Во СФРЈ требаше партиска книшка за вработување, ама за работни позиции (директор, управник, шеф, инспектор, судија, поротник, јавен обвинител, член во советот во општина. Од 21 милион население во цела СФРЈ имаше 200.000 вработени со партиски книшки. Тоа е ништо. А денес во Македонија од 200.000 вработени едно 160.000 се со партиски книшки. Истата е ситуацијата и во другите Ју-републики со партиско вработување само Словенија е исклучок...
Денес за секој вработен во државно треба партиска книшка и за чистач во ЈП Комуналец и за казмокопач во ЈП Водовод и канализација, и за Болничар и за отпушувач на канализации во Нискоградба. И не е само партиската книшка доволно. Треба и да дадеш мито од едно 2.000 евра за да ти заврши некој работа. Друго Кога ќе има избори треба да одиш на митинзи, протести, контрапротести следно и контраконтрапротести ќе измислат. Еден митинг не смееш да пропуштиш. И имаш задача на митинзи, протести кога ќе се спомне противничката партија да упатиш свирежи со двата прста в уста пикнати, да викаш уууууууу, уааааааа да земиш хамер хартија и да напишиш нешто, да даваш аплаузи, да упатиш вештачка насмевка пред камерите и да скандираш Заев или Мицкоски. Доколку пропуштиш само еден митинг ти се јавуваат на телефон и ти викаат еј од утре да си бараш друга работа... Нема никакво оправдување дали детето ти има 39 температура, дали дента именден правиш за детето, дали правиш веридба за синот.
Други задачи освен одење по митинзи ти се да лепиш плакати на џамој, да одиш по куќи и да раздаваш пенкала, упаљачи, шалој, капчиња мајци...
Но во СФРЈ немаше ни митинзи ни предизборни кампањи. И дома да ти ѕвонат од штабој и да те убедуваат со гласање. Никој не се замараше со политика.
Освен Тито и Лазо никој друг политичар не знаевме. Не знаевме ниту еден министер, ниту еден пратеник, не знаевме кој ни е градоначалник...