Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

Член од
16 март 2009
Мислења
2.130
Поени од реакции
183
оригинал ксенонки се над 10 000.А ако сакате ксенонки што светат бело/светло плаво,имате за 300 денара,ама избиваат за недела-дена...
 
Член од
30 јуни 2008
Мислења
493
Поени од реакции
13
Ја колку што знам ксенонот не се препорачливи освен ако не се од фабрика затоа што многу повеќе струја влечат, но ако од овластениот сервисер дозволуваат тогаш е друга работа, иначе вака на диво не би ризикувал :toe:
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Абе нејќум цели фарови :pos2: само сијалички ... вакви добри ли се осрам cool blue ?

Тоа што ке го добиеш со angel eyes неможеш да го добиеш со обични сијалици.

Плавите имаат некој ефект но се далеку од angel eyes. A мислам дека се забранети и може некој како данџн мастер (а.к.а. цајкан) да те малтретира. Информирај се повеќе за тоа.
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Со тие вонаби ксенон, лешинарија нема да го замара, ама нема ништо да гледа пред него.
А со ксенон, инсталиран како што треба, со сите пропратни тракатанци, и јачина до 55 вати ќе му биде ден...на мравките на патот и сенката ќе им ја види :)
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Ја колку што знам ксенонот не се препорачливи освен ако не се од фабрика затоа што многу повеќе струја влечат, но ако од овластениот сервисер дозволуваат тогаш е друга работа, иначе вака на диво не би ризикувал :toe:
Оди на http://xenon.com.mk/
-> Производи
-> Xenon комплети

ке видиш дека сите понудени комплети имаат јачина од 35 W, а ти (и било кој) на возилото има сијалици со јачина од минимум 55 W (јас конкретно имам 70 W)....

Така да излгеда дека стварно многу повеќе струја влечат обичните, не ксеонот.
 
A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
5.046
Поени од реакции
11.141
Ќе треба и друга ракета за струјата ако ставиш повеќе W.
 
Член од
16 март 2009
Мислења
2.130
Поени од реакции
183
Тоа што ке го добиеш со angel eyes неможеш да го добиеш со обични сијалици.

Плавите имаат некој ефект но се далеку од angel eyes. A мислам дека се забранети и може некој како данџн мастер (а.к.а. цајкан) да те малтретира. Информирај се повеќе за тоа.
ефектот е ист,со angel eyes изгледот е поубав,и е повеќе потенциран изворот на светлината.Тие и се измислени за тоа.за да бидат уабви за око...нема разлика помеќу обично ксенон светло,и ксенон светло во лупа,т.е angel eyes.за тие шо не знаат,лупа е ова подоле на сликава во средина шо е
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
ефектот е ист,со angel eyes изгледот е поубав,и е повеќе потенциран изворот на светлината.Тие и се измислени за тоа.за да бидат уабви за око...нема разлика помеќу обично ксенон светло,и ксенон светло во лупа,т.е angel eyes.за тие шо не знаат,лупа е ова подоле на сликава во средина шо е
Јас имав пишано за разликата помеѓу обични сијалици и ксенон (со или без angel eyes фарови), бидејки Торте имаше постирано некои обични H4 сијалици (халогенки) кои што беа во плаво стакло.
 
Член од
16 март 2009
Мислења
2.130
Поени од реакции
183
Џиш,ти имаш форд,можеби знаеш...како оди цената на половен/нов алтернатор за дизелче како твоето?
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.749
Поени од реакции
12.207
Ако може малку помош во врска со мотор на опел.
Астрата (ц14се 1996) ми ставија воџици на вентили. У ствари направија некој си полуремонт-карики, вентили... такви некои делови сменија. По извесно време почна да чади на палење на ладен мотор. Кога е загреан воопшто не се слуша моторот, ниту дими. Е сега, моторот според повеќе мајстори и продавници е правен (според некои шифри) за германски пазар. Воџици не можат да се најдат, овие беа правени, месингани (има и гусани кај некои коли), но попуштија-според механичарот тие се попуштени, затоа и дими.
Прашањето ми е дали да пробам со гусани (како реагира тој материјал на топлина) или (пошто нема воџици ни овде, ни Грчка, дури и Германија е прашано) да ставам месингани од голф (малку обработени). Разликата од месингани до гусани е што месинганите се "помеки" од гусаните. Според него, гусаните евентуално може да ги избие моторот при работа, не е сигурен во цврстината на тој материјал. А месинганите попуштаат постојано.

Инаку оригиналот според шемите е месинган. Но такви нигде нема.

Некој да не мењал или има искуство со ова? Битно ми е оти едино друго чаре е смена на моторот со друг кој за 300-400 евра сепак би бил нелегален, за таа цена најверојатно краден. Лошо чаре. Не знам што понатаму.
 
Опеловите мотори за генерално се срање. Имаше астра 1.7 дизел во Битола 4 пати со ред ја правеа ремонт, дури последниот пат ја погодија. Или носи ја кај асолен мајстор или менувај мотор. Инаку ке ти чади.

Џиш,ти имаш форд,можеби знаеш...како оди цената на половен/нов алтернатор за дизелче како твоето?
Половен алтернатор е околу 2000-3000 денари зависи како ке го начекаш. Нов... појма немам, можеби 150-200 еврони. Што ке ти е?
 
mmm121

Pentaxian
Член од
27 јуни 2006
Мислења
545
Поени од реакции
21
Половен е од 90-150 а нов мислам дека од 450 нема да го најдеш подоле
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.749
Поени од реакции
12.207
Опеловите мотори за генерално се срање. Имаше астра 1.7 дизел во Битола 4 пати со ред ја правеа ремонт, дури последниот пат ја погодија. Или носи ја кај асолен мајстор или менувај мотор. Инаку ке ти чади.
А да не имаш инфо за која цена може да се најде мотор, легално?
Btw, фала за претходниот одговор.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom