Со оглед што заврши трансфер пазарот, можеме да даваме оценки за него. Од мене имаат 6/10 и тоа едвај. По мое мислење, ова беше лето кога требаше да искористи прозорецот, кои некои позитивни околности го отворија, за да се искачат едно скалило погоре и да дојдат во категорија на клубови кои играат за титули. За да има смисла и ангажирањето на Конте и целиот бизнис циклус од претходните две години. За жал, неможам да кажам дека трансфер тимот си ја заврши својата работата работа целосно. Тимот е подобрен, ама недоволно за сам да си ја одлучува судбината. Ако сакаат титули сезонава, ќе мора да чекаат конкурентите да потфрлат и да асистираат. Ако Јуве и Наполи, особено Јуве, си го задржат нивото, многу тешко ќе се држи чекор со нив и следната година ќе биде уште потешка за квалитативно да се стигнат. Затоа требаше сега да се удри.
Најголемиот проблем останува, тој што се влечка со години наназад, средината на терен. Тука требаше име што гарантира квалитет, што гарантира определен стандард на перформанси. Тука требаше да биде главната инвестиција. Сега се во ситуација да чекаат некој од Сенси и Барела да го направи тој скок во квалитет, што е секогаш поризична варијанта од инвестирање во гарантиран квалитет. Овој дел од теренот е многу тенок. Што ме носи до следната замерка. Давање без пари на Наинголан, во ситација кога таков играч не се купува. Не ни мораше да игра како првотимец, како опција од клупа ќе беше сосема добар, наместо да го плаќаш да игра за друг тим. Вака прва резерва е Гаљардини, глупост. Генерално излезните трансфери беа лошо менаџирани, давање по позајмици на секој играч кој замина.
Понатаму Алексис без опција за откуп, што е комплетно неповолно за Интер. Или типот ќе биде промашај, или ако биде успех, зголемување вредност на asset на Јунајтед, што може да го тргне играчот од досегот на Интер. Сите играчи се купени по пазарна вредност, никаде не добија попусти. Се на се, далеку од совршено, а тоа им требаше ова лето.
Ако клубот оствари некои резултати над очекувањата, тоа ќе биде благодарение на Конте. Он ќе треба да го изнесе на грб товарот за сезонава, што е многу неблагодарна ситуација, особено за тренер на Интер.
За целите за сезонава, не знам што да кажам. Се под трето место е апсолутен неуспех. Јас чекам 2 место, со под 10 бода заостанување во однос на прво место. Иако, прв пат после долг период верувам дека можат и до титула. Најмногу бидејќи Наполи и Јуве не импресионираат. Меѓутоа, факт е дека е long shot.
Не може да очекуваш преку ноќ да земеме 50 класа играчи и сместа да станеме Барселона и Манчестер Сити во светот на фудбалот, едноставно невозможно е. Друга ствар е што јас лично повеќе сакам да станеме екипа како Ливерпул, без супер ѕвезди до успеси. Конте мислам дека и те како може да испорача такво нешто, веќе со Јуве и Челзи го направи тоа во услови кога беше аутсајдер во лигите каде што се натпреваруваше.
Сериозен си за Раџа? Гомното што јавно кажа дека за инает ќе предизвикува немир во соблекувална за да си оди од Интер? Гомното што секој втор ден е пијано и се коцка? Очи да не му видам веќе во тимов, никад више да не облече дрес на Интер.
Како тоа Алексис без опција е неповолно за Интер? Свесен си дека едниот дел од платата (40 или 50 проценти, не сум баш сигурен) ќе му ја плаќа Јунајтед? Свесен си дека Алексис е играч кој 2 години нема гол дадено (така иде зборот) и дека е скроз потонат? Колку да му стават опција, 60м и после Марота да биде крив ако Санчез допотоне и кај нас? Таман си е позајмицата не заебавај. За Конте и пласманот подоле ќе пишам.
За се се слагам со
@loophole освен за 2 нешта:
- Делот кај Икарди, за жал многу малку знаеме, го знаеме само она што ни дозволија, а најбитните ствари се дешаваат помеѓу затворени врати. Јас мислам, it's a long shoot, дека Марота оваа фрка ја има свесно направено бидејќи и претходно не го сакаше Икарди во Јуве (демантирана Ванда хехе), а сака да го усреќи новиот тренер и својот пријател Конте со Лукаку, а само за еден очигледно имаше место. Сигурно не сакал вака да тргнат работите, можда му излегле од контрола, ама не би бил маг ако не планирал нешто. Тука може да ја тегнеме на долго на широко ко што вика луп, најверојатно никад нема да дознаеме што точно го направил тој тригер кај Икарди да одбие да игра, а и секако играч што не е посветен 100% подобро и да го немаш во тимот, му требаше тој кулинг период...
Каква глупост еј.......... Абе каков Конте какви желби какви бакрачи, па Конте не ни беше тренер во февруари бе Бене, зошто и тогаш го казнуваа Икарди? Не е ниту Конте а ниту Марота будала да трга класа напаѓач од тимот за да донесе друг напаѓач. Си има причини поради кои се деси све ова со Икарди така да ништо не планирал Марота него самиот Икарди со тоа коњот што го чува дома си ги направија фрките. Нормално дека во таква ситуација ќе реагира Марота и ќе носи негова замена.
Така да квалитетот на поединецот не е ништо во споредба со уиграноста на колективот.
@loophole Овде ќе го продолжам тоа што почнав да го пишувам погоре. Апсолутно се слагам со напишаново што го цитирав. Мене не ми требаат 10 класа играчи во тим ако секој од нив носи его колку Монт Еверест и нема никаква хемија во соблекувалната. Како што реков погоре Конте првата сезона со Јуве беше тотален андердог, првата сезона со Челзи беше 3 или 4 фаворит за титула, а на крајот убедливо ја освои. Гледам и фановите на Јуве, а и некои наши фанови ме/не цитираат со ова биткава за титула, пошо реков дека Интер ќе се бори за титула годинава. Да појасниме малце, на хартија Интер нема посилен тим од Јувентус, факт, ама дали секогаш хартијата пресудува? Не. Серија А е лига со 12-13 слаби тимови, односно екипи кои ако си доволно дисциплиниран ги добиваш лесно и без многу замаранции. Спалети додека ни беше тренер ние се тресевме и на таквите екипи, со Конте се надевам дека се тоа ќе биде искоренето, впрочем првите два меча се доволен приказ. Е сега во таква ситуација па зошто да не се надеваме на титула? Јувентус последниве 7-8 години еднаш имаше вистински конкурент за титулата, односно битка, пред 2 сезони со Наполи. Све останато освојуваше убедливо, а реално лесно е кога немаш притисок од никого, нема дишење во врат, нема притисок за освојување бодови, знаеш дека си шампион и тоа е тоа. Да бидеме ние екипата што барем малце ќе ги притисне, што ќе им дише во врат ако ништо друго, што да не нели... Пак ќе кажам, да не се сфатиме погрешно, очекувам битка за титулата али и второ место нема да е неуспех туку ќе значи чекор напред за тимов кој 2 сезони по ред во последно коло се пласираше во ЛШ.
Da ne go citiram cel post na loophole, samo za delot deka Juve i Napoli ne impresionirale.. nastrana Juve, ama za Napoli zboris ne impresionirale a faking 7 gola imaat na 2 tekmi i toa protiv Viola i Juve? Ne bi rekol druze..
Ти си во принцип многу глуп. Значи имаш нивоа на глупавост кои идат вака: глуп, поглуп, најглуп, поглуп од најглупиот, па Сладоледџија. Ти си крајното ниво на глупавост, едино твојата глупавост и Универзумот се бесконечни.
7-7 имале гол разлика Наполи и импресионирале, вООООООООООООООВ. А на страна што дечкото збореше за трансферите летово, не за играта, ебате имбецилот.