Ај вака на прво после една половина од квалификацииве базирано на резултативе:
Група А:
Англија без проблеми се пласира даље. Косово има одлична шанса ама до последно коло ќе се борат останативе екипи
Група Б:
Би рекол уште од сега е јасно. Украина и Португалија одат на ЕП
Група Ц:
Можеби Северна Ирска е прва во моментов, ама реално мислам би требало изненадување да се случи за Германија и Холандија да не одат даље
Група Д:
Интересно у пм. Швајцарциве мислам ќе стигнат до ЕП, иако ништо не може да се гарантира. Ирска ме изненади до сега резултатски. Данска исто очекувано при врвот. До последно коло ќе се решава тука.
Група Е:
Не би било фер во ваква група со вакви екипи да се прават претпоставки. Унгарците почнаа маестрално, така да лесно е да се каже Унгарија и Хрватска дека ќе одат даље, ама оставам простор да кикснат унгарците или да изненади некоја од Велс/Словачка
Група Ф:
Шпанија прво место, Шведска и Норвешка ќе се борат за второ. Очекувано нели. Ваљда Шведска ќе биде второ место.
Група Македонија:
Очекувано Полска на прво место и Словенија и Австрија во борба за второ. Израел нема квалитет нити искуство да им се замеша според мене. Им давам блага предност на словенците тука
Група Х:
Франција прво место, Турција и Исланд ќе се борат до крај. Израмнети се и двеве екипи, ама мала предност им давам на турците
Група И:
Русиве маестрално почнаа, така да...би рекол Белгија и Русија одат даље без проблеми поголеми.
Група Ј:
Италија прво место. Многу веројатно Финска второ место.