Реално ова на ПСЖ беше неочекуван потег и може да се каже дека е повеќе за престиж отколку стварно што им треба играч како Икарди.
Имаше и претходно муабети колку е самобендисан Икарди, а сега ќе игра со уште посамобендисани играчи кои се тепаат кој да шутира пенал.
Во Интер шутираше пенали, беше капитен, за 2-3 сезони плус ќе имаше статус на легенда.
Па Интер е мајку му, не е Сампдорија.
За него можеби е потпис за подобар клуб во моментов од поглед на финансии и популарност, но никако не е подобар клуб за он да се развие и да стане топ играч. Иако донесен како големо засилување, сите се прашуваат дали воопшто ќе биде стандарден првотимец ако се знае дека таму нападот е веќе формиран.
Сума сумарум, Интер се отараси од лоша енергија во соблекувалната и се надевам дека ќе се случи истото што и со Ибрахимовиќ кога не напушти за побогат и попопуларен клуб.