Со Сити топка нема да чепнеме реално. Не знам, неможам да се помирам со смешната трансфер стратегија ова лето. Цел Мај зборев како не чека најбитното лето во пост-Фергусон ерата за на крај да го уназадат тимот во целина.
Со кој памет само не ми е јасно влегоа со ваков тим во сезоната, значи јас не викам одма да состават екипа за титула, ама со кој памет одиш со мртва средина и напад составен од Џејмс-Лингард-Рашфорд и Марсијал во нова сезона во ПЛ? Дете на кое и само не му е јасно како се нашло во Јунајтед, Џеси лиглето вечниот талент трчам-како-мува-без-глава Лингард и двајца шпицеви слеш (/) крила кои последниве неколку сезони ги поминаа шалтајќи ги по сите можни позиции напред, а сега треба да ти се лидери во екипата.
Да не се сфатеме погрешно, јас сум да имаш играчи во екипата кои ќе се жртвуваат и ќе дадат се за клубот, ама две прашања: Дали Јунјатед е во ситуација да бира моментално? И дали има една мочана екипа на светов што е составена само и само од такви играчи? Во ред е да ги имаш Флечер и Парк да орат на терен ако другите играчи ти се Сколс, Гигс, Руни и Роналдо... ама вака бееееее?