Кој глупости читам не ми се верва

.
1. Споредвате фудбал со ракомет и фузијата на Миравци ви се свртила во глава. Значи споредвате неспоредливи работи.Абе шо се палите за лајкој,тие ојдоа во селата со сила му зедоа Миравци ги уценија за да играт прва лига оти не се Ривер Плата .
Ние ни е ни испаднат клубот, ни некој со сила уценваме ,него се прави единствениот правилен потег.
2. Во овај капиталистички свет и економска моќ не може ниедна балканска држава да има 2 јаки клубови во европски рамки
- Србија 0
- Босна 0
- Црна Гора 0
- Хрватска 1
- Словенија се мачи повремено
Малце подалеку
- Романија 0
- Русија 0
- Данска 0
- Шведска 0
- Норвешка 0
А во Македонија благодарение на Самсоненко банана држава со 200 евра плата имаш Европски Шампион.
Јас не викам дека ни 50% во вакви услови битолски клуб можи да им парира, ама е скроз нелогично Битола да има 2 клуба по ќе си вадат очите, ни финансиски ни по моментален број на жители , ни по еден друг параметар.
Пелистер е име во ракометот Работник во Битола никогаш нема да биди. И е не само правилно него и е единствена опција за спас на ракометот во градот овај потег.
Ни го бранам Циле ,ни сакам да го видам на улица ама за жал само тој се пали од сите тајкуни во Битола на ракомет (а тоа тендери како ги спечалил парите, итн е друга тема, не е за овде)
3. Постарите ја памтат ТЕКА кај по играше Душебаев стариот. Е тој клуб беше и Европски Шампион и газеше во Шпанија ,ама не се викаше Тека,него Кантабрија. Па фабрика ТЕКА го купи клубот и најголемите успеси ги имаше под име ТЕКА, ни К од Кантабрија , мада после тоа праеја додавки- придавки и на крај згасна.
Значи разберете ракометот е спорт за сиромашни држави не се споредва со фудбал во ни еден сегмент.
4. Кај е фузијата,не ве разбирам? Да нелогично е тоа што Пелистер ке игра место Еурофарм во Европа, тоа штом го дозволува ЕХФ значи е легално.
Ама за што фузија.Приватник кој има еден клуб го купува другиот. Значи има два клуба и јас кој играчи сакам таму ќе ми играт.
Тоа е имаш два стана и сега некој ќе ми тупи зошто фотелјата која ми била во станот шо го купив сум ја однесол од стариот стан.
5. Клуб под општина ти е однапред осуден на пропаст. Не само во Битола , туку сегде во државата. Абе тие неможат да се организират да исчистат ѓубрето од улици,не се способни да се организират една улица да асфалтираат , не ќе менаџираат спортски клуб.
6. Децата сега шо растат појма немате за РК Пелистер, растат со Вардар и Металург и ќе растат со Еурофарм , а Вие патриотите кој и дел не сте биле родени 96 пуштајте му клипови на YouTube како се крена паркетот , Ви текнува со Лемго.
7. Вие стручнаците со дресовите!
-Со какви дресој играше РК во Југославија , ај ќе ве остам да побарате на Google.
-Партизан Бјеловар - Пелистер бараж за прва лига , со какви дресој играше Пелистер на гости?
- Пелистер Еурокар со какви дресој играше, во самостојна држава првите години?
Значи ај доста напишав почнаја нерви да ме фаќат. Освен матење празна слама и 1000 страни овде пишење чекајќи реката да протече, децата ќе си мислат дека оние што кога ќе му спомнеш Ракомет одеа на Базен , мислеа се игра во вода , го измислија ракометот, а Вие дрвете ја дали е фузија или не , и зошто дресојте ќе биле плави.
Значи да резимирам :
-Нема ни Ф од Фузија
- дресој дома бели на гости плави , оти гледам нешто сте по историја , па тогаш нека се испрај грешката шо се менаа дресојте во зелено бели.
п.с. Ве молам не ми реплицирајте не планирам да се објаснувам , дали белото е бело , а плавото плаво, Фала Унапред.