MIKI1
Поставувач на неодговорени прашања.
- Член од
- 10 јануари 2008
- Мислења
- 20.396
- Поени од реакции
- 3.398
Начелно си во право па еве и едно мало дополнување од моја страна.Има 2 случаи, дали ти или твојата фирма работи во/со тие странски инвеститори, или работата на тие фирми придонесуваат за подобрување на економијата. Ако ти работиш во таква фирма, или твојата фирма каде што работиш директно работи и добива пари од таква фирма, пак влијае директно на твојата плата.
Од друга страна, такви фирми вработуваат работници кои добиваат плати, па тие плати ги трошат во продавници, за комуналии, ресторани... мислам дека плаќаат персонален данок, па индиректно влијаат врз џебот на целокупното население... демек, се вртат нивните пари во државата. Грубо кажано, економистите би требало подетално да објаснат.
Странските инвестиции (зборувам за Севердонија...) подразбираат:
- добивање готова инфраструктура (пристапни патишта, инсталациони приклучоци...),
- добивање/најмување земјиште на децениски рок за багатела,
- користење евтина домашна работна рака, енергија и евентулано некои репро-материјали.
Странскиот инвеститор соработува (!) со домашни фирми само во почетокот од инвестицијата, додека објектот се гради на парцелата/земјиштето па тоа повлекува ангажирање на домашната градежна оператива.
И тоа е се‘!
Штом странецот почне со производство, целото (производство), засновано на речиси целосен увоз на репро-материјали, се извезува, така да странецот не е интегрален дел од домашната економија и само ја исцрпува, а се‘ извезува и наплаќа по белосветски цени, а на домашната евтина работна рака и‘ нуди плата која е нешто (ако е!) повисока од домашниот просек.
Така, главнината од заработката се „претура„ надвор од земјава, преку банкарски канали, а „дома„ останува само ситнежот, во облик од плата (која не е моја) и во облик од некој придонес (ако истиот не го плаќа државата, т.е. сите ние од џебот).
Ете зашто странските инвестиции не го полнат мојот џеб; затоа што не се дел од домашната екомонија, туку, како што претходно наведов, се работи за економски „енклави„, кои се во релација само со своите матични фирми, не со домашните.
Сосема спротивен случај се Кинезите, кои имаат поинаков однос кон странските инвеститори па токму од тој однос, Кинезите имаат реална економија, која се одразува реално на нивните приходи, кои растат на годишно ниво‘ со за нас незамисливи проценти...
Последно уредено: