Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Vtoriot high life me zdrma jako, obicno ne se diturbnuvam lesno ama ovoj so konstantnosta, me stavi u trans i si zema danokot, ko trip od noe da gledav. Scifi u space so robert patison (koj razvali, edvaj cekam da go vidam ko betmen), ovaa julie binoche i mia goth. Top ekipa, kreativna reziserka. Preporaka.
Ќе ти пишев да ја образложиш оценката, ама search-нав пред тоа. Како што и си мислев - weirdness е полн погодок кај @wot . Се прашувам само зошто се уште го немаш гледано Under the Silver Lake.

За High Life - оригиналност 10/10, глума 10/10 (Патисон е навистина едно од најголемите изненадувања за мене во последните години - таква трансформација од Едвард Кулен во се останато што изглуми, искрено, не очекував), визуелно 10/10 (бои, светлина, се чини се си има своја цел и причина), музика (песната на крајот, де) - 10/10... Ама многу ми сметаше средината на филмот каде Денис фокусот од Монте и Вилоу го сврте до тоа што довело до нив двајца заедно сами таму горе, а тоа ми беше навистина ем голема дистракција, ем на моменти претенциозно и ко веќе видено (ете, ме потсети на еден Suspiria, да речеме, филм кој воопшто не ми се допадна). Ќе беше подобро Денис наместо да се сврти кон Ное-и-Гвадањино-like visuals, да си тера една Линклејтер или Малик драмичка ко на почетокот и крајот, и да беше максимално досадно, наместо да ја гледам Бинош како се дави во сперма (btw, многу јак коментар прочитав - ова ко Клер Денис да гледала Interstellar и рекла: „Супер е, ама фали сперма“ :pos:). Само затоа што ова ми изгледаше ко да гледав 2 филма лошо измонтирани во едно, од мене доби една 6. Ама дефинитивно ќе го помнам филмов!
 
Рускиот Лето што ни беше во клубот го даваат на Cinestar Premier 2 моментално.
Можете да отепате 2 попладневни часа на добар филм и уште подобра музика. :D

Океј, здушно се придружувам кон генералниве онании на форумов над интерпретацијата на Финикс на Joker-от, но се чувствува дека филмов ќе биде критика на современово општество персе, кое од паупери и ауткести продуцира архи-негативци. Тоа ги одзема елементите на стриповска луцидност кои беа присутни во филмовите на Бартон (моите омилени) и се приближува кон социјална критика и трансформирање на жанрот во психолошки трилер, налик на трилогијата на Нолан, која потполно ја исцица оригиналната комик букс магија. Форк ит, најверојатно Финикс ќе ме демантира, ќе го редефинира жанрот и ќе ги собере сите могуЌи награди за филмов.
 
Се е работа на вкус. Зависи какви филмови повеќе сакаш да гледаш. За мене ова е баш доброто во филмот. Трилогијата на Нолан е нешто најдобро што му се случило на суперхеројскиот жанр за мене пошто докажа дека може да се раскажуваат и посериозни и помрачни приказни базирани на стрип ликови. Мене лично ми е смачено да гледам шаблонски суперхеројски филмови со стандардни акциони сцени, хумор и family friendly приказни (како многу филмови на Марвел). Секогаш сакам да видам поинаков пристап. Некогаш и тоа е ок ако е добро направено ама во случајов на Џокер баш ваков мрачен тон му одговара на филмот.
 
Се' што напиша стои, освен еден ситен детаљ, а тоа е дека Бетмените на Бартон се се' само не шаблонски, суперхеројски family friendly филмови.
 
Се' што напиша стои, освен еден ситен детаљ, а тоа е дека Бетмените на Бартон се се' само не шаблонски, суперхеројски family friendly филмови.

Дефинитивно не се. Не мислев на нив. За нивно време и тие биле сметани за мрачни и контроверзни. Ги обожавам тие филмови иако трилогијата на Нолан ми е сепак подобра ради пореалистичниот пристап.
 
>taking part in this production
ќе им носи вода кога ќе ожеднат
А добро, ако е онаа од постерот ќе се појави чат-пат

Официјално е!!! Веќе долго време се мачам да не разкажам на сите дека станав дел од @marvel универзумот и дека земам дел од оваа продукција!! Овој цел момент беше исполнување на сонот, па се сега се осеќам благодарна и смирена Ништо од ова немаше да постигнам без верба, мојата фамилија и мојот кикас агент!! .

Патем, што се десило за да се створи оваа, наша се сковала со црнец, наш сковал црнкиња...?
 
Последно уредено:
Што викате за Јужни Ветар двојка + серија 14 епизоди? -Мене првиот дел ме воодушеви.
 
Земав да го гледам новиот Аладин... одма го исклучив, најлошо потрошени 13 минути во мојот живот.Вил Смит кога почна да пее, некако туѓ срам ме изеде.
:sramezliv:

Дефинитивно ќе се тргнам настрана од овие live action филмови на Дизни, ептен се cringe според мене.
 
Леле ова ќе биде лудница.Од целокупната моја филмска гледачка кариера никогаш не сум бил вака возбуден никогаш ни за Авенџерс,ни за Малик ни за ниеден филм до сеа како овој.Секој пат ме ежи неговото смеење полно со психотропни супстанции тоа е страшно.

23 секунда иако знаете за што зборувам
 
Земав да го гледам новиот Аладин... одма го исклучив, најлошо потрошени 13 минути во мојот живот.Вил Смит кога почна да пее, некако туѓ срам ме изеде.
:sramezliv:

Дефинитивно ќе се тргнам настрана од овие live action филмови на Дизни, ептен се cringe според мене.

Ama iiiic ne sum iznenaden :D
 
Ama iiiic ne sum iznenaden :D

А што, тебе ти се свиѓаше новиов Аладин? :tvg:
Знам дека ме знаете по "ретро" стилот на филмови, али ги гледам и новиве, само не ги коментирам често, освен ваквите очигледни cash grab срања. 13 минути ми беа доволни дека џабе ќе си го трошам времето, и едноставно не ми лежи да гледам copy-paste преработка на анимиран филм со неверојатни cringe моменти.

Али заработи 1 билион на бокс офисот, јебига... can't argue with that, се додека има добри овци, ќе има и волна за стрижење :toe: Сега треба да го изгледам Психо од 1998 и да заклучам дека е ремек дело :/

Јас сум изненадена што воопшто го пуштил :LOL:

tumblr_mwcp4bA6Cd1sle2hmo5_r1_250.gif
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom