2019 FIBA Basketball World Cup - China

Член од
7 јуни 2012
Мислења
267
Поени од реакции
500
Америте - слаб состав за Дримтим стандарди, нема дилеми тука. Плејмејкерската позиција е озбилен проблем во екипава и кадровски промашена до перфекција. Во репрезентација во која и стандардно нема недостиг на одлични индивидуалци (супериорни во длабина како тим), за кои и навидум не треба многу проигрување (тимот на САД склопен од НБА професионалци функционирал на тој принцип отсекогаш), некој би се запрашал па зошто е толку битна улогава, да има играч кој треба да одработува за другиве, да им џвака, кормилар?!

Кемба за организација на играта е слаб, низок е (индивидуално дефанзивно сериозен пропуст), со таа конституцијата секој може да игра преку него на снага, и да шутира, и онака под ФИБА се игра пофизичка кошарка, на која денешниве генерации НБА играчи не се навикнати. Скок-шутот му е слаба страна цела кариера, особено шутеви од дриблинг, неконстантен за три, или па шут преку играч за таа висина јок. И онака кампот на САД и припремите траат прекратко, за екипа собрана од вчера, со 5-6 тренинзи, за викенд (ма тоа се само собири онака за пред камери, дека еве се работи нешто, позирање) и месец дена само подготовки, независно колку се талентирани и искусни играчите, јасно е дека и нападот и одбраната не е возможно да се направат пристојни, за толку мал рок. Тоа и противниците на САД го знаат и затоа и често зона играат против нив, за која треба добра дистрибуција на топка, со многу движење и трпение, а на Америте шеќерот им паѓа на зона и се конфузни, а особено и при поспоро темпо добар кормилар е неопходен.

Дури Попович па и еден Смарт го играше малку во подготвителниот период во таа улога, за бекап (да префрли топка само, попрецизно). Неискусниот Дерик Вајт си го зема Грег да си го разигра малку, за следнава сезона, а овој мора да слуша и оро ќе игра, инаку..... Кемба едноставно има толку многу слабости за да игра прва постава во тимот, а Смарт нема добра контрола над топката и шут бетер од Кемба. Често во играта на подготовките дримтимов личеше на Бостон со три играчи од клубов во исто време на терен- Џејлен/Смарт/Тејтум...а оваа тројка пак делуваа како со Бакси кога играа годинава плејоф, расштимано до даска, уште ги држи башибозукот. Дефанзивно, од прикажаното во подготовките ( а и на турниров) се мизерија, не им се трча. Пробаа против Австралија неколку пати да играат пресинг по цел терен(често користена стратегија во тимот на САД, ради индивидуалната физичка спремност) и потонаа, ги казни противникот. Џокери во тимот треба да бидат Мидлтон, кој не играше многу подготовките и го искриви обрачот (9/26 шут) и Барнс, двајцата може да играат на пост и солидни шутери од полудистанца (нешто што многу фали во овој тим, поени во тој дел од теренот). Тејтум исто беше многу слаб во шутот. Тејтум и Браун играа на припремите како во Бостон, себично и индијански, и Мичел акробатот доста себичен, кој мислеше можеби дека игра во Јута, за која зема по 25 шута секој втор меч(со Рики и Гобер инвалидиве) и дека така треба работите и во тимот на САД да функционираат. Во шут за три многу неконстантни (иако со исклучок на Пламли сите може да погодат за три), со Џо Херис како специјалист шутер, ме разбираш, кој е одличен шутер, но од вчера.

Офанзивно не е проблемот што се лајно и се игра исклучиво индивидуално (ништо ново за тимот на САД), за 3-4 недели камп невозможно е да се постигне уиграност и балансиран/ефикасен напад, па и со млади и неискусни деца, кој сака нека е тренер, но дефанзивно загрижува што се летаргични, а кондиционо поспремни од било која екипа (па и млади), а згора на се и за Попович играат, кој шалабајзери и ноншалатност во тој дел од играта не трпи, на подолг рок! Пламли го зема Попович оти ќути, слуша и игра тоа што ќе му се каже и не троши топки-дисциплиниран е, по некој блок да постави за другите, по некој скок и тоа е неговата улога. Многу нема да се изнаигра. Без оглед како ќе завршат САД на турнирот, голем бенефит од дружењето во текот на подготовките за првенството и турнирот би требало да има Селтикс, во пресрет на НБА сезоната, камп пред камп за уигрување на Кемба со децава, од голема помош ќе му дојде на Стивенс, кој има и одговорност за минатава (пропадната) сезона на хаос и недисциплина на тимско ниво.

Кумулативна статистика на САД подолу, од четирите натпревари одиграни во подготовките (Австралија x 2, Канада, Шпанија) онака, кој бил што бил, колку итн.......

Од турниров во Кина, на мечот со Турција, во прво полувреме 7 играчи од тимот на САД постигнаа тројка. Стилот на игра е рефлексија во голема мера на она што се игра во НБА лигата особено последниве 4-5 години= фати-шутни, тројки плескање за извоз....40 тројки со Турција испуцаа и од сите тимови на турниров најмногу тројки испалени/меч имаат=33 ! Пример, еден пензионерски дом Бразил ја победи Грција со само 12 тројки шутнати! Кој тоа го будалка тврдоглавиот Попович да игра ваков стил на игра- тој не може да одолее или чираков Кер се меша?! За екипа водена од еден Попович, без концепт се, а не се толку слаби индивидуално ,супериорни во однос на остатокот на репрезентациите на турниров, со исклучок на центарската позиција, но САД никогаш не играле ексклузивно преку центарските позиции и многу поени не вртеле од таму. Децава ли се толку непослушни ? И другите тимови на САД ги имале истите услови и трка со времето при подготовките па биле попристојни во нападот. Или можеби Грег го мава носталгија од 2002-та, кога беше и асистент, па сака и сега да ја посере (ама сега во главна улога, за оскар!), како и 2004-та со Лери Браун ?! Може ќе оди на трипит од фијаско?!

Еден Кармело, со неговото репрезентативно искуство, низ што се помина со составот на САД во неговата кариера (бламажи и неуспеси во рана фаза од кариерата), да се понуди под овие околности, а да го одбиеш, е многу глупав потег. За стартер сигурно не е. Одлични партии имал за САД, сам ги буткал. Па и Фарид кенгурот да не го земат, неатрактивен можеби играч на име, ама функционален и многу борбен (да им покаже на дечиштава мрзливи), ќе загине на терен за секоја топка, без разлика за кој тим игра, дали на клупско или репрезентативно ниво, и кој во 2014-та беше одличен. Како еден од најагилните играчи и скокачи во НБА во последниве 2 декади, со оглед дека под ФИБА правила е дозволена игра на обрач (за разлика од НБА), кошот да им го корне на противниците би бил повеќе од добредојден, и по некое цепелинче, па поени од одбојка, чита добро игра, солиден дефанзивец, одличен финишер на пик-ен рол (во комбо со добар плеј). Дебелите центри од Европа може само мишките да му ги мирисаат, на скок. Присуството на Фарид сигурно нема да го направи Кемба подобар плеј. Друга грешка, Мидлтон мора да игра стартна постава, фикс прост ко пасуљ.

Кармело е предмет на потсмев последниве 2 -3 години во САД, неоправдано, но никој не може да му ги избрише феноменалните партии и неговиот придонес на репрезентативно ниво, како пример мечот со Италија 2006-та, кога сам ги спаси САД од рана бламажа и постигна 35 поени! Линк подолу од мечот (нема аудио од 2-ра четвртина). Марче и Мело се пердашат:


Без разлика на посочените слабости, Американците да ја стегнат малку одбраната (да трчкаат де повеќе) и да имаат повеќе трпение во нападот и дисциплина, се можат да изрешетаат убедливо на турниров! Во 2014-та финалето, како пример, Србите постигнаа само 2 тројки прво полувреме (Тео и Бјелица), првата тројка ја плеснаа почеток на 2-ра четвртина, кога веќе Америте имаа 14 разлика. Америте пак постигнаа 11 тројки прво, 5 играчи поентираа за три (Ирвинг распука, Клеј, Кари, Харден, Руди). Реакциите на Џорџевич, како се фаќаше за глава, во неверување, по секоја тројка на САД, особено веќе при крај на прво полувреме не се забораваат туку-така. Па и на Радуљица гримасите, од клупа вредат.
-----------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

2002-ра беа шутерски Америте многу слаби за нивни стандарди, млади и имаа слични проблеми како овој тим...Пирс, Дејвис, Андре неконстантни и просечни шутери, до душа Пирс беше одличен тој турнир за три.....и тогаш некои играчи (Кид) на 2-3 недели пред почеток на првенството му откажаа на тимот и Карл немаше многу опции, со плукни-залепи решенија, во 5 до 12 да крпи дупки во ростер. Единствен кој беше солиден шутер-специјалист и достоен за таа улога, па и како поискусен играч беше Финли, Реџи со 37 години го земаа како снајпер, од зорт, а овој пак не играше многу бидејќи беше расштрафен во зглобовите веќе. Ама бар за плејмејкери , вистински, не импровизации со комбо-бекови (колку да се пополни улога) имаа во Андре (и Кид првобитно), кои за Кемба се академија. Од друга страна, за телохранители како Бен, Антонио Дејвис (37) ма каков шут, пред се со дефанзивна улога. Или Матриксот, со неговата "специфична" шутерска форма да не го заборавам....Плус Џеј, Дејвис, Пирс, Џемо, Бренд, Мерион премногу млади и неискусни беа= 20-23 години. 2010-та година слична ситуација...Андре, Роуз, Руди,Чендлер, Расел, Ламар, Грејнџер- шутер врз шутер....Стеф Кари никој не беше тогаш, со мали минути. Арно Дурант од четврт финале до крај на турнир по 30 поени плескаше и ги извади, инаку и таа година ќе беше дебакл. Турците, кои играа таа година многу добро, во финале сам ги изрешета, на турнирот едноставно немаше кој да го чува, па и денес би било така да игра. 25% од вкупниот број поени што ги постигна тимот на САД во 2010-та беа на Дурант !

Па и 2004-та во Атина беа САД кадровски во шутот многу слаби итн....
-----------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Оваа година Светското од досега прикажаното е многу слабо, убедливо најслабо светско последниве 2+ декади.....последно светско кое беше одличен квалитет е 2006-та, во Јапонија, на кое и бројот на репрезентации беше зголемен од 16 на 24, непотребно зголемување за 50%! Секако, одлуката на ФИБА да го зголеми додатно бројот на репрезентации од 24 на 32 многу помага тука за падот на квалитетот, но и како што е погоре опишано, кај многу репрезентации има смена на генерации и фалат очајно добри индивидуалци од разни причини, во многу од екипите. Фиба со оваа одлука само направи квантитет да доминира пред квалитет, сакајќи цела планета да прикаже дека игра колку -толку кошарка, но популарноста и статусот (или која и да е целта) бар на овој спорт не се подига на овој начин, фушерски, преку ноќ. Во ФИБА, во врвот, екипата од административни главучи и егзекутивци која ги носи овие и слични одлуки очигледно не ги пие апчињата кои им се препишани (или не им делуваат), па прави вакви потези, и слични будалаштини последниве години да првенствата се играат по 10 држави, со никаков систем на предолги квалификации, во најнепогодни термини во текот на сезоната за многу кошаркари, независно во која лига настапуваат. На 70% од репрезентациите годинава не им е објективно местото на едно Светско првенство во кошарка, со високи стандарди и квалитет! Или, Фиба на наредното Светско нека го зголеми бројот на репрезентации за фактор 2 (на 64) и нека ги укине целосно квалификациите, тогаш ќе биде и Светско во вистинска смисла на зборот, каде и шуто и сакато ќе игра.

Неколку моменти подолу кои доволно го демонстрираат квалитетот на првенството, а и како потврда за осцилациите на многу екипи, голем дел и "фаворити":

Швабите со Франција на првиот меч, прва четвртина дадоа вкупно 4 поени (1 тројка + слободно) ! Франција 16 поени разлика ќе прокоцкаше тој меч, со тоа што прими 54 поени второ полувреме. Дирк е присутен во Кина и ги следи натпреварите, избран е како Глобален амбасадор/промотор од ФИБА (малку има пари и од оваа тазе измислена функција ќе лапа). Го дадоа еден момент од мечот со Франција, во костимче, среден, нешто зобаше ли, лапна наеднаш една шака, бутна со вода (тогаш во кадар одеше)....пуканки не беа сигурно, лексилиуми бато!!!!
Ќе го бараат Швабите Дирк и по 30 години, како што старите во Македонија ТИТО!

Канаѓаните им направија пресврт во трета четвртина на Австралија со серија 25-7. Австралија прими 37 поени во таа четвртина, демек подобра дефанзивна екипа!

Филипини со Италија примија 37 поени 1-ва четвртина, постигнаа 8. Филипини примија и 37 со Србија 3-та четвртина. Најмногу примени поени за една четвртина на турниров, заедно со Австралија. Апел до браќата ни Филипинци и слични индијанци, абе одете бе работете по бродови, имате одлични предиспозиции за во кабините да ве сместат комотно. Баталете кошарка !

Грција спичка 17 поени разлика во втора четвртина и изгуби меч со Бразил. 40-23 резултат на 2 мин. пред крај на полувреме за Грција. До 4-та четвртина, за 12 мин игра постигнаа само 13 поени! Скоро 50 поени примија од Бразил второ полувреме, Ацо мајсторе!

Сенегал со Литванија шутираше 1/22 за три ....


Италија - се додека Марче се води и делува на терен по максимата "сеа ќе видите бе вие!!" Италија ќе губи. Не му дојде паметот. Најсебичниот играч од новата ера во Европа, Расел може вода да му носи. Изгубени години последниве 10-15 за Италија, талент на располагање имаа во изобилство, ама нема мозок и концепт.
Кошарката беше бренд за Италија 90-те, Југославија ја шлакаа без напор. Да не можеш да ја победиш Шпанија која личи прва четвртина на Овче Поле, а Гасол со дури еден кош, и тоа при крај на меч.....

 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.137
Поени од реакции
107.443
Скок-шутот му е слаба страна цела кариера, особено шутеви од дриблинг, неконстантен за три, или па шут преку играч за таа висина јок.
Wtf друже, па Кемба само скок шут шутира, а шутот од дриблинг му е трејдмарк. Дека не е квалитетен доволно тоа се слагам.
 

Пеце

Пелистер-Битола
Член од
16 септември 2009
Мислења
4.207
Поени од реакции
4.944
Со овие исти играчи, само со нормален и тренер шо разбира кошарка ќе победеше Италија. Стариот незнаеше кого да извади, а кој и кога да влези, зато ги менуваше сите да не се лутат :D
Кога веќе не му одеше на Марко, после 3 промашени шута со ред, го седнувам на клупа да олади, тој го остави на терен до вечност и нормално овај ни подава ни ништо, шутира од кај ќе стигни, а ништо не годеше....
Датоме таман влези во ритам, овај по 2 напади извади го, сосема нелогички ротации кои ги доведоја до пораз.
За Галинари како шо кажа членот погоре, на моменти дури не знаеше шо игра, незнаше дали да оди на блок, да отвори простор или да излези за шут, се вртеше кон клупата, му даваа инструкции а сто години се шлепа низ НБА и пак со таков меч даде 1/4 од поените за Италија.
Ништо не игра Шпанија, можам да замислам утре шо ќе му се деси против Србија, нема да знаат кај му е газот, а каде главата.
 
Член од
1 март 2009
Мислења
8.594
Поени од реакции
10.238
Абе Трт 10000 зборој напиша и апсолутно ниеден играч не пофали.. На сите мани му најде сфаќам старомоден си ама дај не заебавај..Србите и со таа кратка клупа имаат најдобар состав од 2002.. Јокич дебел ваков таков на добар пат е да оди во историја како ГОАТ од овие простори и тоа мора да се почитува.. Кемба го напрај Марио Чалмерс му еба мамата.. Срамота вака да пишиш за играч шо 5-6 сезони со ред носи екипа со Кид Гилхрист и Батум како 2/3 опции до 40 победи и со леснотија дава 40-50 поени токму преку неговиот расипан скок шут..


Ако е некој за хејт првенствово то е Јанис пошто за играч шо освои МВП ова шо го изигра беше резил
 
Член од
24 октомври 2014
Мислења
2.803
Поени од реакции
2.446
Ако е некој за хејт првенствово то е Јанис пошто за играч шо освои МВП ова шо го изигра беше резил
Да не биде дека се правам паметен од кога помина пола првенство, ама јас искрено очекував не толку сјајни бројки од Јанис. Му ги експлоатираат сите слабости, првенствено шутот, дополнето со спориот пејс на натпреварите па ги нема тие лесни поени од транзиција што ги дава во НБА. Ни 5 асални контри нема истрчано, јака одбрана му играат. Нема што многу да објаснувам, пуштете ја со Бразил утакмицата и видете колку лесно го затвараат.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.137
Поени од реакции
107.443

Skroz se izgasi covekov, ali 100 % e vo pravo. Primer koga igraa Srbija Italija sudiite dozvolija apla kontakt igra vo odbrana, osobeno nad Belineli, par pati Lucic so bodicek mu vlagase i nisto ne svirea. Od druga strana denes sekoj eban kontakt im go sudea na Litvancite u odbrana, plus na kraj ne gledaa snimka posle slobodnoto na Valanciunas kade Gober somnitelno ja izvadi taa topka od obracot.

Zal mi e za Litvancite, simpa ekipa se skroz.
 
Член од
7 јуни 2012
Мислења
267
Поени од реакции
500
Wtf друже, па Кемба само скок шут шутира, а шутот од дриблинг му е трејдмарк. Дека не е квалитетен доволно тоа се слагам.
Кепекот не може да створи сам за себе пристојна прилика за шут, Тарнер или друг играч мора да иде на помош и да му постави блок, па овој да изигра....да шутира е едно да погоди друго.....за трејдмаркот негов види ја сликата 4 подолу, колку е тој константен и кадарен да врзе пристојни последователни партии, било плејоф или регуларна сезона. Јас знам ти на кој Кемба мислиш,тој збира старо железо, од реонот на Прилеп е.

Абе Трт 10000 зборој напиша и апсолутно ниеден играч не пофали.. На сите мани му најде сфаќам старомоден си ама дај не заебавај..Србите и со таа кратка клупа имаат најдобар состав од 2002.. Јокич дебел ваков таков на добар пат е да оди во историја како ГОАТ од овие простори и тоа мора да се почитува.. Кемба го напрај Марио Чалмерс му еба мамата.. Срамота вака да пишиш за играч шо 5-6 сезони со ред носи екипа со Кид Гилхрист и Батум како 2/3 опции до 40 победи и со леснотија дава 40-50 поени токму преку неговиот расипан скок шут..
Ако е некој за хејт првенствово то е Јанис пошто за играч шо освои МВП ова шо го изигра беше резил
Полека бе па ти, партал ме направи, имај милост!

Ама без врска ти е споредбава, преку "достигнувањата" на клупско ниво во НБА лигата, да ми го браниш кепеков дали бил кадарен и вреден за место во репрезентација или не! Логиката никогаш не ти била јака страна. Па и ми вадиш многу работи од контекст, како ти одговара, стандардна практика на форумов јајчарски, кога просечната старост на членовите е 15/16 години. Чак и да ми било срам :pos:

Не е темата Кемба и НБА, ама форумов е полн со крекачи како тебе, што само знаат да плукаат, па малку да те прошлакам, бидејки ми се обраќаш.

За соиграчите во Бобкетс....за греови беше... 2014/15 како пример, Хендерсон, Марвин, Ленс, Ал....еден Мо Вилијамс со 32 години и на залез, беше поефикасен и рамо до рамо со Кембата твој во продукција, со поефикасен шут итн.....остај ти тоа Батум и Гилкрист кривиот...овие муабети ти се излитени во стилот "Немал Леброн играчи" -плочата безвременска шлагери која ја вртиш веќе 10 години тука и тој ти е капацитетот за аргументирана дискусија. Не сум ти јас некој црнец од insidehoops форумот, таму вакво паламудење.



Соиграчите не му се виновни што овој пуцал првите четири години во кариерата со 38%, туку пред се физичките предиспозиции и лошите одлуки на терен !

По само две сезони одиграни во НБА, беше многу јасно (тебе можеби не!) дека Кемба ќе биде неконстантен шутер за век и веков, играчи со таа висина ретко може во НБА лигата да бидат ефикасни- шутерски, и пред се константни во тој дел, од памтивек е така, сакал ти или не. Со големи осцилации од меч до меч. И требаше пред 4 години да се ослободат од Кемба. Низ годиниве, од сезона во сезона, земаше Кемба се повеќе шутеви по натпревар, и затоа денес еве го стана опасен играч, олстарчина="давал по 20+, 30 ,40 поени ", друга плоча што ми ја вртиш редовно со статистики извадени од контекст, и тоа се смета обично од децата како тебе како бенчмарк за прогрес голем, созреал демек во лидер, или трета плоча хитови и верглање="Ги носел Кемба ваму таму". Дури половина од шутевите последниве 2-3 години му идат од линија за три, по 8-9 шута по натпревар има и затоа и има драстичен пораст на поени/натпревар/сезона, споредено со почетокот од кариерата.



Лесно се трупаат поени со шут за три, макар и бил потпросечен шутер во тој сегмент. И тука не е само Кемба исклучок, цела лига, со што се креира илузија дека станува збор за играчина.

Сезони со 30-35 победи се ништо во конкуренција каков што е Истокот, последниве години измочан, на историско најслабо ниво, и тимски и во кадар индивидуален. Дал 15-20 натпревари во кариера од 8 години со 40 поени и играл со леснотија! Секој ќе дава 40-50 поени од 30+ шута, од кои половината за три !!



Дојде ред во НБА, еден Кемба како потпросечен шутер од дистанца да зема по 10-15 тројки по меч!

Од толку што трупа со леснотија поени затоа Бобкетс три години нема играно плејоф! Ти кажав и во една друга прилика, при конфронтација пред 5-6 години во тема НБА, при случајна дискусија која отиде со муабет за Кемба, кога ме убедуваше за неговите квалитети со истиве излитени аргументи=дека екипа на чело со Кемба ќе брка само плејоф. И така и испадна. Само потрошени години се за тимот на Бобкетс годините со Кемба. А зошто Џордан го чуваше толку, како последна тегла ајвар (со што и само изгуби многу време, а не доби ништо) тоа него прашај го.

Кога сме кај плејоф играта негова, пример 2015-2016 сезона 22 шута земал со само 36 % реализација....ама важно по 20+ поени давал....лајно. И нормално ќе лета прва рунда екипа во која главниот играч така мизерно троши топки.



Затоа и Кемба е одличен пример, од учебник, за докажан неконстантен играч=голем трошач на топки,како таков дојде во лигава, таков и ќе си оди, ќе го закопаат. Небитен е! 8 години стаж во лигата и уште прва рунда нема плејоф поминато! Таков профил на играч не може да биде лидер на озбилен состав на САД, со голем дострел, како што и секогаш се највисоки очекувањата за овој тим. На репрезентативно ниво, натпреварите против поуиграни и солидни репрезентации, кандидати за медал, му се него еден вид плејоф натпревари, ако не и со поголема тежина, ради правилата а и бидејки овој нема големо плејоф искуство!

Едноставно, индивидуалниот квалитетот на играчот се мери преку достигнувања во плејоф исклучиво а не во регуларен дел. Нека ти влезе тоа во тиквата. И Вучевич дудукот го "однесе" Орландо во плејоф годинава, по толку
години стаж, па дури и олстар беше избран(драпај си таквото) за да во плејоф еден Гасол стар го стави в џеп, од 20 поени просек на 5 поени просек. Ама го носел Орландо. Како Самарџиски личеше.

Кемба со Турција беше 5/14 (35.7%) и Мичел 3/12...ај на Мичел ќе му прогледам, млад е и неискусен, ама овој како лидер во тимов со 30 години, да шутира така слабо, Турците им го поклонија мечот

Србија ја има офанзивно една од послабите екипи што ја пратиле последните 15 години, шутерски, пред се има недостиг на солидни индивидуалци, како никогаш до сега, и освен Богданович, друг немаат кадарен да врзе пристојни последователни партии, офанзивно (15+ поени), против озбилни екипи, кандидати за висок пласман. Тоа не значи дека се слаби. 20% од вкупните поени кај Србија ги постигна Богдан на 4 меча до сега. Србите се многу импресивни на турнирот против Филипинци и Ангола опинци, на кои не им е местото на Светско, бар не на Ангола која има најстар состав (Сиприано кој беше прва опција декада+ е 40 години) Лесно е да ги толчат и Порто Рико на база висина кога играат против кепеци (цела Латинска Америка игра со пониски постави). На првиот посериозен и единствен таков противник до сега- Италија, Богдан даде третина од поените, и три четвртини се држеа Италија. Србија направи посолидна предност во трета четвртина, на база курца =затоа што на Италијаните им судеа минимални контакти и рано отидоа во бонус, па еден Радуљица 10 слободни испуца за една четвртина. Таа иста четвртина, кога испадна Богдан не можеа да дадат Србите два коша од игра бар 5-6 минути, нападот на ништо не личеше! И Литванија го посра Сенегал 60 разлика, која е најниска екипа на турниров, па и меѓу најслабите, а шутираа и 1/22 за три. Против Французите не можеа да припарат до кошот. Србите не се толку јаки, колку што конкуренцијата е слаба и очај првенството.

2004 во Атина ги имаа на располагање Бодирога, Вујанич,Радманович,Ракочевич, Крстич, Павлович (ај овој ќе ти попуштам не е Србин) итн...Лучич, Милутинов, Бирчевич, Симонович, Маријанович, Јович, Гудурич во игра 1-1 не се споредуваат со овие дечки! Заборавив да те прашам, ти колку години беше 2004-та, анкета праам деновиве ??


Или 2010 екипата, Саванович, Кешељ, Новица, Рашич, Крстич, Тео, Бјелица....шутерски огин беа

Паѓаше во несвест на Двајт дрвото, па Кантер ми го воспеваше, па Симонс и Лонзо дрвата годиниве ти се фаворити, до ден денешен да си адвокат на Кемба, се на се играчишта кој од кој...

Не сум јас старомоден, туку ти, за жал, и по 10 години си со слабо познавање на овој спорт, џабе галамиш само на форумов, како прдеж без мирис си.
 
Член од
1 март 2009
Мислења
8.594
Поени од реакции
10.238
Кај пишав кај се запустив уште колкав му е куро на Кемба не ми кажа

Значи последни 4 сезони откако Кемба е ол-стар ниво играч шутира околу 44% од поле шо е доста солидно за комбо бек на негова висина..Веќе беше предводник на екипа до титула со Uconn во 2011.. Имат подобри опции САД од него за тоа и веќе пишав ама не е работата ко САД да е предводен од Марио Чалмерс.. Шо успех имаа на времето предводени од pass-first Andre Miller?


Но добро си се спремил искења и по САД и по Србија така да кој и да изгуби финале пак во право ќе бидиш!..Претпоставувам 40-50 год си неженет со мајкати живејш дресот од Бодирога уште не го слекваш, на децата на комшите скурчено му е од комуњарските муабети и дојде тука да кењаш како ништо не чинело.. Па не гледај да те ебам
 

Nino Manchester

Oŋce α RED, αlwαys α RED
Член од
4 јуни 2009
Мислења
14.530
Поени од реакции
17.887
Samo steta vidoa od Jokic na utakmicava bar da izlezese porano a ne od koga gi usra

Sent from my SM-A505FN using Tapatalk
 

Дим4е

NZT-48, want some?
Член од
24 октомври 2007
Мислења
7.244
Поени од реакции
8.316
Ima nekoja shema kako ide ukrstuvanjeto?


Sent from my iPhone using Tapatalk
 

Kajgana Shop

На врв Bottom