивно пониска од прикажаната) бидејќи овој тип на мерач не мери температура на воздух туку температура на предмет.
Го повторував мерењето на повеќе точки затоа што и јас се посомневав дека мерам на изменувач но истиот не можам да го видам ни со осветлување со ламбичка камо ли да го нанишанам.
Згора на се мерењето со рака ми е малку напорно затоа што треба да се поткревам на прсти (просторија со висина 2,80) и одокативното чувство во прстите и ноктите вели дека се работи за сериозно жежок воздух.
Мерење со ХАСАП термометар не направив затоа што истите се премногу спори. Ваљда можам да направам сондата да се држи на некое круто парче жица па така да мерам но ова ми е помалку гњаважа и нема поента затоа што се работи за инвертер клима која го менува издувот во секој момент.
Да е on/off клима тогаш да, вака не.
Попрецизно мерење само со FLIR камера чија цена се движи од минимални 150 долари на Алиекспрес до 500 евра за Бош и сродни па се до 3000+ евра за FLIR камери за мерење на температура на лагери (SKF им дава вакви на сервисерите и застапниците) и други прецизни апликации.
Имам пријател кој има ваква но малку е бедасто да го малтретирам да мериме температура на издув

А душа дала човек да види каде се има проблеми во зима.




