Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Кежаровски: Исто како да ме осудивте на доживотен затвор

абе Кежо, биди маж како Зеколи, а не шарено пионче ... јасно е дека ние сме биле ама и сега сме, ПОЛИЦИСКО - ПАРИСКА држава, ниту еден обвинител нити полициски офицер не одговарал НИКОГАШ за ништо... па ете случајот СОПОТ , а и други случаи... а често не е и некој политички интерес, едноставно некој шутрак ќе нареди некој случај бргу да се затвори, наврат нанос, да се прикажела МВР дека е способна...
 
ВМРО-Обединета од која подоцна настанува комунистичкото движење во Македонија
Не е точно.
Симпатизери или некои прото движења постојат далеку пред ВМРО.

Инаку интересен факт; многу обиди на работниците (подржани од социјалисти/комунисти од мкд па и од надвор, софија, атина итн) за добивање на некои права се загушени директно од одредени "комити", "војводи" и останати "дејци" кои работеле за било кој царски двор, се е евидентирано.

Организација која искрено се бори за Македонија нема од после Илинденското востание.
 
Инаку не треба да се наметнува дека СДСС се Комунисти
Не, не се Комунисти. Тие се Комуњари. Но не треба да заборавиме дека тоа е КПМ (или по нивно СКМ)
со променето име. Целиот имот на КПМ тие го наследија (присвоија).
 
Последно уредено од модератор:
Мислам дека имаше тепачка пред 4-5 години во Мистик во Штип, каде што тој ја почнал и тој тепал. Па полицијата беше немоќна да направи нешто. Памтам уште беа дпсмне и паторот на власт.
Иначе ова дете на Фрчко му е од првиот брак.
Фрчко Сениор 2 пати удираше луѓе, еднаш за паркинг, еднаш деца/студенти кога на улица го прашаа нешто во стилот на Шаше Проливтико, само многу покултурно.
И не знам дали нешто сносеше како казна. Не верувам. Е мене да ми се погоди во таква ситуација, да тргне на мене... мислам дека би го газел.
 
Не, не се Комунисти. Тие се Комуњари. Но не треба да заборавиме дека тоа е КПМ (или по нивно СКМ)
со променето име. Целиот имот на КПМ тие го наследија (присвоија).

Точно; комунистите барем се водеа од некаква утопистичка идеологија (која знаеме како заврши и пропадна), ама барем имаа некакви идеолошки начела у гла‘ата кога владееја и делуваа.

Комуњарата нема ништо идеолошко во себе, така да за неа сите можности се отворени, без никакви морално-етички „пречки„ и начела...

Тоа што комуњарата се гледа за наследник на комунистите, не мора да не‘ замајува.
 
Не е точно.
Симпатизери или некои прото движења постојат далеку пред ВМРО.

Инаку интересен факт; многу обиди на работниците (подржани од социјалисти/комунисти од мкд па и од надвор, софија, атина итн) за добивање на некои права се загушени директно од одредени "комити", "војводи" и останати "дејци" кои работеле за било кој царски двор, се е евидентирано.

Организација која искрено се бори за Македонија нема од после Илинденското востание.
не разбрав, што не е точно? (каде реков дека немало движења и пред ВМРО????)
Не постои ВМРО Обединета? или
Не е од таа иста ВМРО-Обединета настанато комунистичкото движење???
...за кој дел или за целиот мој коментар велиш дека не е точно! (моите сознанија се од „Документи за борабата на Македонците ....“ дво-томно издание од 1981г., бидејќи има повеќе години како ги прочитав може нешто да утнам, а твоите од каде се? ...ме интересираше историјата но аргументирана со факти, кој аргумент го спориш?)
Не е доволно само да се рече дека не е точно треба да се рече кој дел не е точен или намерата ти беше само да речеш дека лажам како и многу други, а кога подоцна ќе ви залепат етикета се лутите.
 
Точно; комунистите барем се водеа од некаква утопистичка идеологија (која знаеме како заврши и пропадна), ама барем имаа некакви идеолошки начела у гла‘ата кога владееја и делуваа.

Комуњарата нема ништо идеолошко во себе, така да за неа сите можности се отворени, без никакви морално-етички „пречки„ и начела...

Тоа што комуњарата се гледа за наследник на комунистите, не мора да не‘ замајува.
комуњарата е нешто најлошото што може да биде за Македонија и македонскиот народ, на жалост испикани се во сите пори на опшеството, дури и на форумов.
 
Точно; комунистите барем се водеа од некаква утопистичка идеологија (која знаеме како заврши и пропадна), ама барем имаа некакви идеолошки начела у гла‘ата кога владееја и делуваа.
Комунистичката идеологија беше многу добра. Само беше во раце на погрешни луѓе. Маркс не проценил дека луѓето имаат огромен газ.
 
Новава министерка втор работен ден одма ребаланс на буџет, так - так, нема лабаво.
Демек, таа одлучила. :)
Автоматски споено мислење:

Комунистичката идеологија беше многу добра. Само беше во раце на погрешни луѓе. Маркс не проценил дека луѓето имаат огромен газ.
Добра како приказна. Нема врска со реалноста. А и не е демократска.
 
Не, не се Комунисти.
Па нормално дека не се комунисти, тие се Северџани, мислев дека тоа го расчистивме ама гледам дека сеуште има нејаснотии.
Партија или група составена од квислинзи, криминалци и хоштаплери, шарени лубриканти и друг вид изроди по дефиниција не може да биде комунист!
 
Ќе остане...Од сусамот!

Исто колку што ќе им остане од продажбата на системот „Бор„ на Кинезите или од продажбата на изворите на минерална вода...

На моменти се прашувам-која будала распродава државни богатства на белосветски багабонти, очекувајќи од нив милост во облик од ситна рента? Се чини дека корипуцијата не познава граници па допира до секој висок државен чиновник, кој е склон кон земање мито, на национална штета, а на своја лична корист.
Автоматски споено мислење:




Inglourious Basterd,

покојниот Момир Булатовиќ има една колкумна од пред пар месеци, во која го покажува парадоксот на пресметување на производите од странските фирми („енклави„) како дел од домашниот БДП во Монтенегро.

Ликот го нарекува тоа пресметување прилично духовито: „креативна статистика„...:icon_lol:...при што оствареното прозиводство од странските фирми, кои не се интегрален дел од домашната/нивната економија, се пресметува како домашен производ па дури и како производ во зголем обем!

Аирлија работа!

За загубите кои државата (читај: сите ние!) ги плаќа на странците во одбик од разно-разни субвенции и поволности, да не прајме муабет!

Еве, јас со години слушам дека извозот од нашите ТИРЗ-ови расте од година во година, ама од тој извоз јас немам никава корист во облик од покачена плата!

Се надевам дека ќи ни продразјасниш зашто...
Автоматски споено мислење:



Па поверојатно е дека ги замолчаа....На „соодветен„ начин.

Ако продолжеше динамиката на постепено објавување доверливи записи и документи како и до сега, ќе стигнеше и IQ33 на ред за притвор.
Види Мики, комунизмот не ни чинеше оти, меѓу другото, сите фирми биле државни, немало приватна иницијатива, не чинело планирано производство..... Тоа е тоа. А поголема плата нема да ти даде никој, без разлика дали е наш или е странец, тој е капиталист и него го интересира профитот, со што помалку трошок да направи поголем профит. А твојата плата му е трошок, дали газдата се вика Свето, Сем или Сафет е сеедно, сите те книжат како трошок и гледаат да поминат што поевтино. Никој нема да ти даде повеке отколку што мора, колку што диктира пазарот на трудот. Зголемениот извоз од ТИРЗ-овите или од било каде, нема никаква директна врска со твојата плата оти ќарот од тој извоз е на твојот газда а не твој. Зголемениот извоз врз твојата плата има само индиректно влијание преку пазарот на труд на тој начин што тој зголемен извоз бара зголемено производство а тоа пак бара твојот газда да ангажира повеке Микевци, Лазаревци. Е кога на пазарот на труд ке нема доволно ,,роба од типот Мики и Лазар,, која му треба на капиталистот тогаш тој ке ја зголеми платата за да не му избегаат кај конкуренцијата а и за да има заинтересирани нови работници. Најдобар пример за ова ти е Кавадарци. Во Кавадарци во моментов практично нема невработени и ако ти треба работник мораш да му дадеш плата поголема од таа што сега ја зема или мораш да му ја зголемиш за да не ти избега. Истите газди, со истите профити, до пред некоја година кога невработеноста беше сеуште висока, даваа двапати пониски плати, а сега со исти профити даваат два пати повисоки плати...
 
Демек, таа одлучила. :)
Автоматски споено мислење:


Добра како приказна. Нема врска со реалноста. А и не е демократска.
Ѓорѓи па нели за секој предлог кој оди пред Собрание треба одлука на влада, значи способнава предложила влаадата прифатила а сега и .... пратеници чее прифатат, глеаш колку е едноставно.:pos:

За приказната си во право не може некој да се мајтапи со реалноста, а особено не со демократија, ние сме на патот кон ОТАН и ЕУропска и ништо не може да не попречи во тоа, ова што се прави се само ниски ударци врз нашата рекет-демократија!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom