Убаво е да каже свое мислење некој ако има на форумов што поседува клима од овие модели...
Јас поседувам Mitsubishi MSZ-FH50VE2
Климата има многу паметна логика кога треба да работи со ниска потрошувачка (модулација)
Тестирано ми е пред неколку дена (што во никој случај не е меродавно затоа што сеуште е топло во собата и надвор) на надворешна температура од 14 степени со вентилатор наместен на нечујно до макс. 2-ра брзина.
Наместена температура 25.5 (апликацијата дозволува местење на пола степени и не е превара)
Кога постигна температура климата се зациментира на модулациија која споро и без нагли скокови варираше од 600 ~720W со издув од 42 до 45 степени
Наместена на неучујно (знакот со уво) не го жртвуваше комфорот во полза на потрошувачката. Ќе зголеми потрошувачка за 100-ина вати, ќе се појача топлината на дување и пак ќе се намали на 600~630W.
Ова повеќе ми беше експеримент за да го видам „понашањето“, буката на внатрешна и надворешна отколку да следам модулации и слично. Рано е за тоа.
Мерењата ги правев со бесконтактен термометар, со Sonoff POW R2 мерач за потрошувачка, и со нејзината апликација MELCloud.
2 часа работа вкупно 1260W
Во живо
Подесување во апликацијата
Графикон од MELCloud for PC. Валидни резултати се оние помеѓу двете црвени линии, односно од 22:00 до 00:00
Максимално што извлеков од климава е: 1450W со максимален вентилатор и со 60 степени издув (59.5)
Тотално непотребно ама ете
Во поглед на бука чиста 5-ка. Во поглед на бука на надворешна единица 10-ка
Но како што кажав нека залади па ќе направам уште едно тестирање.